Автопатот „Ханшин“ е име на патна мрежа долга 239 километри која ги опфаќа Осака, Коби и Кјото во Јапонија, управувана од Ханшин Експресвеј ДОО. Многу јапонски градови се борат со сообраќаен метеж, особено Осака.rnrn
rnrnСостојбата на патиштата е толку сериозна што еден дел од споменатиот автопат поминува низ 16-катна деловна зграда.rnrnОблакодерот „Gate Tower“ во областа Фукушима-ку во Осака е вистинско мало архитектонско чудо. Покрај тоа, на местото каде што треба да бидат петтиот, шестиот и седмиот кат на зградата, бил направен излез од дел од автопатот наречен „Умеда“.rnrnИзлезот бил изграден на потпори, така што патот не ја допира зградата. Но, бидејќи облакодерот целосно го опфаќа излезот, изгледа како да е нејзин составен дел и затоа е вистинска атракција во третиот по големина град според бројот на жители во Земјата на изгрејсонцето.rnrnГрадежниците посветиле особено внимание на изолацијата на просторот од бучава и вибрации за автомобилите на излезот од Умеда да не ги вознемируваат вработените во деловните простории под и над патот. Возењето со лифт е исто така многу интересно – можете да се искачите на првите четири ката, а потоа од осмиот до шеснаесеттиот кат.rnrnОва необично решение е креативен резултат на долгогодишниот спор меѓу сопственикот на автопатот и земјиштето на кое се наоѓа „Gate Tower“. Поради некоординирани одобренија за градење, минувањето на патот низ облакодерот било единственото можно решение, па од 1992 година, сопственикот на автопатот Ханшин плаќа месечна закупнина за трите ката на зградата.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја и оваа фантастична зграда инспирирана од природата.
Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер
