Отворен е најдлабокиот базен на светот наречен „Deep Dive Dubai“. Длабок е 60,02 метри, а како што сугерира и неговото име, се наоѓа во чудесниот град Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати. Поточно, се наоѓа во источниот дел на градот, во областа Над ал Шеба.rnrn
rnrnИзграден е како место за обука на професионални нуркачи, но и за рекреативни нуркачи кои уживаат да истражуваат во синилото.rnrnБазенот е исполнет со 14 милиони литри вода и постојано се одржува на температура од 30 Целзиусови степени. Сместен е во зграда и зафаќа 1500 квадратни метри.rnrnКако што му доликува на градот со највисокиот облакодер на светот и со трговски центар среде пустина каде што можете да скијате, „Deep Dive Dubai“ не е обичен длабок базен. „Deep Dive Dubai“ крие потопен град и простор за забава каде што можете да играте подводен фудбал и да возите велосипед. Различни забавни објекти ве очекуваат на различни длабочини, а сопствениците тврдат дека мора да нуркате неколку пати за да ги видите сите негови привлечности.rnrnВо базенот снимаат педесетина камери, со што се гарантира безбедноста на сите нуркачи. Постои и хипербарична комора во која може да се сместат 12 лица одеднаш.rnrnГинисовата книга на рекорди официјално потврди дека овој базен е најдлабокиот базен за нуркање во светот. Во продолжение погледнете како изгледа „Deep Dive Dubai“.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете го ова уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден.
Базен длабок 60 метри што крие потопен град
