Препознатливиот изглед на селото се должи на фактот дека овде сите куќи се изградени од шкрилци.rnrn
rnrnДоколку имате можност да го видите селото Таласнал од далечина, несомнено ќе добиете впечаток дека се работи за место од некои стари разгледници. Ова живописно село се издига на 500 метри во магичната околина на планината Луза и истоимената општина во централните делови на Португалија.rnrn
rnrnОвде куќите се опкружени со бујна вегетација населена со елени, срни, диви свињи како и многу други животински видови.rnrnСтанува збор за најголемото од 27-те места кои се нарекуваат Aldeias do Xisto или села од шкрилци (материјалот од кој се изградени куќите).rnrnИако овде куќите изгледаат старомодно, сепак повеќето од нив се опремени со модерни уреди како резултат на заедничката акција на ЕУ и Португалија за заштита на одредени локации, но и за привлекување туристи како и жители во напуштените делови на државата.rnrn
rnrn rnrnОвде, меѓу другото, ќе пронајдете ресторани и кафулиња кои служат традиционални специјалитети карактеристични за оваа област. Убавината на селото не може да остави никого рамнодушен, а како доказ служи и фактот дека станува сè популарна туристичка дестинација.rnrnОткако прочитавте за ова мало, идилично португалско село, можеби ќе сакате да прочитате и за швајцарското село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни
