Опасна и чудесна атракција: Вулкан што добива сина боја за време на ерупцијата

Сподели

Појасот на земјите околу Пацификот има застрашувачко име: Пацифички огнен круг или Огнен прстен. Ова име потекнува од многубројните вулкани пронајдени во областа. Ланецот што е долг 40 000 километри содржи дури две третини од активните вулкани во светот, а на овој регион има дури 90 земјотреси.

Реклама

Вулканот што се истакнува со својот необичен ефект е Кавах Ијен, лоциран на островот Јава, во близина на Бали. Овој вулкан е 13-ти по големина во светот и на неговиот врв се наоѓа прекрасно сино-зелено кратерко езеро.

Кога ќе се активира овој вулкан, тој испушта сина лава. Затоа се нарекува и Син вулкан. Имено, поради големата количина на сулфур во комбинација со висока температура (600 °C) и висок атмосферски притисок, горат сулфурни гасови што излегуваат од карпите и лавата добива неонска сина боја.

Реклама

Но, лавата само навидум добива сина боја. Таа всушност има иста боја како лавата на другите вулкани. Синиот ефект доаѓа од пламенот што го создава, а гасовите понекогаш кондензираат и продолжуваат да течат по падините на вулканот, создавајќи ефект на сина лава, а сината магија е видлива само ноќе.

Погледнете ја оваа пустина среде зеленило чиј песок е во седум бои.

Најново

Може ќе ве интересира