КАФЕ ПАУЗА

Домашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витамини

Домашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витамини

Сувото овошје е полно со хранливи материи, влакна, витамини и минерали, оревите се богати со протеини, омега 3 масни киселини и магнезиум, бадемите со антиоксиданси, а семките од тиква содржат здрави масти кои благотворно делуваат на здравјето на срцето и коските. Комбинацијата од овие неверојатни природни намирници може да биде одличен домашен лек за зајакнување на имунитетот. Се зема по една лажица наутро, по можност на празен стомак, а комбинацијата од споменатите хранливи состојки ќе ви помогне да го започнете денот полни со енергија.rnrnДомашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витаминиrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 30 грама ореви
  • rn 011

  • 30 грама бадеми
  • rn 011

  • 15 грама семки од тиква
  • rn 011

  • 25 грама суви кајсии
  • rn 011

  • 4 урми
  • rn 011

  • 25 грама сува брусница
  • rn 011

  • сок од 1 портокал
  • rn 011

  • 200 милилитри врела вода
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnПрелијте ги со 200 мл зовриена вода урмите, кајсиите и брусницата. Оставете ги да отстојат 15 минути, исплакнете и исцедете ги. Сите горенаведени состојки ставете ги во блендер и додадете го сокот од портокал. Мешајте додека не добиете еднолична смеса, префрлете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер.rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт за зајакнување на имунитетот, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за розево месечево млеко кое го зајакнува имунитетот и го подобрува сонот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs