КАФЕ ПАУЗА

Според науката, луѓето со анксиозност имаат скриени супермоќи

Written by

in

,

Сосема е природно да паничите за нешто што сте го направиле, или нешто што треба да го направите. Секој го чувствува тоа „отчукување на часовникот“ кое трајно е всадено во нашиот ум. Чувствуваме анксиозност при секоја активност, без разлика колку мало и незначајно изгледа. Таа е појава со која живеат сите. Иако не може да се отфрли фактот дека понекогаш е навистина проблематична, ќе се изненадете кога ќе дознаете дека вашата анксиозност ви дава некои супермоќи. Доколку страдате од нарушување на анксиозноста, ова се посебните моќи кои ги поседувате.rnrnspored-naukata-lugjeto-so-anksioznost-imaat-supermokji-kafepauza.mkrn

1. Ви помага први да ја забележите опасноста

rnЛуѓето со ова нарушување се многу посвесни за опасноста која ги демне. Тие се повнимателни и го забележуваат секој негативен знак кој можеби укажува на неволја. Во едно истражување објавено во „European Journal of Psychology“, откриено е дека луѓето со понагласена анксиозност биле првите кои ги забележувале знаците на опасност, како и првите кои реагирале на истите. Па ова на некој начин е добро за вашата, но и за безбедноста на другите околу вас.rn

2. Ви помага да препознаете лага

rnВие постојано сте анксиозни за нешто. Без разлика колку другите се обидуваат да ве убедат нешто, вие нема да го прифатите тоа бидејќи постојано се штитите себеси и саканите. Вие сте внимателни и добри набљудувачи, а ова ви помага да препознаете кога некој ќе ви каже лага. Ако пронајдете барем едно нешто што не одговара со кажаното или со настанот за кој станува збор, вие ќе бидете првите што ќе ја откријат лагата. Можеби ќе ви биде потребна огромна храброст за да го кажете тоа, но тоа е веќе друга тема на разговор. Добро е што тешко можете да бидете излажани.rn

3. Подобро ги разбирате вибрациите на другите

rnЗамислете си дека вашата пријателка ве запознала со нејзиниот вереник минатата година. Но вие сте се чувствувале многу неудобно во негова близина. Вашата пријателка го забележала тоа, но само ви рекла дека сте премногу анксиозни. Подоцна вие сте биле личноста за утеха кога нејзиниот вереник ја оставил или пак, ја изневерил. Ако имате нарушување на анксиозноста, голема е веројатноста да сте се нашле во ваква или во многу слична ситуација. Луѓето со анксиозност ги разбираат вибрациите на другите околу нив. Тие лесно идентификуваат негативни и позитивни фреквенции и можат да ги претпостават намерите на другите.rn

4. Ве прави емпати

rnВие сте личноста со најголема емпатија, и тоа не се грижите само за себе, туку и за сите околу вас. Вие секогаш разбирате низ што поминува некој друг и подготвени сте да помогнете. Во вас луѓето можат да пронајдат вистински пријател, но и странец кој секогаш нуди помош.rn

5. Се зголемува коефициентот на вашата интелигенција

rnСе наоѓате во некоја ситуација и почнувате да се чувствувате многу анксиозно. Постојано анализирате и се обидувате да ги замислите сите можни резултати. А бидејќи сте анксиозни, вие ќе ги пронајдете можностите на кои другите нема ни да помислат. Истражувачите откриле дека луѓето со нарушување на анксиозноста имаат зголемен коефициент на интелигенција и секогаш се попаметни од другите.rnrnЛуѓето со ова нарушување не се оние на кои им е потребен третман, тие треба да бидат сакани и ценети. Тие се можеби најсилните луѓе и можат да постигнат многу во нивниот живот. Гледајте ја позитивната страна на ова нарушување и најдете начин како најдобро да го искористите за своја корист.rnrnДали знаете која е разликата помеѓу анксиозност и паничен напад?