rn
16. Ангелски Водопади, Венецуела
rnСокриени во џунглата во Венецуела, Ангелските Водопади се неверојатна глетка. Со висина од 984-ри метри, тие се највисоките водопади во светот. Всушност, толку се високи што водата испарува пред да стигне до земјата. Со потребните мерки за безбедност и водичи, вреди да го посетите ова место.rn
17. Ха Лонг, Виетнам
rnСо илјадници островчиња и заливи, Ха Лонг е познат по огромните монолити од варовник што никнуваат од океанот.rn
18. Позитано, Италија
rnСо години Позитано било сиромашно рибарско селце на брегот на Италија. Но туризмот почнал да цути кога во 1953-та година Џон Стајнбек го напишал следново:rn
„Позитано гризе длабоко. Ова е место од соништата што не е баш реално кога сте таму и станува магично реално откако ќе си заминете.“
rn
19. Анкгор Ват, Камбоџа
rnКако најголемиот кмерски комплекс од храмови во светот, Анкгор Ват е навистина уникатен. Неговата архитектура и големина го прават како ниедно друго место на светот. Анкгор Ват се наоѓа и на листата на 7-те светски чуда.rn
20. Бранот, Аризона
rnОваа огромна формација од песочен камен се наоѓа во близина на границата помеѓу Аризона и Јута. Местото е познато помеѓу планинарите поради своите колоритни и необични форми.
Продолжува на следната страница…

