КАФЕ ПАУЗА

Category: Патувања

  • Кој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин?

    Кој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин?

    Тоа што секоја земја има свои сликари кои се познати ширум светот не е ништо ново, но не секоја станала светски позната благодарение на стриповите. Дали некогаш сте летале во авион насликан со стрипови или уметнички дела од познати сликари? Ако одговорот е „да“, голема е веројатноста дека сте патувале со Brussel Airlines.rnrnКој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин? rnrnСекоја година дел од нивните авиони добива посебно „руво“. Досега патниците имаа можност да патуваат со авион насликан со Тинтин, авион со надреалистички мотиви на познатиот сликар Рене Магрит, авион со Штрумфови, како и авион со прикази од ренесансните слики на Брејгел.rnrnКој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин? rnrnСите тие се дел од серијалот „Икони на Белгија“ и морате да признаете дека ова е генијална идеја за туристичка промоција на земјата. Општопознато е дека Белгија го носи епитетот на „земјата на стрипот“: за време на Втората светска војна во Белгија се случила вистинска мала ренесанса на домашната стрип сцена.rnrnКој бил, ќе раскажува: Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин? rnrnДенес, меѓу најпознатите белгиски стрипови се вбројуваат Авантурите на Тинтин, Таличниот Том, Штрумфови и Астерикс, а нивните ликови можете да ги сретнете и по зградите и улиците на белгиските градови.rnrnОткако прочитавте за белгиските авиони, можеби ќе сакате да направите и една виртуелна прошетка низ најпознатите белгиски градови Брисел, Бриж и Гент.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Доба на борба и страдање: Мост во близина на Биг Бен изграден од жени

    Доба на борба и страдање: Мост во близина на Биг Бен изграден од жени

    Мостот Ватерло во Лондон кој можеби и не е толку атрактивен за туристите, овековечен на филмското платно благодарение на филмот Трејнспотинг (Trainspotting), крие интересна приказна. До ден денес кружи легенда дека околу 65% проценти од градежните работници кои работеле на изградбата на мостот за време на Втората светска војна биле всушност жени.rnrnДоба на борба и страдање: Мост во близина на Биг Бен изграден од жениrn

    Ќе се бориме на море, ќе се бориме на копно, ќе се бориме во воздух – со сета сила што Бог може да ни ја даде. Немам што друго да жртвувам освен крв, маки, солзи и пот“, биле легендарните зборови на британскиот премиер Винстон Черчил со кои ги мотивирал Британците да се борат за време на Втората светска војна.

    rnОвој период бил исто така историска пресвртница за жените кои добиле можност да станат дел од пазарот на трудот, додека мажите заминувале на фронтот. Едно од сведоштвата за тоа е токму овој мост кој се наоѓа во срцето на Лондон, на реката Темза во непосредна близина на Биг Бен и кралската палата.rnrnМостот Ватерло не е толку туристички атрактивен, за разлика од Вестминстерскиот како и Ламбетскиот мост. Сепак, тој е од огромно историско значење за градот и е познат како Lady’s Bridge или Женски мост.rnrnКога мажите отишле во војна, жените почнале да преземаат голем дел од традиционалните машки занимања, па така станале дел од светот на индустријата и транспортот. Се проценува дека до 1944 година, околу 25.000 жени биле ангажирани во британската градежна индустрија.rnrn

    Доба на борба и страдање: Мост во близина на Биг Бен изграден од жени
    Daily Herald Archive/Science & Society Picture Library/PA
    rnrnЕден од најзначајните проекти во кој тие биле вклучени била и повторната изградба на мостот Ватерло. Имено, претходниот мост морал да биде срушен заради дотраеност. Освен тоа, имал лоша репутација како место на бројни самоубиства и собири на проститутки – бил нарекуван „мостот на воздишките“ во песни од 19 век.rnrnВо отсуство на официјални документи од тој период, приказните за учеството на жените во реконструкција на мостот прераснале во урбани легенди. Сепак, во 2015 биле откриени стари фотографии како доказ за тоа дека тие биле дел од изградбата. Од 500 мажи кои работеле на мостот во 1939 останале само 50. На нивно место дошле околу 350 жени и со заеднички сили го изградиле мостот. По завршувањето на војната, жените биле испратени дома, а мажите се вратиле на своите работни места.rnrn
    Доба на борба и страдање: Мост во близина на Биг Бен изграден од жени
    Daily Herald Archive/Science & Society Picture Library/PA
    rnrnДенес во Лондон има иницијатива да се одбележи овој интересен историски факт со што би им се оддало признание на жените, но и на мажите (најголем дел од нив биле сиромашни ирски работници) кои заеднички го изградиле мостот во едно особено тажно и трагично раздобје во историјата на човештвото.rnrnОткако прочитавте за мостот Ватерло во Лондон и приказната за неговата изградба, можеби ќе ве интересира да прочитате и кои се 6-те најубави мостови на светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во животот

