Патувањето по големите европски реки му дава целосно нова перспектива на континентот и им нуди на посетителите и на љубителите на природата недопрена дивина и некои од најмагичните предели.rn
Дунав
rn
rnrnДунав е втора најдолга река во Европа по Волга и тече низ Централна и Источна Европа и минува низ десет земји.rnrnТече низ унгарската престолнина Будимпешта, поради што е наречена „Кралица на Дунав“ и возењето по Дунав ноќе низ градот е вистински спектакл.rnrnКако што течението на реката продолжува кон Црното Море, пејзажот се менува од урбан во природен. Поминувајќи низ Австрија, од реката има поглед на ридовите и сончевите лозја.rn
Рајна
rn
rnrnРајна поминува низ срцето на Европа и плови низ Швајцарските Алпи кон Северното Море. Еден од најубавите предели на ова патување е Црната шума во Германија. Потоа, оваа река поминува низ Амстердам и во тој град е симбол на мир и релаксација.rn
Рона
rn
rnrnОваа француска река се протега од Швајцарските Алпи до Медитеранот и минува низ мирисливи полиња со лаванда и прекрасни лозја. Производи од лековитото виолетово растение може да се купат на секој агол, а љубителите на виното мора да пробаат шардоне.rn
Сена
rn
rnrnАко патувате низ Франција, тешко дека ќе ја промашите оваа прекрасна река. На нејзините брегови се одржуваат многубројни фестивали и уметнички настани, а љубителите на природата не треба да ги пропуштат карпите на брегот на Алабастер кои се идентични со оние попознатите, карпите Довер кои се наоѓаат од другата страна на каналот.rn
Дуро
rn
rnrnРеката Дуро минува низ планините на Португалија и низ многубројни вински региони. Од Порто до Саламанка, нуди мноштво атракции по својот тек, од рибарското село Афурада до археолошкиот локалитет во долината Коа, на границата со Шпанија.rnrnПогледнете го овој прекрасен град на југот на Франција што ги збунува туристите.