Смудито е едноставно незаменливо кога станува збор за здрава исхрана бидејќи е практично, лесно се прави и содржи многу хранливи материи кои ни се потребни. Доколку, пак, сакате да го искористите и за одржување на телото во топ форма, можете да додадете во него ѓумбир и зелен чај.rnrn
rn
Ѓумбир
rnЃумбирот го стимулира метаболизмот и ги согорува калориите. Го контролира апетитот и го намалува чувството на глад и може значително да ги намалите мастите во вашето тело. Можете да го комбинирате со овошје како банани, ананас и јагоди. Додадете течност, како јогурт или сок од портокал и измешајте додека смесата не стане хомогена.rn
Зелен чај
rnЗелениот чај содржи антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот и ги топат мастите. Со текот на времето, согорувањето маснотии и поголемата потрошувачка на калории може да го намалат салото во пределот околу стомакот.rnАко не сте сигурни како да го вклучите зелениот чај во вашите рецепти за смуди, можете да започнете со мача во прав. Можете да употребите бадемово млеко, зрели банани, малку мед како засладувач и секако квалитетна мача во прав. Можете исто така да користите сварен зелен чај како течност наместо мача во прав и да вклучите состојки како авокадо и спанаќ за супер здрав пијалак од зелен чај.rnrnИако зелениот чај и ѓумбирот можат да бидат корисни, сепак овие две намирници не се магични состојки кои ќе ви го отстранат вишокот килограми преку ноќ, но се одличен додаток во вашата исхрана.rnrnОткако прочитавте кои состојки треба да ги додадете во вашето смуди ова лето, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 совети за здраво слабеење и фит изглед.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