    6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во животот

    Знаеме дека Мадрид, Барселона, Валенсија и Севиља веќе ви се добро познати, но Шпанија изобилува со мали гратчиња кои се всушност вистински бисери. Погледнете во продолжение за кои градови станува збор.rnrn6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во живототrn

    1. Саламанка

    rnАрхитектурата што се одликува со грациозност како и прекрасната атмосфера го прават овој град неизбежна дестинација на рутата од Мадрид до Лисабон. Градот има дури две катедрали и впечатлива универзитетска зграда што датира од 15-ти век. Додека шетате по улиците, ќе се чувствувате како да сте на снимање на некој филм. Во текот на денот ќе ги прочитате имињата на улиците врз рачно насликаните табли, а навечер можете да го почувствувате младешкиот амбиент на градот кој врие од студенти.rnrn6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во живототrn

    2. Замора

    rnЗа да влезете во овој град ќе треба да поминете по средновековниот мост што поминува преку реката Дуеро, една од најголемите реки на Пиринејскиот Полуостров. Повеќе од 20 романескни цркви, средновековен замок како и згради во арт деко стил се доволна причина да ја посетите Замора, а тука се наоѓа и познатиот музеј на скулптури на Балтасар Лобо. Поворката по улиците на градот што се одржува за време на Светата недела е особено впечатлива.rnrn6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во живототrn

    3. Сеговија

    rnСеговија се наоѓа на еден час возење северозападно од Мадрид и е позната по својот римски аквадукт што датира од 1-ви век и Алказар, кој наликува на замокот од цртаните филмови на Волт Дизни. Градот може да се пофали и со преубава готска катедрала. Доколку ја посетите Сеговија, ќе се изненадите од совршената комбинација на архитектура и гастрономија што навистина би било штета да се пропушти.rnrn6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во живототrn

    4. Ронда

    rnНема турист кој не бил воодушевен од Ронда. Градот се наоѓа на околу 100 км северозападно од Малага и е еден од најубавите градови во Андалузија. Едно од највпечатливите обележја на градот е мостот Пуенте Нуево што се издига на 120 метри и преминува преку реката Гуадалевин. Архитектурата на градот е совршен спој од влијанијата на Арапите и Римјаните, а старите, калдрмисани улички водат кон една од најстарите арени за борба со бикови во Шпанија.rnrn6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во живототrn

    5. Толедо

    rnЗа многумина, Толедо е еден од најомилените шпански градови. Тука ќе се чувствувате како да сте зачекориле во некој друг век. Импресивните ѕидини и градските порти се првото нешто што ќе ве воодушеви, а по еден час прошетка низ градот ќе стигнете до Мирадор, место со панорамски поглед на целиот град.rnrn6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во живототrn

    6. Виго

    rnРаздвижениот пристанишен град е полн со љубезни жители и врвни деликатеси. Локален специјалитет е октоподот што не е за чудење со оглед на тоа дека градот е сместен на брегот на Галиција и секој ресторан може да се пофали со сопствена верзија на јадења со октопод. Она што го прави посебно привлечен за туристите е тоа дека цените се пристапни и фактот дека е оддалечен на само 45 минути возење со траект од островите Циес што се одликуваат со едни од најубавите плажи во Шпанија.rnrn6 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш во живототrnrnОткако прочитавте кои 6 шпански градови ви препорачуваме да ги посетите, можеби ќе сакате да прочитате и кои шпански филмови и серии вреди да ги изгледате.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Само во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселената

    Само во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселената

    Во малиот украински град Перејаслав кои многумина го пропуштаат за време на посетата на Украина, се кријат вистински чуда. Освен „типичните“ музеи (иако овде ништо не е типично) поради што го нарекуваат музејски град, вреди да се спомене и Музејот за вселенски истражувања. Музеј како и сите други, ќе си речете, но занимливо е тоа што тој е сместен во една мала, дрвена црква!rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnМожеби додека поминувате покрај црквата, сепак, таа самата ќе ви го привлече вниманието без да знаете за вселенските мистерии што се кријат внатре во неа. Се работи за црква со тиркизна боја стара 130 години. Посветена е на Света Петка, заштитничка од болести и разни несреќи чиј култ е особено раширен кај православните народи.rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnДенес просториите во црквата се пренаменети за друга цел. Наместо олтар, иконостаси и исповедалница, просторот изобилува со спомените од кога СССР доминирал во универзумот. Падобран со кој тренирал Јуриј Гагарин, модели на ракети и сателити, конзерви со храна што ги јаделе астронаутите во вселената се само дел од експонатите на музејот-црква.rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnМузејот е основан во 1970 година и тоа во период кога наместо цркви се граделе музеи посветени на науката. Иако денес ситуацијата е поинаква, сепак овој музеј-црква не може да се пофали дека бил некогаш реновиран. Локалното население е загрижен за неговата судбина затоа што тој е единствениот таков музеј во светот, а ќе признаете дека изгледа феноменално.rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnГрадот Перејаслав се наоѓа на брегот на реката Днепар, на околу час и половина возење од Киев. Освен музејската поставка посветена на вселенските откритија и истражувања, тука можете да најдете и вистински „славорум“ музеј на културното наследство затоа што изобилува со колекции од стари ветерници, егзотични скулптури, па дури и воени авиони во дворот… Вистинско богатство на навидум обично место!rnrnСамо во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселенатаrnrnОткако прочитавте за малиот музеј-црква во Украина и неговите вселенски мистерии, можеби ќе ве интересира да прочитате и за приказната на поранешна црква претворена во ексклузивен ресторан.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

    5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

    Иако пандемијата влијае врз нашиот вообичаен начин на патување, така што денес ни треба посебна подготовка за да се чувствуваме безбедно на саканата дестинација, сепак, и тоа е остварливо. Туристичката сезона веќе не е во полн ек, но од друга страна, есента е идеално време за нови познанства па и за патувања: во топлите есенски денови можете мирно да шетате по прекрасните локалитети и поевтино да платите за хотелски аранжмани. Во продолжение, ви препорачуваме 5 дестинации за оваа есен.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    1. Бордо, Франција

    rnИзбран за најубава дестинација во Европа, Бордо е град што ќе ги оживее вашите сетила за мирис и вкус, место каде ќе доживеете преубави спомени. Бордо го посетуваат оние кои бараат автентично место, историја, топлина, насмевки, традиционална гастрономија. Не пропуштајте ја плажата Аркашон во близина на градот, чија убавина ќе ве натера да се заљубите во југоисточниот француски регион, Аквитанија. Бордо истовремено е традиционален, модерен, класичен и космополитски град, а есента е идеално време за негова посета.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    2. Фиренца, Италија

    rnТуристи од сите краишта на светот ја посетуваат Италија, а особено оние во потрага по мали, романтични места и културни крстосници. Во Италија се наоѓа и дел од најубавите музеи во светот. Па така, за време на некој тивок есенски ден можете да ја посетите галеријата Уфици во Фиренца и да им се восхитувате на ремек-делата на италијанските сликари и скулптори.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    3. Билбао, Шпанија

    rnНекои од најголемите светски уметници како Енди Ворхол, Ив Клајн и Жан Мишел Баскија ве очекуваат во музејот Гугенхајм во Билбао. Во овој период од годината, бројот на туристи кои го посетуваат музејот е намален, така што нема да чекате редици. Во постојаната музејска поставка се изложени извонредни уметнички дела на кои ќе може да им се восхитувате во тишината на тивките музејски сали. Доколку претпочитате пејзажи, нема проблем! Лозјата околу Билбао се вистинска ерупција на есенски бои.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    4. Торино, Италија

    rnУште еден италијански град на нашата листа со предлози. Торино е совршена опција за оние кои сакаат да ја истражуваат Италија. Местото кое никако не смеете да го пропуштите во Торино е египетскиот музеј, вториот најголем музеј во светот за египетската цивилизација по оној во Каиро.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    5. Будимпешта, Унгарија

    rnГлавниот град на Унгарија е вистинската дестинација за уживање во есен. Искачете се по ридовите на Будимпешта и уживајте во преубавата панорама на Дунав, зградата на Парламентот, а дрвјата во кафено есенско руво ќе направат да се чувствувате сакано во еден од најромантичните градови во Европа. Градот нуди безброј активности – возење со кочија, крстарење по Дунав, посета на ридот Гелет, базиликата Свети Стефан… листата е бесконечна. За што и да се одлучите, нема да погрешите!rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrnrnДоколку ви се допаднаа нашите предлози, погледнете ги овие 15 спектакуларни фотографии кои ќе ве однесат на патување низ целиот свет.

  • Виолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечина

    Виолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечина

    Фајфер е тешко достапна плажа лоцирана во Биг Сур, помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес. Оваа песочна убавина се наоѓа под рид и е опкружена со прекрасни камени формации.rnrnВиолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечинаrnrnЕдна од карпите има пукнатина на дното и пропушта бранови и сончева светлина, создавајќи посебен ефект што фотографите го обожаваат.rnrnОсвен тоа, во северниот дел на плажата може да најдете и песок прошаран со виолетови тонови, благодарение на школките што се наоѓаат во околните карпи.rnrnЗа жал, не се препорачува да пливате бидејќи морето е студено и полно со силни струи, а дното е карпесто. Па, така, останува да ѝ се восхитувате на оваа плажа од далеку.rnrnВиолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечинаrnrnВиолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечинаrnrnВиолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечинаrnrnВиолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечинаrnrnПогледнете го ова прекрасно езеро со илјада острови кое нема лесно да го лоцирате на мапата.

  • Прекрасни езера во Северна Италија за „полнење на батериите“ што треба да ги видите во живо

    Прекрасни езера во Северна Италија за „полнење на батериите“ што треба да ги видите во живо

    Иако секој период од годината е идеален за посета на Фузинските Езера во Северна Италија, есента е особено убава, кога нема гужви. Тогаш, крошните што се рефлектираат во сината вода се во живописни жолти и црвени нијанси. Овие езера се наоѓаат во подножјето на планината Мангарт, недалеку од границата со Словенија.rnrnПрекрасни езера во Северна Италија за „полнење на батериите“ што треба да ги видите во живоrnrnОсвен возење велосипед, пешачење, планинарење и фотографирање, можете да пиете и кафе. Од паркингот, каде што ќе платите неколку евра за автомобилот, до првото езеро Инфериоре се потребни околу десет минути пешачење. Таму можете да пиете кафе, да изнајмите брод или да продолжите по патот кон езерото Супериоре, каде што има убаво место за пикник или одмор. Повеќето луѓе ги посетуваат езерата во текот на летото, а во зима има помалку туристи.rnrnПатеката околу двете езера е долга пет километри и ќе ви треба околу еден час за да ја прошетате.rnrnПрекрасни езера во Северна Италија за „полнење на батериите“ што треба да ги видите во живоrnrnПрекрасни езера во Северна Италија за „полнење на батериите“ што треба да ги видите во живоrnrnПрекрасни езера во Северна Италија за „полнење на батериите“ што треба да ги видите во живоrnrnПогледнете ја првата подводна шума во светот.

  • Езеро над океанот! Дали е ова најголемата оптичка илузија на природата?

    Езеро над океанот! Дали е ова најголемата оптичка илузија на природата?

    Сорвагсватан е името на најголемото езеро на Фарските Острови. Има површина од 3,4 квадратни километри и се протега на вулканскиот остров Вагар, што се наоѓа помеѓу Шкотска, Норвешка и Исланд.rnrnЕзеро над океанот! Дали е ова најголемата оптичка илузија на природата?rnrnИако на фотографиите може да изгледа како да се издига неколку стотини метри над океанот, се наоѓа на надморска височина од околу 30 метри.rnrnЕзеро над океанот! Дали е ова најголемата оптичка илузија на природата?rnrnОва езеро се нарекува и Леитисватан и е опкружено со клисури што спречуваат неговата вода да се влева во Атлантикот.rnrnЕзеро над океанот! Дали е ова најголемата оптичка илузија на природата?rnrnЦелиот остров Вагар е полн со прекрасни предели – од ретки птици до живописни ливади каде што пасат овци.rnrnПогледнете ја оваа невообичаена појава што го создава најмоќниот вртлог во светот.

