Најубавите плажи на Балканот

Сподели

За да уживате во прекрасните плажи и егзотичните морски пејзажи нема потреба да патувате далеку. На Балканот се наоѓаат прекрасни места на кои навистина треба да им обрнете внимание. Јадранското, Јонското, Егејското и Црното Море го опкружуваат Балканскиот Полуостров и создале некои навистина неверојатни места.rn

Реклама
Реклама

1. Плажа Навагио, Закинтос, Грција

rnОва е најпознатата плажа на Закинтос. Има навистина препознатлив изглед и речиси секој има видено фотографија од неа. Опкружена е со високи карпи, има ситен бел песок, а водата е неверојатна. Најдобро е да ја посетите рано наутро кога нема многу туристи.rn

Реклама
Реклама

2. Плажа Велека, Синеморец, Бугарија

rnОваа плажа се наоѓа на брегот на Црното Море. Рамна е, има бел песок и опкружена е со зеленило. Недалеку од неа има место за кампување. Атмосферата е мирна и релаксирачка, па ова е одлично место за оние кои сакаат да лежат на плажа по цел ден. Покрај чадорите и лежалките, на плажата ви се достапни коктели и храна од баровите.rn

3. Кралска плажа, Црна Гора

rnОва е една од најубавите и најлуксузните плажи во Црна Гора. Името го добила по кралицата Марија Караѓорѓевиќ и изгледа како место достојно за кралско семејство. Долга е 120 метра и е скриена помеѓу маслинки и борови кои ѝ даваат тиркизна боја на водата. За жал, оваа плажа е достапна само за оние кои отседнуваат во луксузните хотели во близина и нејзината посета може да ве чини многу.rn

Реклама
Реклама

4. Дримадес, Дерми, Албанија

rnВо малиот залив крај селото Дерми, на југот од Албанија, се наоѓа можеби најубавата плажа во државата. Погледот е неверојатен, а за ноќните забави задолжени се коктел баровите.rn

5. Плажа Кијикој, Кркларели, Турција

rnАко сакате плажа со помалку туристи, оваа е совршена за вас. Се наоѓа до истоименото село во северозападна Турција. Плажата е опкружена со прекрасни шуми, а овде расте и еден редок вид црн бор.

Aко сакате малку поразличен одмор, погледнете ги најнеобичните плажи ширум светот.

Најново

Може ќе ве интересира