КАФЕ ПАУЗА

5 одлични дестинации за летање со балон

5 одлични дестинации за летање со балон

Кога мислиме на шарени балони на небото, веднаш помислуваме на Кападокија. Но, постојат и други дестинации каде што можете да уживате во спектакуларен поглед од балон.rn

Серенгети, Танзанија

rn5 одлични дестинации за летање со балонrnrnОд балоните што летаат над националниот парк Серенгети, можете да уживате во глетка достојна за Кралот Лав. Лавови, зебри, слонови, жирафи, нилски коњи – сè е под вас, а вие уживате како да сте на урбано сафари, само во облаци.rn

Сосусвлеи, Намибија

rn5 одлични дестинации за летање со балонrnrnЛетањето со балон над песочните дини со огнени бои е искуство што ќе го паметите до крајот на животот. Летањето може да го вклучува и преминувањето на најголемата и најстарата дина во светот, Дина 7, која се издигнува до 383 метри во височина.rn

Албакерки, Мексико

rn5 одлични дестинации за летање со балонrnrnОвој град е опкружен од прекрасни пејзажи, а секој октомври имате можност да го доживеете тоа од воздух. Имено, тогаш се одржува фестивал на балони и стотици балони летаат во водухот.rn

Баган, Мјанмар

rn5 одлични дестинации за летање со балонrnrnКога балоните летаат над куп храмови чии силуети изгледаат како балони превртени наопаку, добивате совршена панорама. Дури и боите се надополнуваат – зеленилото на дождовната шума, бојата од тули на храмовите, црвените балони и зајдисонцето.rn

Седона, Аризона

rn5 одлични дестинации за летање со балонrnrnТешко е да ги опфатите со поглед моќните карпи на Аризона кога сте цврсто на земја. За среќа, и овде постои можност за лет со балон кој ќе ви даде незаборавен погледи и сосема поинаква перспектива.rnrnПогледнете ги овие фотографии од магичната Кападокија во Турција што ќе ве остават без здив.