23-иот Голден Драм Интернационален фестивал на креативноста, кој ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2016 година во Љубљана, Словенија, го објави својот финален рок за пријавување: 13 септември 2016. Годинешните кандидати, се едни од највисоко рангираните натпреварувачи за креативни награди, кои ќе бидат оценувани од страна на двајца членови на жири комисија кои се дел од топ 22 интернационално признаени експерти во креативната индустрија.rnrn
rn
“Имам многу големи очекувања. Работата од овој регион е секогаш екстремно прониклива и вешто изработена. Ќе бидам во потрага по револуционерни идеи, идеи кои иницираат конверзација и се егзекутирани со извонредно мајсторство“, изјави Грахам Ланг, Главен креативен директор, Y&R Advertising, за Јужна Африка и Африка, Претседател на жирито за „Најдобро поединечно дело“ на Голден Драм.
rn
rnrnОваа година 23-иот Голден Драм објави голем број на новитети во својата компетиција и тоа во двата натпреварувачки дела „Најдобро поединечно дело“ и Најдобра кампања“ кои комплетно се реорганизирани и ја воведе новата натпреварувачка група „Уловете го локалниот дух“ која беше претставена на кандидатите чии креативни решенија се базирани на локалниот дух од каде потекнуваат. Специјален новитет на годинешниот натпревар е регионалниот Golden Drum Adriatic Awards, отворена за кандидатите од Јадранскиот регион.rnrnЕдвардо Маркез, Главен креативен директор, 180LA, California, Претседател на жирито за Најдобра кампања, во прилог на важноста на фестивалот изјави „Наградата е признание на одлично завршена работа. Тоа е официјално признание. Таа е меморија на агенцијата. Тоа е причината поради која дишеме“.rnrn
rnrnГолден Драм натпреварот и наградите се отворени за сите агенции, огласувачи, дизајнерски и продукциски куќи, медијски компании и други инволвирани во креација и продукција на маркетинг комуникации, регистрирани во следниве земји: Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Беларусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Кипар, Естонија, Финска, Грузија, Грчка, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвиа, Либан, Литванија, Македонија, Малта, Молдова, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Турција, Туркменистан, Украина и Узбекистан.rnrnВлез и регистрација за делегати: OтворенаrnrnКраен рок за пријавување: 13 септември 2016rnrnРан краен рок за делегати: 20 септември 2016rnrnПовеќе за Голден Драм на: www.goldendrum.com