КАФЕ ПАУЗА

Аплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimited

Аплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimited

За еднакви можности на децата и младите со попреченост во дигиталното општество

rnАплицирајте на младинскиот предизвик Generation UnlimitedrnrnУНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади од 14 до 24 години да се приклучат на отворениот повик за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост.rnrnНационалниот повик е дел од младинскиот предизвик Generation Unlimited 2019/20 што се одвива во над 40 земји низ светот и ќе биде отворен за аплицирање до 22 ноември 2019.rnrnПетте најдобри тимови ќе бидат наградени со финансиски средства и менторска поддршка во времетраење од 3 месеци, а двете најдобри решенија од финалето ќе влезат во светскиот избор. Овие проекти ќе имаат можност да добијат дополнителни средства во износ од 10.000 до 20.000 долари, заедно со глобална програма за инкубација од партнерите на Generation Unlimited, за нивно проширување.rnrnАплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimitedrn

Што е дигитална инклузија?

rnДигитална инклузија (е-инклузија, е-вклучување) е користење на информациско-комуникациските технологии за ефективно учество на сите лица (особено децата и лицата со попреченост) во секој аспект на општествениот живот.rn

Што е целта на предизвикот?

rnЦелта на младинскиот предизвик е креирање решенија кои ќе помогнат децата и младитеrnсо попреченост активно да се вклучат во образованието и во секојдневниот живот. Поконкретно, младите иноватори треба да одговорат на предизвикот: Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот?rnrnАплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimitedrn

Generation Unlimited – Младински предизвик

rnПрвиот Младински предизвик се одржа минатата година и се одвиваше во 16 земји низ светот. Победникот на нашиот национален предизвик беше награден како еден од петте глобални победници на предизвикот (заедно со тимови од Пакистан, Тајланд, Зимбабве и Судан).rnrnМинатогодишните учесници го споделија нивното искуство за младинскиот предизвик, погледнете го видеото и дознајте повеќе на www.genunlimited.mk.rnrnGeneration Unlimited – Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ и на Фондацијата Телеком за Македонија се реализира во соработка со СмартАп и Сојузот на извидници на Македонија.