Токму малите нешта можат да направат голема разлика. Вратете се на вашето детство. Што од тоа што вашите родители го направиле или ви го рекле, најмногу ве охрабрило? Децата се многу чувствителни и постојаното кажување на вистинските зборови има моќ да го обликува начинот на кој тие гледаат на себе и на светот околу нив. Еве кои 11 работи родителите треба да им ги повторуваат секојдневно на своите деца.
rn
1. „Те сакам“
rnСите деца ја сакаат љубовта на своите родители и тие никогаш нема да бидат уморни од слушањето колку нивните мајка и татко ги обожаваат. Една студија покажала дека жените имаат тенденција да го кажуваат ова почесто од мажите. Затоа, ако сте татко, не плашете се да ги покажете своите чувства и кажете им на вашите деца колку ги сакате!rn
2. „Го ценам твојот труд“
rnЕдно истражување направено на мали деца посочувало на тоа дека кога ќе ги пофалите децата за нивниот труд, а не за добиените оценки, поголема е веројатноста тие во иднина повеќе да се трудат. На овој начин ќе чувствуваат поголемо задоволство од себе, па и понатаму ќе вложуваат повеќе за да остварат одредени цели.rn
3. „Мило ми е што поминувам време со тебе“
rnМногу родители се принудени да вршат повеќе активности истовремено, како на пример одење на работа, вршење домаќински работи и грижење за членовите на семејството. Децата го чувствуваат ова, па го ценат тоа кога нивните родители ќе им дадат до знаење дека уживаат да поминуваат време со нив.
rn
4. „Прекрасен/а си“
rnДецата во денешно време се повеќе под притисок од кога било досега. Тие имаат чести тестови во училиштето, а притисокот да добијат подобра работа е присутен уште од помала возраст. Со тоа што ќе им кажете дека се прекрасни, тие ќе можат похрабро да ѝ пристапат на иднината.rn
5. „Продолжи да се обидуваш“
rnНа децата им е потребна храброст од нивните родители кога тие нема да успеат. Истражувањата покажуваат дека ова е особено корисно и важно за децата кои живеат во полоши средини.rn
6. „Ти си на вистинскиот пат“
rnКога децата не се сосема сигурни дека се на патот да ги остварат своите цели или пак дека се способни да научат нови вештини, тие честопати бараат сигурност во своите родители. Кога едноставно ќе му кажете на детето „Ти си на вистинскиот пат“ можете да го мотивирате во моментите кога тој би сакал да се откаже.
rn
7. „Ти си многу добар/а“
rnЕдни неодамнешни истражувања покажале дека поголема е веројатноста децата да имаат повисоки оценки и академски способности кога чувствуваат дека некој се грижи за нив. Затоа, секогаш кога имате можност кажете им на вашите деца дека тие се добри.rn
8. „Ти си посебен/а“
rnСекое дете е посебно во очите на своите родители, но колку често ги потсетувате дека тие се незаменливи? Без разлика на која возраст и да е една личност, секому му е убаво да чуе дека е прифатен онаков каков што е, без оглед на возраста.rn
9. „Ајде да се забавуваме“
rnДури и кога малку ќе пораснат, на децата одвреме-навреме им е потребна забава. И покрај тоа што е важно да играат со другите на нивна возраст, забавувањето со своите деца е одличен начин за да изградите прекрасни спомени во нивното детство, како и да ја зајакнете врската помеѓу вас.
rn
10. „Ти верувам“
rnДецата сакаат да чувствуваат дека може да ги преземат одговорностите на возрасните. Истражувањата покажале дека она што родителите го очекуваат од децата, најчесто е она што тие им го дале, па на некој начин им го враќаат истото. Затоа, почнете да ги третирате како возрасни за да им покажете како изгледа тоа.rn
11. „Можеш да го направиш тоа, сигурен/на сум“
rnИако светот може да биде сурово место за живеење, родителската поддршка може да направи голема разлика. Децата секојдневно се соочуваат со многу предизвици, без разлика дали тоа е врзување на врвките на своите чевли или пак посета на ново училиште. Поттикот од родителите е важен за да му внесете самодоверба на вашето дете и тоа не само на краток период, туку и во иднина.
Родителството е напорна работа, но доволни се само неколку минути на ден за да го потсетите вашето дете дека е одлична личност, а тоа ќе ви се исплати во иднина. Како возрасни, тие ќе ви се заблагодаруваат затоа што сте им верувале и сте ги поддржувале.

