Колекцијата на музејот „Бојманс Ван Беунинген“ во Ротердам, Холандија е многу позната. Вклучува повеќе од 150 000 уметнички дела собрани во последните 170 години од постоењето на музејот, вклучувајќи дела од големи мајстори, како што се Рембрант, Моне, Ван Гог, Сезан и Салвадор Дали.rnrn
rnrnЗа жал, во музејот може да се видат само осум проценти од тие уметнички дела. Останатите биле распоредени во неколку небезбедни уметнички складишта на кои им се заканувале поплави. За да се заштити ова уметничко богатство од распаѓање, изградено е депото „Бојманс Ван Беунинген“.rnrnСтанува збор за зачудувачка зграда во Музеумпарк во Ротердам која е на шест ката и е висока 39,5 метри, има изглед на џиновска чинија и е изработена од челик и бетон. Фасадата на зградата, пак, е покриена со многубројни огледала во кои се рефлектира целиот град.rnrnДепото „Бојманс Ван Беунинген“ зафаќа околу 15 000 квадратни метри и е изградено според идејата на холандската архитектонска фирма МВРДВ.rnrnВоедно, тоа е првото уметничко складиште во светот што нуди можност за разгледување на 99 проценти од зачуваните експонати. Исто така, посетителите може да добијат увид во процесот на обновување вредни предмети, пакување уметнички дела и подготовки за транспорт.rnrnНа покривот на депото има шармантна градина со 75 брези и прекрасен поглед на градот Ротердам.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете го овој заборавен руски Мачу Пикчу што изгледа како да преживеал апокалипса.
Чува бесценето богатство: Дали е ова најубавото складиште во светот?