  • Интересни факти за необична земја чија година трае 13 месеци

    Интересни факти за необична земја чија година трае 13 месеци

    Ретко кој од нас знае нешто повеќе за Етиопија. Единствено што знаеме е како се наоѓа во Источна Африка, а оние што сакаат спорт веројатно ќе се сетат на легендарниот спортист Хаиле Гебрселаси. Сепак, имајќи предвид дека таму живеат повеќе од 100 милиони луѓе, би било убаво да знаете малку повеќе.rnrnИнтересни факти за необична земја чија година трае 13 месециrn

    Календар од 13 месеци

    rnЗа разлика од стандардниот, „западен“ начин на броење време, Етиопија доцни седум години и осум месеци и пред неколку дена таму се славеше влегувањето во 2014 година. Причината за ова е различното сметање на раѓањето на Исус, така што новата година таму започнува на 11 септември, а престапната следниот ден. Првите 12 месеци имаат 30 дена, додека 13-тиот месец брои 5 или 6 дена.rn

    Единствената неколонизирана африканска земја

    rnЛокалните жители секогаш се фалат со овој факт и никогаш нема да пропуштат да истакнат дека тие се единствената земја што никогаш не била колонизирана. Точно е дека во 1935 година Италијанците ја окупирале земјата речиси 6 години, но храбрите Етиопјани никогаш не престанале да даваат отпор и не им ја препуштиле власта на Италијанците.rn

    Родното место на Растафаријанското движење

    rnМислевте дека тоа е Јамајка? Па, сте погрешиле. Вистина е дека Растафаријанското движење значително се развило во Јамајка и дека растафаријанизмот и денес е „најсилен“ таму, но потекнува од Етиопија, славејќи го императорот Хајле Селасие како реинкарнација на бог.rn

    Првата шолја кафе

    rnЗа она во што сите ние уживаме да го пиеме и без кое тешко можеме да замислиме ден, треба да им се заблагодариме на Етиопијаните.rn

    Најстарите луѓе во светот

    rnМногу археолози го делат мислењето дека етиопскиот регион Афар е местото од каде што започнала нашата човечка приказна. Во споменатиот регион, во 1972 година бил откриен скелет наречен Луси, чија старост се проценува на повеќе од 3 милиони години.rnrnПогледнете неколку европски градови испреплетени со канали.

  • 5 држави што немаат реки

    5 држави што немаат реки

    Во светот што е поделен на речиси 200 земји, природните ресурси не се „подеднакво“ распределени. Сè повеќе се зборува за недостатокот на вода, но некои држави се целосно лишени од нешто што често го земаме здраво за готово, а тоа се реките. Додека Русија има илјадници реки, една голема и богата земја нема ниту една. Сепак, има повеќе земји без ниту една река, околу 15, а еве некои од нив:rn

    1. Либија: Реките доаѓаат и си одат

    rn5 држави што немаат рекиrnrnПустинската земја во Северна Африка не може да се пофали со постојана река. Она со што може да се пофали е т.н. Голема Река создадена од човечки раце. Станува збор за огромен систем на цевки што ја наводнуваат земјата и сочинуваат 70 проценти од изворот на вода за пиење во Либија.rn

    2. Бахреин: Стабилна нула

    rn5 држави што немаат рекиrnrnОстровското кралство Бахреин, исто како и Либија, нема постојани реки. Покрај тоа, податоците за периодот помеѓу 1972 и 2017 година покажуваат дека нивото на површинските течности останува стабилно: „околу нула милијарди кубни метри годишно“.rn

    3. Саудиска Арабија: Десалинизација како решение?

    rn5 држави што немаат рекиrnrnОваа земја зафаќа површина од 2 150 000 квадратни километри и нема ниту една река, а обезбедува вода за 34 000 000 жители.rnrnРечиси половина од водата за пиење доаѓа преку десалинизација, односно отсолување на морска или солена вода. Многумина се прашуваат дали тоа е решението за иднината на светот, каде што сè повеќе се зборува за недостатокот на вода.rn

    4. Ватикан: Најмалата земја во светот без река

    rn5 држави што немаат рекиrnrnВатикан нема ниту една река, а е оддалечен околу 400 метри од италијанската река Тибар. Тибар е сè повеќе предмет на јавна дебата поради загадувањето на водата, па можеби Ватикан не е толку несреќен што нема река. Нешто губите, нешто добивате – во овој случај, добивате помалку грижи.rn

    5. Малта: Голиот бисер на Медитеранот

    rn

    5 држави што немаат реки

    rnЗаедно со Ватикан и Монако, Малта е третата и последна европска земја што нема ниту една река. Покрај тоа, нема (постојано) езеро. Ако погледнете сателитска снимка на овој архипелаг среде Медитеранот, ќе забележите сиво-кафени тонови, со само неколку траги од зеленило. Но, секогаш постои поглед кон морето и радост кога прогнозата најавува дожд.rnrnПрочитајте за оазата „Сива“ во Египет – едно од најчудните места што треба да ги посетите.