КАФЕ ПАУЗА

Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

Од пустината Атакама чиј состав на почва е најблизок до оној на Марс до најмоќната река во светот, Амазон, како и заборавениот град на Инките, убавините на Јужна Америка не можат да се споредат со никој друг континент.rn

Пустината Атакама

rnПустината Атакама се наоѓа на висорамнина во северниот дел на Чиле и претставува едно од најсушните места во светот. Бидејќи нејзината почва по состав е најблизу до онаа на Марс, НАСА ја користи за различни истражувања и тестови. Малкумина би помислиле дека се карактеризира со богата флора која брои околу 500 видови растенија, а по ретките дождливи периоди се јавува феномен на „цветна пустина“ кога пустината е покриена со шарени цветови.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

Мачу Пикчу

rnЛегендарниот град бил изграден во долината на реката Урубамба околу 1300-та година, но поради страв од напад на Шпанците, Инките го напуштиле во 16 век и ги уништиле сите траги кои водат до него. Тие изградиле импресивни градби без железни алатки, а со оглед на тоа дека Перу се протега на трусно подрачје, овие структури се отпорни на земјотреси. Голем дел од градот на Инките е сè уште неистражен, но доколку патот ве однесе натаму морате да ги посетите Храмот на Сонцето и Храмот на Месечината.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

Амазон

rnСо должина од 6.500 километри и повеќе од илјада притоки, Амазон носи една петтина од вкупното количество вода на сите речни текови во светот. Поради огромното богатство на растителни и животински видови, централното подрачје на реката е под заштита на УНЕСКО. Реката е дом на разноразни животни меѓу кои и алигатори, мајмуни, но и најголемата змија во светот – анакондата.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

Национален парк Los Roques

rnСтанува збор за венецуелски архипелаг со повеќе од 300 острови. Бројните плажи со бел песок и тиркизно море нема да ве остават рамнодушни. Сепак, со оглед на тоа дека Венецуела се карактеризира со висока стапка на криминал и сиромаштија, за ваша безбедност најдобро е да патувате со локална агенција.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rnrnОткако прочитавте за мистичните локации во Јужна Америка, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те причини поради кои вреди да ја посетите Аргентина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr