КАФЕ ПАУЗА

Category: Храна и пијалаци

  • Домашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витамини

    Домашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витамини

    Сувото овошје е полно со хранливи материи, влакна, витамини и минерали, оревите се богати со протеини, омега 3 масни киселини и магнезиум, бадемите со антиоксиданси, а семките од тиква содржат здрави масти кои благотворно делуваат на здравјето на срцето и коските. Комбинацијата од овие неверојатни природни намирници може да биде одличен домашен лек за зајакнување на имунитетот. Се зема по една лажица наутро, по можност на празен стомак, а комбинацијата од споменатите хранливи состојки ќе ви помогне да го започнете денот полни со енергија.rnrnДомашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витаминиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 30 грама ореви
    • rn 011

    • 30 грама бадеми
    • rn 011

    • 15 грама семки од тиква
    • rn 011

    • 25 грама суви кајсии
    • rn 011

    • 4 урми
    • rn 011

    • 25 грама сува брусница
    • rn 011

    • сок од 1 портокал
    • rn 011

    • 200 милилитри врела вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПрелијте ги со 200 мл зовриена вода урмите, кајсиите и брусницата. Оставете ги да отстојат 15 минути, исплакнете и исцедете ги. Сите горенаведени состојки ставете ги во блендер и додадете го сокот од портокал. Мешајте додека не добиете еднолична смеса, префрлете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер.rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт за зајакнување на имунитетот, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за розево месечево млеко кое го зајакнува имунитетот и го подобрува сонот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Вкусно и здраво: Рецепт за тиквички со јајца и пармезан

    Вкусно и здраво: Рецепт за тиквички со јајца и пармезан

    Доколку сте љубител на тиквичките, морате да го испробате овој рецепт кој претставува здрав, лесен, но и превкусен оброк. Совршениот спој од вкусови се должи на комбинацијата од тиквички, сирење и јајца. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!rnrnВкусно и здраво: Рецепт за тиквички со јајца и пармезанrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 тиквички
    • rn 011

    • 4 чешниња лук
    • rn 011

    • 7 јајца
    • rn 011

    • 4 лажици растително масло
    • rn 011

    • 150 грама пармезан сирење
    • rn 011

    • 1 кромид
    • rn 011

    • 2 лажици босилек
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСитно исечкајте ги кромидот и лукот, а тиквичките сечете ги на тенки прстени. Пропржете го кромидот, а потоа додадете ги лукот и тиквичките – мешајте уште 3 до 5 минути. Изматете ги јајцата и додадете босилек и половина од пармезанот. Со оваа смеса прелијте ги тиквичките. Сето тоа префрлете го во огноотпорен сад за печење, намачкан со масло, а одозгора посипете го преостанатиот пармезан. Печете 10-15 минути на 200 степени целзиусови. Послужете додека е топло со кисело млеко. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени тиквички со сирење и ракчиња.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Рецепт за ликер од јагоди и бозел: Уживајте во вкусот на пролетта во текот на целата година!

    Рецепт за ликер од јагоди и бозел: Уживајте во вкусот на пролетта во текот на целата година!

    Почнува сезоната на јагоди, која, за жал, трае кратко, а сигурни сме дека многумина од вас смислуваат различни начини како да ги зачуваат што подолго и на тој начин да уживаат во нив колку што е можно подолго. Од замрзнување, до подготовка на мармалади, џемови и компот, изборот е навистина голем. Сепак, денес ви предлагаме рецепт за ликер од јагоди и бозел кој не само што можете да го пиете како аперитив туку можете да го користите и како прелив за десерти.rnrnРецепт за ликер од јагоди и бозел: Уживајте во вкусот на пролетта во текот на целата година!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 килограми јагоди
    • rn 011

    • 20 цветови од бозел
    • rn 011

    • 1,5 литри ракија
    • rn 011

    • 4 децилитри сируп од бозел
    • rn 011

    • 1 килограм шеќер
    • rn 011

    • цимет и каранфилче, по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Јагодите и сите останати состојки префрлете ги во голема тегла.rnrn2. Измешајте ја содржината и оставете ја три недели на топло место или сончев дел од прозорецот. Мешајте повремено.rnrn3. По три недели, исцедете го и чувајте го ликерот на темно и ладно место. Доколку сакате погуст ликер, испасирајте дел од јагодите и измешајте ги. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен и миризлив ликер од аронија.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Домашен рецепт за прочистување на организмот: Потребни ви се само 3 состојки!

    Домашен рецепт за прочистување на организмот: Потребни ви се само 3 состојки!

    Во денешно време постојано сме изложени на токсини од воздухот што го дишеме, а дополнително го оптоваруваме организмот со адитиви и други штетни состојки од преработената храна што ја консумираме. Сето ова доведува до зголемена концентрација на токсини и тешки метали, кои нашето тело не успева да ги елиминира. Кога телото повеќе не може да ја толерира количината на штетни материи, тој испраќа аларм во форма на сериозни болести.rnrnДомашен рецепт за прочистување на организмот: Потребни ви се само 3 состојки!rnrnЗа да го решите тој проблем, правете детоксикација на организмот најмалку двапати годишно. Добрата вест е дека детоксикацијата не мора да биде скапа. Според рецептот на нашите баби, сè што ви треба за ефикасно чистење на телото се овие три состојки: кефир, брашно од хељда и мед.rn

    Кефир – храна за долговечност

    rnКефирот е главна храна на жителите на Кавказ со илјадници години. Овој ферментиран млечен производ се нарекува „еликсир на долговечноста и здравјето“. Познато е дека луѓето кои го консумираат наутро се чувствуваат многу подобро во текот на денот. Кефирот содржи бактерии кои го помагаат варењето и ги чистат цревата од остатоците од храната. Покрај тоа, благотворно влијае и врз работата на црниот дроб, кој е главниот прочистувач на телото.rn

    Хељда – ја консумираат и спортистите

    rnБрашното од хељда е погодно за оние кои се чувствителни на глутен. Ова брашно без глутен е богато со витамини и минерали и има многу корисен ефект врз целото тело. Освен што го зајакнува имунитетот и ги зајакнува крвните садови, хељдата ја поттикнува циркулацијата и доброто варење, што е основен предуслов за исфрлање на токсините од телото. Дали знаевте дека ја користат и спортистите не само за чистење на цревата и телото од токсините туку и за зголемување на силата и издржливоста? Друга предност на ова здраво брашно е тоа што брзо прави да се чувствувате сити.rn

    Мед – вистинска ризница на антиоксиданси

    rnМедот, кој е вистински извор на антиоксиданси и хранливи материи, исто така го прочистува телото, истовремено снабдувајќи го со витамини и минерали.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица брашно од хељда
    • rn 011

    • 180 милилитри кефир
    • rn 011

    • малку мед (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо вечерните часови измешајте брашно од хељда и кефир. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер до утро. Наутро додадете мед и повторно добро измешајте. Консумирајте наместо појадок. После тоа, не јадете ништо најмалку 3 часа. Практикувајте ја оваа детоксикација две недели. Освен што ќе го исчистите телото од токсини, ова ќе ви овозможи и да го изгубите и вишокот килограми на здрав начин.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за прочистување на организмот, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за зелен пијалак за забрзување на метаболизмот и детоксикација на организмот.rnrnИзвор: atma.hr

  • Готов за 5 минути: Здрав појадок со зелено смуди

    Готов за 5 минути: Здрав појадок со зелено смуди

    Денес ви споделуваме неколку совети за зелено смуди – лесен и здрав појадок кој е готов за само 5 минути!rnrnГотов за 5 минути: Здрав појадок со зелено смудиrnrnЗа многумина од нас утрото значи рано станување, брзање на работа, подготвување на децата за во училиште или градинка и подготовка на појадок кој не само што ќе биде брз туку и здрав! Нутриционистите го пронашле идеалниот рецепт за појадок. Станува збор за зелен кашест сок од лиснат зеленчук, полн со витамини, минерали, влакна, хлорофил и амино киселини. За да го „маскирате“ мирисот на зеленчукот, препорачливо е да го измешате зеленчукот во блендер со овошје.rn

    Зелениот кашест сок се одликува со следните придобивки:

    rn

      rn 011

    • вкусен и лесен
    • rn 011

    • полн со витамини, минерали и растителни влакна
    • rn 011

    • брзо се подготвува
    • rn 011

    • сите членови на семејството можат да го пијат
    • rn 011

    • го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите
    • rn 011

    • ја дава потребната енергија
    • rn 011

    • овозможува природно губење на тежината
    • rn 011

    • го подобрува расположението
    • rn 011

    • му ги дава на телото сите потребни хранливи материи
    • rn 011

    • го спречува стареењето на клетките и го намалува ризикот од појава на рак
    • rn 011

    • го нормализира варењето
    • rn 011

    • ја подобрува меморијата, бистрината на умот и концентрацијата
    • rn

    rn

    Дали е здраво да се мешаат овошје и зеленчук?

