10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата

Сподели

За овие спектакуларни планински предели вреди да патувате толку многу далеку.rn

Реклама

1. Му Канг Чаи, Виетнам

rnПолињата со ориз во рамките на планинскиот венец Хоанг Лиен Сон во северен Виетнам изгледаат како некаква сцена од бајките.rn

2. Виникунка, Перу

rnПозната и како „планина во боите на виножитото“ или планина во 7 бои, Виникунка со право е едно од најценетите природни чуда во Перу и во светот.rn

3. Киркјуфел, Исланд

rnКиркјуфел е најфотографираната планина на Исланд со уникатна положба на полуостровот Снафелснес. Нејзиниот врв изгледа како да излегува од водата, поради што привлекува многу љубители на природата.rn

4. Три сестри, Сини Планини, Австралија

rnКарпата Три сестри е невообичаена форма пронајдена во рамките на Сините Планини во австралиската држава Нов Јужен Велс.rn

5. Доломити, Италија

rnИако сите Алпи се спектакуларно чудо на природата, Доломитите, кои се наоѓаат во Италија, односно во провинциите Венето, Јужен Тирол и Трентино, се издвојуваат во овој планински масив.rn

6. Матерхорн, Швајцарија

rnСписокот на зачудувачки планински области не би бил целосен без Матерхорн – планина во швајцарските Алпи што се издигнува на 4 478 метри надморска височина.rn

7. Андите, Лагуна Колорада, Боливија

rnАндите се најдолгиот планински венец во светот, кој се протега на околу 7 200 километри во Јужна Америка. Особено убав е делот околу лагуната Колорадо во Боливија – црвено солено езеро кое привлекува фламинга.rn

8. Националниот парк Жангие, Кина

rnВо центарот на Кина, во областа Сунан и Линза, се наоѓа Националниот парк Жангие, познат по своите шарени карпести формации што се сметаат за еден од најубавите кинески предели.rn

9. Фиц Рој, Патагонија

rnНа границата помеѓу Аргентина и Чиле се наоѓа оваа неверојатна планина, која не се заборава откако ќе ја посетите еднаш.rn

10. Фуџи, Јапонија

rnОваа вулканска планина висока 3 776 метри се смета за највисок врв во Јапонија и се наоѓа во централниот дел на островот Хоншу.

Прочитајте повеќе за шарените планини со боја на виножито што се слева по врвовите.

Популарно

Може ќе ве интересира