rn
11. Метеора, Грција
rnНадреалните манастири Метеора во Грција првично биле изградени од свештениците како засолниште од турските натрапници. До пред 100 години немало начин да стигнете до нив освен со скали од јаже. Денес има жичара, а можете да се качите и по скалите издлабени во карпата.rn
12. Салар де Ујуни, Боливија
rnЛоцирана во југозападна Боливија, Салар де Ујуни е најголемата солена пустина во светот. Иако можеби зборовите „солена пустина“ нема да ве воодушеват, фотографиите од ова место ќе ви го променат мислењето.rn
13. Преикестолен, Норвешка
rnОваа карпа со висина од 600 метри е одлична за луѓето кои уживаат во епските пејзажи и не им е проблем планинарењето. Постојат многу тури и активности во оваа област, вклучувајќи и фестивал на планинарењето.rn
14. Плитвички Езера, Хрватска
rnСигурно веќе сте слушнале за ова неверојатно место. Плитвичките Езера се 16 разни езерца поделени на повисоки и пониски базени со природни брани од алги и мов.rn
15. 12-те апостоли, Австралија
rnОваа колекција карпи од варовник се наоѓа во националниот парк Порт Кампбел во Австралија и годишно привлекува околу 2 милиони туристи. Овде ви се нудат многу активности, вклучувајќи и летање со хеликоптер.
Продолжува на следната страница…

