Кога зборуваме за градови низ кои течат каналите, првото нешто што ни паѓа на памет е Венеција. Веднаш по неа повеќето би помислиле на Амстердам, а во последниве години, и Бриж стана многу популарен. Сепак, многу други градови во Европа лежат на канали, па проверете за кои градови станува збор.rn
Санкт Петербург
rn
rnrnНајсеверниот град на планетата кој може да се пофали со повеќе од милион жители, во зима нема да ви понуди возење по канал поради екстремно ниските температури. Овој град е украсен со канали на реката Нева, долги повеќе од 300 километри, но и со 800 мостови, од кои некои го премостуваат Зимскиот Канал, кој дефинитивно вреди да се види.rn
Хамбург
rn
rnrnИако има повеќе канали од Амстердам, но и Венеција, Хамбург сигурно не е еден од градовите што ви доаѓа на ум кога зборувате за градови на канали. Меѓутоа, бидејќи е трето по големина пристаниште во Европа, има многу работи што вреди да се видат таму, особено турата низ областа Шпајхерштат, некогаш позната по безбројните складишта, што во меѓувреме се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО.rn
Бирмингем
rn
rnrnИ жителите на овој англиски град сакаат да се фалат дека имаат повеќе канали од Венеција, долги повеќе од 160 километри.rn
Стокхолм
rn
rnrnРаспрснат на 14 острови, главниот град на Шведска е поврзан со повеќе од 50 мостови. Првичното име на стариот град во Стокхолм бил „градот меѓу островите“. Во центарот на градот се наоѓа еден од најживописните канали во градот.rn
Копенхаген
rn
rnrnПознат по своите шарени куќи и стари бродови, Њухавен е поморски дел од главниот град на Данска. Тоа е туристичка локација што не била секогаш толку романтична низ историјата, но возењето низ каналите може да ве остави без зборови.rnrnПогледнете некои од најшармантните мали градови.