Докажано е дека непромисленото и незаштитеното изложување на сонце е штетно. Дури 80 проценти од сите оштетувања и стареења на кожата се поврзани со прекумерно изложување на сонце. Најчестите ефекти на сонцето врз кожата се манифестираат со изгореници кои настануваат по прекумерно изложување на сонце.rnrn
rnrnМалите изгореници од сонце се карактеризираат со црвено и болно затегнување на кожата кое се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. Во текот на следните 24 часа болката и црвенилото се поизразени, а по неколку дена кожата може да почне да се лупи. Во продолжение прочитајте кои домашни лекови можат да ви помогнат да се справите со изгорениците од сонце!rn
Витамин Ц
rnОвој витамин полн со антиоксиданси ги смирува изгорениците предизвикани од УВ зрачењето, а истовремено ја подобрува еластичноста на кожата и го стимулира производството на колаген. Користете серум на база на витамин Ц или во лажичка вода или гел од алое додадете прстофат витамин Ц во прав.rn
Кефир
rnДобрите бактерии од кефирот се одличен избор за смирување на оштетената кожа, а млечната киселина нежно ги отстранува мртвите клетки. Измешајте 2 лажици кефир, 2 лажици овесна каша и 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон. Оставете го препаратот да отстои еден час пред да го нанесете на кожата. Оставете да делува 5-10 минути и исплакнете.rn
Краставица
rnВисоката содржина на вода и витамини го прави овој зеленчук одлична подмладувачка состојка за нега на сите типови кожа. Измешајте половина краставица со две лажици гел од алое и ќе добиете универзална летна помада за нега на целото тело после сончање.rnrnОткако прочитавте кои домашни лекови можат да ви помогнат при справување со изгореници, можеби ќе сакате да прочитате и кои етерични масла кои ги смируваат изгорениците од сонце.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
