Автор: Кристина ЛазаревскаrnrnОтстранувањето на лакот од ноктите за многу жени претставува секојдневна здодевна рутина. И додека на сите ни е познат вообичаениот начин на отстранување со помош на памук и ацетон, ширум светот се промовираше нова метода – тегличка со ацетон како практичен отстранувач на лакот за нокти.rnrn
rnrnСо цел да ви ја олесниме оваа рутина, ви презентираме упатство за тоа како сами да си ја направите оваа супер практична тегличка!rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Тегличка со капаче (од некоја крема или балзам)
- Сунѓер (се препорачува што помек)
- Ацетон
rn011
rn011
rn
rn
rnrnЧекор 1: Сунѓерот исечете го по должина.rnrnЧекор 2: Откако ќе го исечете сунѓерот, двата дела што ќе ги добиете замотајте ги еден околу друг така за да создадете спирален ефект (да наликува на полжав).rnrnЧекор 3: Така свитканиот сунѓер сместете го во тегличката.rnrnЧекор 4: Во тегличката сипете поголема количина ацетон, потребно е сунѓерот да се натопи.rnrn
rnrnИ тоа е тоа! Вашиот нов и практичен отстранувач на лак за нокти е готов. Сè што треба да направите е да го ставите прстот во средина помеѓу сунѓерот и да вртите лево-десно.rnrnКога ќе завршите со нејзиното употребување добро затворете ја тегличката до следното користење.rnrn
