Од неодамна малиот град во Јордан, Ас-Салт, стана дел од листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Овој град каде минарињата и црковните куполи го делат хоризонтот, го доби епитетот на „место на толеранција и урбано гостопримство“.rnrn
rnrnСместен на раскрсницата на главните трговски патишта меѓу Средоземното Море и Арапскиот Полуостров, Ас-Салт прераснал во важен економски центар кон крајот на 19 век за време на реформите наменети за „модернизација“ на Отоманската империја. Историскиот центар на градот изобилува со градби од варовник кои датираат од крајот на 19-ти век и почетокот на 20-ти век. Со векови, градот бил важна станица за трговците и аџиите на нивниот пат кон Ерусалим, Дамаск, Багдад или Мека. Од тогаш па сè до денес, Ас-Салт е познат по гостопримливоста на неговите жители. Во 19-ти век Ас-Салт станал административно седиште на регионот, привлекувајќи трговци од различно верско и културно потекло. Многумина од нив решиле да се населат овде, па така со текот на времето се создале населби каде локалните бедуински племиња се измешале со левантинските трговци и занаетчии.rnrn
rnrnНајдобар пример за спојот на отоманскиот стил, европските влијанија како и локалната традиција е раскошната куќа на Абу Џабер, со остатоци од фрескопис, витражи во art nouveau стил, украсени столбови и плочки од Сирија. Куќата му припаѓала на богатото трговско семејство Абу Џабер кое се населило во градот кон крајот на 19-ти век, а денес е музеј кој ги води посетителите низ историјата и традицијата на градот.rnrn
rnrnГрадот е посебен не само во поглед на историските градби туку и поради начинот на кој ги зачувал традициите на гостопримство и меѓуверска толеранција низ вековите. Тој е совршен пример за соживот меѓу муслиманското и христијанското население.rnrnОткако прочитавте за ова гратче во Јордан кое е симбол на меѓуверската толеранција, ви препорачуваме да прочитате и за градот кој е свето место и рај за вегетаријанците.rnrnИзвор: bbc.com
Category: Патувања
-

Ас-Салт: Гратче во Блискиот Исток во кое мирува толеранцијата и великодушноста
-

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?
Иако во моментов температурите се прилично ниски, сепак европското сонце е доволно за да нè стопли во некои од европските градови. Проверете во продолжение кои европски градови се најтопли во зима.rnrn
rnТирана, Албанија
rnГлавниот град на Албанија некогаш бил познат по многубројните бункери. Денес освен со бункери, градот изобилува и со градби во разни бои (под силно влијание на отоманската и советската ера). Овде температурите во зима се повеќе од пријатни, а во декември просекот е околу 15 степени. Секако, можете да се упатите и на југ до Драч каде температурата на морската вода е околу 16 степени.rnrn
rnРим, Италија
rnРим е една од најдобрите дестинации во кое било време. Ако сакате да стигнете до брегот, ќе ви треба половина час, а температурата на водата е прилично топла. Доколку не сте по зимско капење во море, можете да уживате во топлината на убавите зимски римски денови во едно од кафулињата на Трастевере.rnrn
rnАтина, Грција
rnДоколку се одлучите да патувате во Атина за време на зимската сезона, можете да го посетите Акропол и да дознаете нешто повеќе за богатата грчка историја. Но, со оглед на температурите, можете да уживате и на плажа. Просечната температура на воздухот е 17 степени, а на морето дури три степени повисока. Од сите градови на оваа листа, Атина го држи рекордот на најмногу сончеви денови (дури 268) во годината.rnrn
rnЛисабон, Португалија
rnГлавниот град на Португалија, но и околниот регион Каскаис се карактеризира со иста просечна температура како и Атина. Бројот на сончеви денови изнесува околу 226, а температурите близу до 20 степени го прават Лисабон посакувана дестинација дури и во зима. Секако, поканата за зимско морско капење важи и за Лисабон, со температура на водата околу 19 степени.rnrn
rnВалета, Малта
rnДоколку сте од оние на кои им сонцето и високите температури им се повеќе од неопходни тогаш Валета е вистинскиот избор за вас. Во декември температурата на морската вода е околу 20 степени, а на воздухот само еден степен пониска. Валета има околу 230 сончеви денови, па тешко дека ќе погрешите доколку решите да ја посетите во зима.rnrn
