КАФЕ ПАУЗА

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

На југозападот на Русија, во Република Дагестан, има неколку напуштени села, а едно од нив го добило прекарот „руски Мачу Пикчу“. Можеби Мачу Пикчу звучи симпатично, но руската верзија на изгубениот град во планините се вика Гамсутл.rnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnПоради политичките турбуленции во минатото, Дагестан подолго време имал репутација на опасно место и на патниците им се препорачувало да бидат претпазливи, па дури и да избегнуваат патување на тоа место. Се разбира, ова само дополнително ги привлекло патниците кои сакале вакви дестинации и забрането овошје.rnrnДенес ситуацијата е помирна, а оние што зачекориле на планинското тло на Дагестан велат дека жителите се многу гостопримливи и среќни што ве гледаат.rnrnВо Дагестан тешко дека ќе најдете некој што зборува англиски, граничните контроли се детални поради претходните немири и проблеми со криминалците, а откако ќе пристигнете, водичите ќе ве советуваат да ги истражувате селата, а не градовите затоа што во градовите живеат скромен живот.rnrnСепак, повеќето посетители доаѓаат поради планинските села, а Гамсутл се наоѓа на 1 400 метри надморска височина.rnrnВо 20-тиот век имало продавници, училиште, пошта и болница во Гамсутл. По Втората светска војна, жителите одлучиле да бараат подобар живот на други места, а последниот жител го напуштил градот во 1950-тите.rnrnМожеби изгледа како место кое преживеало апокалипса, но тука има туристи. Се разбира, станува збор за мал број ентузијасти кои сакаат да се искачат на врвот.rnrnОсвен Гамсутл, има уште едно празно село, Кахиб, кое изгледа како да е целосно „врежано“ во ридот. Помеѓу нив се наоѓа Корода, чии карпи се многу пострмни и поопасни, па пристапот е потежок.rnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnПогледнете кои се најзелените градови во светот што живеат во хармонија со природата.