КАФЕ ПАУЗА

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата

На сите нам ни е добро познато дека Југоисточна Азија изобилува со магични пејзажи кои вреди да ги посетите барем еднаш во животот. Така, не е за чудење фактот дека секоја година илјадници туристи го посетуваат овој регион. Во продолжение прочитајте кои места морате да ги посетите доколку се одлучите на патување во овој дел од светот.rn

Езеро на црвени лотоси – Тајланд

rnКога станува збор за туристички дестинации, североисточниот регион на Тајланд, Исан, е вистински скриен скапоцен камен со оглед на тоа дека повеќето туристи ги посетуваат Бангкок, Пукет и Чианг Маи. Сепак, езерото вреди да се посети само во јануари и февруари бидејќи токму во тој период езерото е полно со црвени лотосови цветови.rnrn5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природатаrn

Национален парк на подземната река Puerto Princesa – Филипини

rnОва чудо на природата било прогласено за национален парк во 1971 година, а 28 години подоцна станало дел од листата на светско наследство на УНЕСКО. Овој парк е особено познат по својата подземна река долга 9 километри која служи како популарна дестинација за еднодневно патување. Покрај тоа, паркот е богат и со разновидна флора и фауна.rnrn5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природатаrn

Планина Кинабалу – Малезија

rnСместена во северниот дел на Борнео, оваа огромна планина е позната по богатството од ендемични видови. Токму поради ова во 2000 година била вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Доколку сте подготвени за авантура, лесно ќе ги најдете патеките кои водат до нејзиниот врв. Но, задолжително морате да бидете придружувани со водич.rnrn5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природатаrn

Комодо – Индонезија

rnИндонезискиот архипелаг е дом на повеќе од 17.000 поединечни острови, меѓу кои и островот Комодо познат по неговите жители, комодски змејови. Станува збор за најголемите гуштери во светот кои можат да достигнат должина и до 10 метри!rnrn5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природатаrn

Лао Цаи – Виетнам

rnДоколку сакате да ја доживеете магијата на прекрасните терасовидни ридови по кои е позната оваа земја, треба да ја посетите провинцијата Лао Цаи која се протега во северниот дел на Виетнам. Освен тоа, не треба да ги пропуштите градовите Лао Цаи и Са Па кои на извонреден начин ќе ви раскажат за убавината и културата на оваа мистична земја.rnrn5 дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природатаrnrnОткако го прочитавте нашиот список со најубавите дестинации во Југоисточна Азија, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те неверојатни места во Виетнам кои вреди да ги посетите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr