Иако во денешно време, со брз интернет и социјални мрежи ретко нешто може да биде скриено од љубопитните, некои места во Италија не се многу популарни меѓу патниците. Ако сакате да пливате и да се сончате на плажите на коишто доаѓа претежно локално население, еве го списокот.rn
Сан Фрутуозо, Лигурија
rn
rnrnАко сте сместени во Портофино, вреди да го посетите заливот Сан Фрутуозо. Овде можете да уживате во невообичаена околина – лежење на плажа покрај прекрасното море во подножјето на опатијата Л’абазија ди Сан Фрутуозо ди Каподимонте, која датира од 10-тиот век.rn
Кала Мар Морто, Тоскана
rn
rnrnКога ќе се заситите од истражување на катедралата во Фиренца, Кривата кула во Пиза и другите туристички бисери во Тоскана, патувајте до полуостровот Монте Аргентарио, кој крие неколку погодни места за уживање во морски активности. Плажата Кала Мар Морто е чест избор кај локалното население.rn
Фронтоне, островот Понца, Лацио
rn
rnrnПонца е најголемиот остров во Понтинскиот Архипелаг во Тиренското Море и изобилува со прекрасни места за пливање и сончање. Локалните жители ја сакаат плажата Фронтоне.rn
Баја дел Буон Дормире, Палинуро, Кампанија
rn
rnrnОсумдесет километри југоисточно од Салерно, во регионот Кампанија, лежи Палинуро кој привлекува многу погледи со својата карактеристична убавина. За плажата Баја дел Буон Дормире, локалните жители тврдат дека е рај на Земјата.rn
Песочни дини Кампомарина, Апулија
rn
rnrnКристално чистото море и високите песочни дини кои се протегаат со километри се гордост на италијанскиот град Кампомарина во регионот Апулија. Ако имате можност, задолжително посетете ги.rnrnПогледнете ја оваа егзотична дестинација која ги крие најубавите плажи во Португалија.