rn
21. Пирамидите во Гиза, Египет
rnИзградени помеѓу 2550 и 2490 година п.н.е., овие пирамиди се белег од историјата на древен Египет. Иако искуствата на туристите не се најдобри во изминативе неколку години, а на моменти посетите биле и опасни, важно е да знаете дека безбедноста е зголемена и местото повторно си ја враќа популарноста.rn
22. Малдиви
rnСо некои од најубавите плажи на светот, секоја година илјадници туристи се упатуваат кон овој остров јужно од Шри Ланка.rn
23. Долина на споменици, Јута
rnДолината на споменици се состои од големи зданија од песочен камен кои достигнуваат и до 305 метри.rn
24. Островите Фи Фи, Тајланд
rnИако биле опустошени од цунамито во 2004-та година, овие острови ја задржале нивната надреална убавина. Покрај тоа овде е снимен познатиот филм „Плажа“ (The Beach) со Леонардо Дикаприо.rn
25. Поларна светлина
rnПостојат многу места од каде што можете да сведочите на оваа неверојатна појава. Северниот дел од скандинавските држави, Канада, Алјаска… Ако ви треба нешто навистина неверојатно, овој феномен нека биде на врвот на вашата листа.
Доколку барате поблиска дестинација, погледнете кои се најубавите плажи на Балканот.