    rnСте слушнале дека комбинирањето на овошје и зеленчук не е здраво. Но зошто е тоа така? Тоа е затоа што овошјето лесно се вари, додека повеќето зеленчуци содржат скроб, за кој е потребно подолго време да се вари.rnrnПоради комбинацијата на такви некомпатибилни намирници, храната подолго се задржува во стомакот, што може да предизвика надуеност, гасови, а понекогаш и запек. Но, постои еден исклучок од ова правило – зелениот лиснат зеленчук. Не содржи скроб и лесно може да се комбинира не само со овошје, туку и со било кој друг вид на храна. Во продолжение ви споделуваме неколку рецепти за зелено смуди.rn

    Рецепти за зелени смуди со спанаќ

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 банана
    • rn 011

    • 300 милилитри вода
    • rn 011

    • 100 грама шумско овошје (свежо или замрзнато)
    • rn 011

    • 2-3 листови спанаќ
    • rn 011

    • 1 лажица кафеав шеќер или јаворов сируп (по желба)
    • rn

    rnСите состојки се ставаат во блендер и се мешаат 1-2 минути. Испијте го сокот веднаш, во мали голтки. Оваа количина на сок е доволна за 1 оброк за едно лице. Едноставно не можете да погрешите со овој рецепт: има одличен вкус, а и на децата ќе им се допадне. Покрај тоа, можете да го замените шумското овошје со кое било друго овошје (освен лубеница и диња), а наместо спанаќ можете да употребите кељ, салата или друг зелен лиснат зеленчук.rn

    Смуди од зелена салата

    rnПодготовката е иста: состојките се ставаат во блендер и се мелат додека не добиете еднолична смеса.rn

    Боровинки и зелена салата

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • зелена салата, исечкана на коцки
    • rn 011

    • 1 зрела банана
    • rn 011

    • 1 чаша боровинки, свежи или замрзнати
    • rn 011

    • 1/2 чаша манго
    • rn 011

    • 1 1/2 чаши вода
    • rn

    rn

    Цреша и зелена салата

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • зелена салата, исечкана на поголеми коцки
    • rn 011

    • 1/2 чаша боровинки
    • rn 011

    • 1/2 чаша манго
    • rn 011

    • 1/2 чаша цреши без јазли
    • rn 011

    • 1 1/2 чаши вода
    • rn

    rn

    Јагоди и зелена салата

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 чаша јагоди
    • rn 011

    • 2 банани
    • rn 011

    • зелена салата
    • rn 011

    • 1 1/2 чаши вода
    • rn

    rnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог за здрав појадок, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за ова смуди што ќе ви даде многу енергија.rnrnИзвор: atma.hr

  • Вкусен и префинет: Рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканки

    Вкусен и префинет: Рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканки

    Понекогаш, доволна е малку фантазија кога станува збор за готвењето, па затоа денес ви споделуваме рецепт за едноставен, но префинет рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканки. Доволни ви се украсни чаши за десерт за да биде целосен ефектот!rnrnВкусен и префинет: Рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканкиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 400 грама темно (70% какао) чоколадо, ситно сечкано
    • rn 011

    • 200 грама бело чоколадо, ситно сечкано
    • rn 011

    • 200 грама млечна чоколада, ситно сечкана
    • rn 011

    • 4 белки
    • rn 011

    • 250 милилитри шлаг
    • rn 011

    • 250 милилитри врела вода
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • 110 грама шеќер во прав
    • rn 011

    • 125 милилитри виски
    • rn 011

    • 2 лажички кардамон
    • rn 011

    • 3 големи чаши карамелизирани пуканки
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Ставете ги во блендер чоколадото и зовриената вода и мешајте додека не се стопи целосно чоколадото. Додадете ги белките и мешајте додека смесата не се изедначи, а потоа додадете ги шлагот и ванилата. Префрлете ја смесата во чашите за десерт и оставете ја настрана да се излади.rnrn2. Во тенџере на средна температура ставете ги шеќерот, вискито, кардамонот и 60 милилитри вода и оставете да зовријат. Мешајте сè додека не се раствори шеќерот, па варете на тивок оган 10-12 минути или додека малку да згусне. Оставете го садот настрана, додадете ги пуканките и измешајте ги. Додадете ги пуканките во секоја од чашите со чоколадна смеса и послужете. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за лесен чоколаден мус.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Замена за пире од компир: Рецепт за пире од грашок

    Замена за пире од компир: Рецепт за пире од грашок

    Денес ви споделуваме рецепт за пире од грашок кое е совршено како намаз за тост или прилог за печено/пржено месо.rnrnЗамена за пире од компир: Рецепт за пире од грашокrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 300 грама свеж или замрзнат грашок
    • rn 011

    • 25 грама сирење
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • ½ чешне лук
    • rn 011

    • свежо нане
    • rn 011

    • 3 супени лажици екстра девствено маслиново масло
    • rn 011

    • 2 супени лажици сок од лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса.rnrn2. По желба додадете уште лимон, сол и сирење.rnrn3. Послужете како намаз или прилог. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за хумус од сладок компир.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за чоколаден колач со овесни снегулки

    Рецепт за чоколаден колач со овесни снегулки

    Денес ви предлагаме рецепт за вкусен и едноставен десерт, идеален за оние кои не сакаат да поминуваат многу време во кујната.rnrnРецепт за чоколаден колач со овесни снегулкиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 грама овесни снегулки
    • rn 011

    • 500 милилитри топла вода
    • rn 011

    • 3 зрели банани
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 50 грама мелени бадеми
    • rn 011

    • 1 лажица прашок за пециво
    • rn 011

    • 2 лажици шеќер
    • rn 011

    • 30 грама какао во прав
    • rn 011

    • 100 грама темно чоколадо
    • rn

    rn

    Состојки за фил:

    rn

      rn 011

    • 250 грама јогурт
    • rn 011

    • 2 лажици сируп од агаве или друг засладувач
    • rn 011

    • 2 лажици какао во прав
    • rn 011

    • чоколадни трошки (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОставете ги овесните снегулки да отстојат во вода околу 15 минути. Излупете ги бананите, изгмечете ги со виљушка, па измешајте ги со овесните снегулки. Изматете ги јајцата и додадете ги во смесата со овесните снегулки, па додадете ги мелените бадеми, шеќерот, какаото, прашокот за пециво и парчињата чоколадо. Сè убаво измешајте за да добиете еднолична смеса. Намачкајте го со масло садот за печење, па врз него рамномерно распоредете ја смесата. Печете на 180 степени целзиусови околу 40 до 45 минути. Изматете ги јогуртот, сирупот од агаве и какаото во прав. Убаво измешајте со лажица да се соединат состојките, па нанесете го филот врз колачот и одозгора посипете чоколадни трошки. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и едноставниот рецепт за колач со пудинг и банани.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Прсти да излижете: Француски десерт без печење

    Прсти да излижете: Француски десерт без печење

    Денес ви предлагаме француски десерт кој е лесен и брз за подготовка и кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство.rnrnПрсти да излижете: Француски десерт без печењеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 600 милилитри ладно млеко
    • rn 011

    • 500 милилитри шлаг
    • rn 011

    • 100 грама чоколадо за готвење
    • rn 011

    • околу 30 чајни бисквити (во зависност од големината на садот)
    • rn 011

    • 2 кесички инстант пудинг од ванила од 85 грама
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во правоаголен сад ставете еден слој бисквити – еден до друг – така што да го покрие дното.rnrn2. Со миксер мешајте го ладното млеко со инстант пудингот неколку минути додека не добиете цврст крем.rnrn3. Во него додадете половина количина од шлагот. Мешајте сè додека не добиете еднолична смеса.rnrn4. Половина од добиениот крем прелијте го врз наредените бисквити во садот.rnrn5. Покријте го кремот со уште еден слој бисквити и врз нив ставете го остатокот од кремот.rnrn6. Врз тортата ставете уште еден слој бисквити.rnrn7. Ставете го колачот во фрижидер да отстои околу два часа.rnrn8. Остатокот од кремот загрејте го на шпорет (не дозволувајте да зоврие!) и измешајте го со парчињата чоколадо.rnrn9. Намачкајте го изладениот колач со чоколадниот крем.rnrn10. Послужете ја тортата добро изладена. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусна торта со чоколадо и ореви без печење.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Готови за 15 минути: Погачи со парчиња чоколадо

    Готови за 15 минути: Погачи со парчиња чоколадо

    Денес ви споделуваме рецепт за мали погачи кои се одлични за појадок или како слатка закуска со кафе или чај.rnrnГотови за 15 минути: Погачи со парчиња чоколадоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 375 грама шлаг
    • rn 011

    • 360 грама брашно
    • rn 011

    • 65 грама бел шеќер
    • rn 011

    • 1 лажица прашок за пециво
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • парчиња чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте го брашното со шеќер, прашок за пециво и сол.rnrn2. Додадете ги шлагот и екстрактот од ванила.rnrn3. Во смесата додадете парчиња чоколадо по желба.rnrn4. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.rnrn5. На набрашнета површина притиснете и израмнете ја секоја половина со дебелина од околу еден сантиметар.rnrn6. Исечете четири до шест триаголници од секоја половина.rnrn7. Префрлете ги триаголниците во сад за печење и печете во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 15 минути додека не добијат златно-кафеава боја.rnrn8. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусни и посни какао коцки за кои ви се потребни само 3 состојки.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr