КАФЕ ПАУЗА

Запознајте го ова мало шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

Запознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

Кловли, лоцирано во Југозападна Англија, е многу повеќе од обично приморско село. Една од необичните карактеристики на селото е дека единствениот начин за пристап е преку центарот за посетители каде се наплаќа билет од 8,50 фунти за возрасни и 4,95 фунти за деца. Втората особеност е отсуството на автомобили кои се заменети со санки секогаш кога локалното население оди на пазарување.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЦентарот за посетители, отворен во 1988 година и санките кои ги замениле магарињата почнувајќи од 70-тите години на минатиот век се начините преку кои ова село со историја долга 1000 години се обидува да го следи текот на модерното време. Сепак, овде и понатаму продолжува да живее духот на минатото.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСо оглед на стрмните патеки во селото, и денес во Кловли нема автомобили. Нема сообраќај ниту светлосно загадување, но затоа селото се одликува со калдрмисани патеки, мали колиби и чамци закотвени на кејот кој датира од 14-ти век.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЗа локалното население, она што е убаво и уникатно за ова село не се должи само на слатките, мали калдрмисани патеки туку пред сè на фактот дека овде минатото сè уште живее.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСпоред историските извори, во 11 век селото било во сопственост на Вилијам I од Англија, познат како Вилијам Освојувачот. Подоцна, селото преминало во сопственост на сопругата на Вилијам I, Матилда од Фландрија, првата крунисана кралица на Англија.rnrnКловли со векови било инспирација на писателите и уметниците меѓу кои Вилијам Турнер и Чарлс Дикенс. Освен тоа, селото послужило и како една од главните локации за снимање на филмот „Разум и чувствителност“ во 2008 година.rnrnОткако прочитавте за ова мало англиско село, можеби сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.rnrnИзвор: bbc.com