rnrnОткако откривте кои европски градови се најтопли во зима, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најубавите дестинации во Европа за оваа зима.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Како целосно да уживате во магијата на Париз доколку сте со ограничен буџет
Париз е еден од омилените градови на многу туристи. Благодарение на прекрасните улици, неверојатната архитектура, музиката, вкусната храна и модата, сигурни сме дека за секого Париз е една од најпосакуваните дестинации кога станува збор за патување. Но, Париз е и град кој за кратко време може да го испразни вашиот џеб. Сепак, постојат начини како да уживате во градот на светлината, а тоа да не се одрази премногу врз вашите финансии. Во продолжение, прочитајте како можете да престојувате во Париз со ограничен буџет.rnrn
rnБесплатно посетете го Лувр
rnВлезот во познатиот музеј Лувр е бесплатен секоја прва недела во месецот (од октомври до март). Влезот е бесплатен и во петок навечер за сите помлади од 26 години. За да ги избегнете големите редици, можете да влезете преку Carrousel du Louvre и директно да дојдете до шалтерот со билети. Можете исто така да ги прескокнете редиците доколку имате пропусница за париските музеи – Paris pass.rn
Купете пропусница за музеј
rnИма толку многу музеи во Париз кои вредат да се посетат, а пропусницата за музеј дефинитивно ќе ви помогне да заштедите. Оваа пропусница нуди бесплатен или намален влез за повеќе од 60 музеи низ градот, а ќе ви овозможи и да ги прескокнете долгите редици! Цената на пропусницата е 52 евра за два дена, 66 евра за четири дена и 78 евра за шест дена. Дефинитивно ќе ви се исплати ако планирате да посетите најмалку три музеи.rn
Бесплатни музеи во првата недела од месецот!
rnПомеѓу октомври и март, првата недела од месецот влезот е бесплатен во повеќето музеи во Париз. Во останатите месеци, влезот е бесплатен за оние под 26 години. Еве дел од музеите што бесплатно можете да ги посетите во првата недела од месецот:rn
- rn 011
- Национален музеј на модерна уметност – Центар Помпиду
- Национален музеј на Еужен Делакроа
- Национален музеј на Пикасо
- Музеј Орсе
- Национален музеј Густав Моро
- Национален музеј Жан-Жак Енер
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Патувајте со јавен превоз од аеродромот Шарл де Гол
rn
Опција RER B (воз)
rnОваа опција чини 10,30 евра и трае 25-50 минути (во зависност од вашата дестинација). Откако ќе влезете во градот, можете да земете метро за да стигнете до вашата крајна дестинација.rn
Опција RoissyBus (автобус)
rnОпцијата со автобус чини 10 евра по лице и трае 45-60 минути.rn
Возете се со автобус/метро наместо со такси
rnЕден билет за автобус или метро чини 1,90 евра. Можете да купите пакет од 10 билети за 14 евра и да заштедите неколку евра.rn
Престој во хостели
rnХостелите нудат добро сместување за оние со ограничен буџет, особено затоа што повеќето хотели во Париз се прескапи. Собите во студентските домови во Париз се движат од 20 евра за ноќ, а приватните соби во хостелите околу 50 евра.rnrnОткако прочитавте како максимално да уживате во Париз со ограничен буџет, ви препорачуваме да прочитате и како да патувате низ Европа со ограничен буџет.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
-

5 места каде можете да ја набљудувате магичната поларна светлина
Магичната поларна светлина или аурора бореалис е вистинско чудо на природата! Се создава во атмосферата на Земјата на надморска височина од 100 до 400 километри кога наелектризираните соларни честички се заробени во магнетното поле на Земјата. Резултатот е магично и шарено небо. Во продолжение прочитајте на кои места може најубаво да ја доживеете магијата на аурора бореалис.rnrn
rn1. Исланд
rnДури и без поларната светлина, Исланд со своите глечери, гејзири, водопади и вулкани, е дестинација која мора да ја посетите барем еднаш во животот. Географската широчина и должина на земјата се главните фактори кои го овозможуваат набљудувањето на поларната светлина, но временските услови не се секогаш поволни. Планината Киркјуфел ја нуди најубавата глетка на поларната светлина, а можете да ја набљудувате и од предградијата на Рејкјавик, особено од светилникот Грото. Најдобар период да се посети Исланд би бил од крајот на август до почетокот на април.rnrn
rn2. Фербанкс, Алјаска
rnВтор град по големина во Алјаска, Фербанкс е најдоброто место во САД за набљудување на поларната светлина. Има дури и свој систем за предвидување кога е највидлива поларната светлина и организира тури за набљудување на истата. За најдобро искуство, се препорачува да се посети од крајот на август до почетокот на април.rnrn
rn3. Јелоунајф, Канада
rnЈелоунајф може да се пофали со своето село Аурора кое нуди посебни активности кога станува збор за туризмот на поларната светлина. Канада е рај за набљудување на поларната светлина благодарение на нејзината северна географска широчина и малата светлинска загаденост. Националните паркови „Вуд Бафало“ и „Џаспер“ се исто така популарни места за гледање. Ви препорачуваме да го посетите ова место од почетокот на август до почетокот на мај.rnrn
rn4. Тромсе, Норвешка
rnНајголемата урбана област во Северна Норвешка се наоѓа на 350 километри северно од Арктичкиот круг, но благодарение на Голфската струја, брегот има умерени температури. На 30 км од Тромсе, во селото Ерсфјордботн, може да се види спектакуларна поларна светлина. Други познати локации за набљудување на аурора бореалис се Лофотенските Острови и градовите Алта, Нордкап и Киркенес. Најдобро место за посета е од средината на септември до крајот на март.rnrn
rn5. Северна Шведска и Финска
rnНајсеверниот шведски град Кируна е идеалното место доколку сакате да ја набљудувате поларната светлина. Тука ќе го најдете ледениот хотел како и националниот парк Абиско кој изобилува со ирваси. Времето овде е многу постабилно од норвешкото крајбрежје, но и многу постудено. Во близина на Рованијеми, главен центар на Лапонија, се наоѓаат националните паркови каде во зима можете да забележите замрзнати дрвја покриени со снег наречени „Тики“ скулптури, но и да уживате во аурора бореалис.rnrn
rnrnОткако прочитавте на кои локации во светот можете да уживате во магијата на аурора бореалис, ви предлагаме да прочитате и кои се најубавите дестинации во Европа за оваа зима.rnrnИзвор: wannabemagazine.com -

Сте слушнале ли за првиот подземен хотел во светот? Погледнете каде се наоѓа.
Денес Кинезите стојат рамо до рамо со светските сили и секојдневно покажуваат извонредни технолошки достигнувања. Еден таков потфат и тоа во областа на туризмот е изградбата на хотелот The intercontinental Shanghai Wonderland, пуштен во употреба во ноември 2018, во Шангај.rnrn
rnrnОна што го привлече вниманието на цел свет во врска со хотелот е неговата локација. Имено, хотелот е изграден во напуштен каменолом. Од 18 ката, дури 16 се наоѓаат во подземје, а два ката се под нивото на водата во вештачкото езеро кое се наоѓа на истата локација. Целиот комплекс наликува на огромен водопад од зеленило и стакло кој се спушта по карпата на каменоломот во бездна длабока речиси стотини метри.rnrn
rnrnСе работи за истите архитекти чии имиња стојат зад најлуксузните хотели во светот, на пример Бурџ Ал Араб во Дубаи. Зеленилото пак, е дел од еколошкиот дизајн. Самиот хотел произведува електрична енергија, сопствено греење и осветлување преку користење геотермална и сончева енергија.rnrn
rnrnХотелот со пет ѕвезди располага со 337 соби и конференциска сала која може да прими околу 1.000 луѓе, како и ресторан и кафуле на врвот. Иако хотелот е сместен среде каменолом, сепак собите имаат балкон и прекрасен поглед кон водопади. За многумина, овој хотел е дестинација сама по себе благодарение на неговиот луксуз и убавина. На крајот на краиштата, би помислиле ли дека некогаш би имале можност за луксузен престој под земја?rnrn
rnrnОткако прочитавте за првиот подземен хотел во светот, ви предлагаме да прочитате и како ќе изгледа најлуксузниот хотел на светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Најубавите дестинации во Европа за оваа зима
Зимата за многумина од нас е најубавото годишно време затоа што ни ја носи магијата на новогодишните и божиќните празници, романтиката под студеното ѕвездено небо, адреналинот на скијачките патеки. Доколку сакате да ја искусите бајковитата зимска магија, а сè уште не знаете каде, ние сме тука да ви ги предложиме најубави зимски дестинации во Европа.rnrn
rnЦермат, Швајцарија
rnПоголемиот дел од годината, Цермат е село потонато во мир и тишина. Но, за време на зимската сезона, овде доаѓаат скијачи од цел свет за да уживаат на безбројните скијачки патеки. Цермат е рај за искусните скијачи. Сепак, селото има што да им понуди и на туристите кои не скијаат. Прошетките во градот и по околните ридови се вистинско уживање бидејќи сонцето сјае и во студените денови и ги прави совршени прошетките во природа. Можете да се санкате или да шетате со водич и да откриете и други, помалку познати места во близина. Една од најпримамливите патеки за зимско планинарење е патеката од Блаухерд до Флухалп, долга околу 2 километри.rnrn
rnРејкјавик, Исланд
rnЗа многумина Исланд е најубав во зима. Ние во целост се согласуваме затоа што снежните пејзажи што ги нуди ова место мора да се видат и доживеат, барем еднаш во животот. Исланд, земјата на вечните гејзири, нуди авантури што не можете да ги најдете во другите европски земји. Секој февруари Рејкјавик е домаќин нa Зимскиот фестивал на светлата каде можете да уживате во светлосни инсталации и други активности на отворено. Доколку пак сакате да се загреете, Исланд е познат по своите геотермални базени каде можете да се капите во топла вода под студеното ноќно небо. Доколку сте по планинарењето не пропуштајте да направите обиколка по околните села на Рејкјавик како и да го посетите Големиот гејзир (се проценува дека е стар околу 10.000 години).rnrn
rnАбиско, Шведска
rnДоколку сте во потрага по место кое нуди преубав поглед на поларната светлина, а сте со ограничен буџет, тогаш Абиско е вистинскиот избор за вас. Местото се карактеризира со посебна микроклима што ги зголемува шансите да видите разиграна светлина на небото, што не е случај со другите скандинавски дестинации. Абиско е совршена дестинација за љубителите на зимските спортови. Во близина на ова место се наоѓа првиот леден хотел во светот каде можете да преноќите на температура од -5 степени Целзиусови или да одите на турнеја со водич за да дознаете повеќе за неговата изградба и историја.rnrn
rnХалштат, Австрија
rnХалштат е полн со бајковити цркви од 12 век и шармантни куќички расфрлани по снежните падини на планините Дахштајн. Халштат е гратче со население од 1.000 жители кои живеат во дрвени куќи. Кога е покриено со снег и мраз, гратчето изгледа како да е дел од руска бајка.rnrn
rnПрага, Чешка
rnВо Прага зимата доаѓа на почетокот на зимата и трае сè до крајот на февруари, а за сето тоа време покривите и црковните куполи се постојано под снежна покривка. Зимската магија е доловена и преку многубројните новогодишни пазари. Прага е особено жива и весела во втората половина на декември кога ја посетуваат многубројни туристи. Февруари е исто така идеален месец за посета на овој град поради карневалската сезона со блескавата парада на костуми. За време на целата зимска сезона на многу места во градот има лизгалишта, а можете да слушнете и концерт на класична музика во некоја од средновековните цркви. Вреди да се спомене и фактот дека Прага е дом на повеќе од 100 музеи и галерии како и на една од најстарите библиотеки во светот.rnrn
rnrnДоколку се забавувавте со нашиот избор на најубави туристички зимски дестинации во Европа, ви препорачуваме да прочитате и за снежните хотели во Скандинавија кои нудат поразличен зимски одмор.rnrnИзвор: wannabemagazine.com -

Свето место и рај за вегетаријанци. Проверете за кој град станува збор
Посебен во поглед на многу нешта, Варанаси е еден од најстарите населени градови во светот – се одликува со историја подолга од три илјади години. Ако прашате некој хиндуист да ви објасни повеќе за овој град кој се наоѓа во индиската држава Утар Прадеш, ќе ви одговори дека се работи за свето место што вреди да се посети барем еднаш во животот.rnrn
rnrnВаранаси, наречен уште и индиски Ерусалим, а некои го споредуваат и со Рим, е античко место за аџилак и еден од седумте свети градови во Индија. Тука секојдневно пристигнуваат илјадници верници за да се капат во светата река Ганг. Секој ден, додека ѕвонат ѕвоната на храмовите, десетици илјади верници се спуштаат по камените скали за да ги измијат своите гревови. Погребните клади се палат и дење и ноќе на местата за кремирање, а молитвите за спас на починатите постојано одекнуваат.rnrn
rnrnИако Варанаси го посетуваат луѓе од сите краишта на светот, сепак не е туристички град. Интересен факт е тоа што повеќето жители со генерации не јадат месо. Тие го сфаќаат тоа толку сериозно што не би пиеле вода во куќа во која не живеат вегетаријанци. Храната во Варанаси не само што заситува, туку е и симбол на животот, силата, чистотата и радоста. Според верувањата на локалните жители, сатвичката или вегетаријанската/веганската храна ја зголемува виталноста и енергијата и вклучува јадења подготвени од свежа и органска храна без месо и конзерванси.rnrn
rnrnМесо, јајца, риба и алкохолни пијалаци не доаѓаат предвид во дневното мени на населението. Многу ресторани порано служеле месо за западните туристи, но владата во 2019 година ја забранила продажбата и потрошувачката на месо на 250 метри растојание од сите храмови и знаменитости во Варанаси. Така, рестораните почнале да приготвуваат локални вегетаријански рецепти кои биле дел од гастрономската традиција на овој град со децении.rnrn
rnrnТоа не значи дека кујната во Варанаси е монотона. Напротив, изобилува со вкусови, бои и ароми и секако, доколку патот ве однесе на ова свето место вреди да ја пробате.rnrnОткако прочитавте за овој град во Индија, можеби ќе сакате да дознаете и кои 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода
Кога ќе помислиме дека сме ги виделе или сме слушнале за најубавите места во Франција, без разлика дали станува збор за замоци, градини или француската ривиера, оваа земја одново успева да нè изненади. Овој пат ве носиме на прошетка во замокот на вода кој се наоѓа во долината на Лоара. Се работи за величествен дворец чија убавина ќе ви го одземе здивот.rnrn
rnrnЗамокот Шенонсо е еден од најпознатите замоци во долината во северозападниот дел на земјата која го носи називот „градина на Франција“. За ова се заслужни многубројните лозја и овоштарници распослани покрај бреговите на реката, како и величествените замоци кои ја красат долината.rnrn
rnrnИмотот Шенонсо се споменува во 11 век, а во 16 век се споменува прекрасен замок кој се протега како мост на река. Изграден е од најголемите ренесансни архитекти од тоа време, а денес е еден од најпосетуваните замоци во Франција. Прогласен е за споменик на културата, а целиот комплекс е плод на женската имагинација.rnrnИмено, замокот бил подарок од кралот Хенри II на неговата љубовница Дајан де Поатје. Токму таа изразила желба замокот да се протега сè до другиот крај на реката и околу него да се засади бујна градина со цвеќиња и овошни дрвја. Кога кралот Хенри II починал, неговата вдовица, Катерина де Медичи, ја истерала љубовницата од имотот и го збогатила замокот со нови градини.rnrn
rnrnОткако замокот станал нејзина сопственост, се расчул по прославите што редовно се одржувале тука. Покрај тоа, во 1560 година овде (и воопшто во Франција) за прв пат се палеле огномети на небото. По смртта на Катерина, замокот го презела сопругата на кралот Хенри III. Но, таа набрзо паднала во депресија по смртта на нејзиниот сопруг.rnrnКралот Хенри IV го подарил замокот на својата љубовница, Габриел д’Eстрис, но бидејќи долговите и кавгите за наследство се пренесувале низ генерациите, имотот бил распродаден. Во 18 век, богаташот Клод Дупен го купил замокот и го дал под управа на неговата сопруга. Луиз Дупен била убава, интелигентна и префинета жена која на својот двор организирала книжевни средби каде присуствувале најпознатите писатели од просветителството – од Волтер до Русо. Таа дури и успеала да го спаси замокот од уништување за време на Француската револуција.rnrnВо 19 век бил наследен од страна на Маргерит Пелуз која го обновила. По неколку свечени прослави, сопственичката се нашла на работ на банкрот и затоа го продала замокот.rnrnДенес замокот е реставриран и отворен за јавноста. Тој плени со својата архитектура, па затоа не е за изненадување фактот дека овде често се снимаат филмови, а ресторанот и салонот за настани се секогаш резервирани со недели однапред.rnrnОткако прочитавте за овој преубав, раскошен дворец, ви препорачуваме да прочитате и кои 7 работи морате да ги видите и направите во Франција.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град
Многубројните легенди, богатата историја и стариот град го прават Краков еден од најпосетуваните градови на стариот континент. Во продолжение прочитајте дел од занимливостите за овој град што ги одбравме специјално за вас.rnrn
rnrn1. Краков е втор по големина град во Полска, сместен во јужниот дел на државата, на брегот на реката Висла.rnrn2. Денешниот град е основан во VII век. Основан е на местото на населба која датира од камената доба и во текот на историјата станал вториот најважен град во денешна Полска. Зачетоците на градот почнуваат како селска населба на ридот Вавел и за него е важно да се каже дека бил значаен трговски центар во словенска Европа.rnrn3. Главниот плоштад на Краков, „Рунек Гловни“ се наоѓа во центарот на стариот град. Со површина од речиси 4 хектари, тој е најголемиот средновековен плоштад во Европа.rnrn4. Според една легенда, во 13 век, за време на инвазијата на Татарите, дежурниот стражар пробал да ги алармира граѓаните за приближувањето на непријателот преку свирењето на труба. Иако градските порти биле навреме затворени, сепак, една татарска стрела успеала да го погоди стражарот во грлото пред да даде сигнал со трубата. Денес, во чест на стражарот, од повисоката кула на базиликата Света Марија се слуша карактеристичниот звук на труба кој одекнува четири пати, секојпат нагло прекинат – како метафора на незавршената мелодија на трубачот.rnrn5. Јагелонскиот универзитет е основан во 1364 година под името „Краковска академија“ и е вториот најстар универзитет во Централна Европа по Карловиот универзитет во Прага. На Јагелонскиот универзитет е отворена и првата катедра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија.rnrn6. Во Краков живеат 750.000 луѓе од кои 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.rnrn7. Познатата слика на Леонардо да Винчи, „Дамата со хермелин“ се чува во музејот Чарториски, еден од најстарите музеи во Полска.rnrn8. Легендата за змејот е веројатно најпознатата легенда поврзана со овој град. Според оваа легенда, за време на владеењето на кралот Кракус се појавил змеј кој се населил во една пештера под ридот Вавел. Змејот ги уништил околните села и се хранел со добиток, но и со девојки. Затоа кралот наредил да го убијат змејот, во замена нудејќи ја раката на својата ќерка на оној кој ќе успее во тоа. По многу неуспешни обиди на витезите, еден чевлар успеал во мисијата. Тој купил овца, ѝ ја натопил волната со сулфур и му ја принел на змејот како жртва. Ненаситниот змеј ја изел овцата, по што почувствувал голема жед. Се спуштил до брегот на реката Висла за да ја изгасне жедта и за кратко време експлодирал. Денес, во чест на оваа легенда, секоја година во Краков се одржува фестивал на змејот.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Краков, ви препорачуваме да прочитате и за мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs -

Од замок до бункер во кој се чувале милијарди германски марки: Град што е сè уште енигма за туристите
Во долината на реката Мозел во Југоисточна Германија се наоѓа гратчето Кохем. Во панорамата доминира замокот изграден во средниот век кој се издига над градот и полињата со лозје. До нив може да се стигне откако ќе прошетате покрај живописните куќи распослани покрај брегот и ќе го поминете мостот Скагерек. Друга опција е да се качите на еден од чамците што пловат по реката.rnrn
rnrnОна што не смеете да го пропуштите е обиколката на историскиот дел на Кохем каде што се сместени најважните градски знаменитости. Овде се наоѓа градското собрание од 1739 година, изградено во барокен стил. Тука се и многу добро сочуваните градски ѕидини кои во минатото го штителе Кохем од несакани посетители.rnrn
rnrnОд поранешните четири градски порти зачувани се три кои со текот на времето се претопиле во нови градби. Најголемата порта е Ендертор, изградена во 1332 година, како премин кон градот низ објект кој имал функција на затвор во средниот век.rnrn
rnrnЈужната порта наречена Мартинстор е изградена во 1352 година, а денес е служи како премин кој води до најпрепознатливиот белег на градот – замокот Кохем. Името на овој неоготски замок прв пат се споменува во 1130 година. Во 16 век бил целосно уништен од Французите, а три века подоцна, во 1868 година, бил повторно изграден.rnrn
rnrnОва гратче со идилични пејзажи има што да им понуди и на љубителите на поновата историја, а тоа е бункерот на Бундесбанката – германската централна банка. Имено, оваа банка за време на Студената војна, од страв да не остане без пари изградила систем на бункери со големина од 1.500 метри квадратни и ходници долги 300 метри. Тука се чувале околу 15 милијарди германски марки, додека во случај на војна, можеле да се сместат околу 100 луѓе.rnrn
rnrnОткако прочитавте за најважните историски знаменитости на гратчето Кохем, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 шпански градови вреди да ги посетите барем еднаш во животот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rsrnrn