Дали барате нешто што благотворно ќе влијае врз вашето здравје, а истовремено ќе ви помогне во борбата против вишокот килограми преку согорувањето масти додека спиете?rnrn
rnrnИако прејадувањето навечер не е пожелна опција, експертите се согласуваат дека не треба да легнувате гладни. Доколку се чувствувате гладни, можете да консумирате храна богата со протеини. Истражувањата покажале дека консумирањето 30 грама протеини приближно 30 минути пред спиење може позитивно да влијае на метаболизмот.rnrnАко не сте љубител на сирење, пак, не грижете се, има многу други протеински опции, од тофу, до тврдо варени јајца, па дури и грст бадеми. Ова ќе ве држи сити во текот на ноќта, додека храната ќе ви ја даде потребната енергија за зајакнување на метаболизмот и за согорување на мастите.rnrnБадемите и оревите се, исто така, одлични опции бидејќи содржат многу добри масти, а се и добар извор на протеини и витамини и минерали (витамин Е, селен, магнезиум).rnrnСепак, запомнете дека најважните работи се урамнотежената исхрана и физичката активност во текот на целата година. Експертите советуваат доволен внес на посни протеини, интегрални житарки и многу зеленчук кои ќе ве заситат, а истовремено ќе помогнат во борбата против килограмите.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите вишокот килограми, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Овие намирници ги согоруваат мастите додека спиете!
