Денес ве водиме на прошетка низ најубавите водопади во светот!rn
Викториини водопади
rnВодопадот се наоѓа во јужна Африка, на границата помеѓу Зимбабве и Замбија и е широк преку 1,5 километри со пад од 128 метри. Името го добил по англиската кралица Викторија и има просечен проток од 1 милион литри во секунда. Овој водопад се смета за едно од седумте природни светски чуда.rnrn
rn
Нијагарски водопади
rnСтанува збор за низа водопади кои се наоѓаат на реката Нијагара, на границата помеѓу САД и Канада. Нијагарските водопади се најпознатите водопади во Северна Америка. Низ нив течат околу 110.000 метри кубни вода во минута. Несомнено, се работи за еден од најмоќните водопади не само на американскиот континент туку и во светот.rnrn
rn
Ангелски водопад
rnАнгелскиот водопад е едно од најневеројатните природни чуда што морате да го посетите еден ден. Тој е највисокиот водопад во светот со висина од 979 метри и со слободен пад на водата од 807 метри. Се наоѓа во Венецуела, а интересен факт е дека силните ветрови ја разнесуваат водата при падот, па така таа се менува во магла пред да дојде до земјата. Тоа се должи на големата висина на водопадот.rnrn
rn
Плитвички водопади
rnОва чудо на природата се наоѓа во националниот хрватски парк Плитвички езера и е формирано од низа помали и поголеми водопади кои поврзуваат 16 водопади. Смарагдната боја се должи на присуството на травертин кој настанал под дејство на мовта и алгите. Паркот е дел од листата на УНЕСКО на светско наследство и секоја година е посетуван од илјадници туристи.rnrn
rnrn rnrnОткако прочитавте за најубавите водопади во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за импресивните водопади во Мароко – рај на планините Атлас, во предворјето на Сахара.rnrnИзвор: allwomenstalk.com