Јапонски ресторан со беспрекорен дизајн

Сподели

Ресторанот „Tori-Tori“ е еден од највисоко рангираните суши-ресторани во Мексико Сити. Пред извесно време беше отворен уште еден нов ресторан во Поланко, Мексико. Градбата е заеднички проект на архитектот Мишел Роџкинд и дизајнерското студио „Esrawe“. Бидејќи новиот ресторан се наоѓа на многу поголема површина, тие сакале тој да остава впечаток на нешто специфично и несекојдневно.Највпечатлив дел од целата градба е можеби самата фасада. Изработена е од два слоја железо, кои претставуваат мрежа, така направена за да потсетува на растението бршлен, кое го има на високата ограда околу ресторанот. Бидејќи „Tori-Tori“ е јапонски ресторан, ентериерот ја отсликува јапонската култура и стил, но не во строга интерпретација. Мебелот за секој дел од просторот е дизајниран според замислата на сопствениците.rn

Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира