Повеќето луѓе немаат голема почит кон себе, a многу поединци не сфаќаат колку се всушност посебни. Причината за ова е што често постојат луѓе кои ве потценуваат и прават да се чувствувате безвредно и несигурно.rnrn
rnrnВеројатно сте премногу скромни за да си признаете дека сте посебни. Само затоа што не спасувате животи секој ден не значи дека не сте добра личност. Да бидете посебни може да значи многу нешта како волонтирање, помагање на пријателите, слушање на нечии проблеми… Ова се знаците кои ќе ви помогнат да сфатите колку всушност сте посебни.rn
1. Сметате дека секогаш има нешто што можете да го научите
rnНе сте арогантни и ве интересира сè што се случува во светот. Поради ова сметате дека постојано треба да учите нови работи и да ги подобрувате вашите вештини.rn
2 Љубезни сте кон другите
rnКога запознавате нови луѓе или кога се сретнувате со оние кои веќе ги знаете, вие сте љубезни. Немате причина да бидете негативни и не се однесувате кон нив како да се помалку важни. Никогаш не се обидувате да се однесувате како луѓето кои не се смеат или кои се безобразни само затоа што се моќни. Љубезноста и позитивноста ве прават навистина посебни. Немојте да го менувате тоа.rn
3. Ги разбирате туѓите чувства
rnНе знаете како, но кога некој раскажува за неговото животно искуство, кога споделува тајни и чувства со вас, совршено го разбирате што сака да ви каже. Кога некој ќе ви каже дека е добро, знаете ако зад тоа се крие нешто друго. Секогаш им дозволувате на другите да зборуваат за нивните чувства.rn
4. Уживате во музика
rnВашиот мозок е навистина чувствителен на музика. Не само што уживате во неа, туку таа ви е потребна во секојдневната рутина и ви предизвикува длабоки емоции. Емоциите можат да бидат и добри и лоши, но секогаш се интензивни.rn
5. Слушате
rnОва е една од највредните особини. Повеќето луѓе настојуваат да разговараат за себе со часови без разлика што сакаат да кажат другите. Наместо тоа, вие слушате кога некој разговара со вас и сте заинтересирани за неговиот живот и она што ви го кажува.rn
6. Сакате да ги усреќите другите
rnСе чувствувате добро секогаш кога ќе успеете некого да направите среќен. Често поминувате време размислувајќи како да измамите насмевка на нечие лице. Тоа може да биде со подарок, насмевка, изненадување или какво било добро дело.rn
7. Позитивни сте
rnНе само што имате позитивен став кон животот и настаните, вие се обидувате да им го пренесете тој начин на размислување и на другите. Во главно немате предрасуди и мислите дека сите луѓе се добри. Поради ова понекогаш сте повредени и мора да бидете внимателни. Но сепак, тоа сте вие и не треба да се менувате.rn
8. Имате цели
rnТочно знаете што сакате и паметно ги планирате вашите цели. Ги преземате потребните мерки за исполнување на вашите желби и знаете каде сакате да одите. Исто така не им дозволувате на другите да ве обесхрабрат.rn
9. Се осмелувате да сонувате
rnОва значи дека сте амбициозни, дека нешто ви дава моќ да ја зголемите вашата продуктивност и мотивација кога сте соочени со предизвик. Не им дозволувате на пречките да ве сопрат. Не дозволувате ништо да ве исплаши. Не ја губите силата дури и кога некој се обидува да ве збуни и да ви наштети.rn
10. Сакате да патувате и да учите од другите култури
rnВас ве интересираат другите држави, другата архитектура и другиот начин на живот. Сакате да учите од туѓите култури бидејќи знаете колку богати ве прави тоа. Сакате да комуницирате со луѓе кои имаат разни животни искуства од вашите, со луѓе од други друштва, религии и цивилизации, и среќни сте кога ја споделувате вашата култура со другите.rnrnПогледнете и зошто никогаш не треба да се споредувате со другите.
