Иако водата се смета за најздрав и во исто време најдобар напиток за хидратација, научниците докажале дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира телото отколку водата.rnrn
rnrnИстражувањето спроведено од страна на шкотски универзитет дошло до заклучок дека обичната и минералната вода се добар избор, но според новите наоди млекото е уште подобар.rnrnСпоред Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрјус и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалак како и неговиот нутритивен состав.rnrnИстражувањето докажало дека млекото хидрира повеќе од обичната вода бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.rnrnИстото може да се каже и за растворите за орална хидратација што се користат за лекување дијареја. Тие содржат мали количини на шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во процесот на задржување на водата во телото.rnrnОткако прочитавте за резултатите од најновите истражувања, можеби ќе сакате да прочитате и која храна содржи повеќе калциум од млекото.rnrnИзвор: cnn.com
Category: Занимливости
-

Кој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!
-

Тест: Изберете слика и откријте што ве очекува во мај 2023 година!
Денеска ви носиме тест кој ќе ви помогне да се подготвите што подобро за идните изненадувања. Изберете една од четирите слики за да дознаете што ќе ви донесе мај 2023 година.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Сега е совршено време да ја преземете контролата врз вашиот живот. Долго време ги чекавте другите да ви го покажат патот што треба да го следите, бидејќи сметавте дека не можете сами да ја контролирате својата судбина. Но, самодовербата ќе ви даде сила и ќе сфатите дека единствената личност која вистински може правилно да ве води сте вие самите. Не заборавајте дека треба да бидете поорганизирани и да се ставите себеси на прво место за да бидете среќни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Ве очекува сосема нов живот. Ова е време да започнете да се подготвувате за големи промени и да ги оставите сите луѓе и работи кои не ви носат ништо добро. Успехот ќе зависи само од вас. Универзумот има големи планови за вашиот живот, но важно е да бидете подготвени да ги прифатите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Сега ве очекува период на интроспекција. Ќе бидете принудени да го преиспитате вашиот живот и можеби да размислите како да промените нешто. Дали сте на вистинскиот пат? Дали сте опкружени со вистинските луѓе? Анализирајте ги вашите мисли и чувства и откако ќе поминете време со себе во тишина и ќе ги најдете овие одговори, можете да го промените она што не одговара на вашиот стил и да доживеете голем успех.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]Наскоро ќе имате можност успешно да ги завршите сите активности што ги започнавте во последниот период. Ако сте започнале работа која моравте да ја одложите поради недостаток на време или недостаток на самодоверба, време е да се вратите на неа и максимално да ѝ се посветите. Вашите шанси за успех ќе бидат многу поголеми, но само доколку вложите труд и ги оставите настрана стравот и неизвесноста.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува во годините што доаѓаат.rnrnИзвор: atma.hr -

Во кој град петдневниот престој ќе ве чини „само“ 165 евра?
Њу Делхи во Индија е најевтината туристичка дестинација според анализата на британскиот туристички портал по име „Traveler’s elixir“, кој пресметал дека за петдневен престој во овој град потребни ви се околу 165 евра.rnrn
rnrnПросечните цени за сместување во Делхи се исклучително ниски – за ноќевање во хотел со три ѕвезди ќе ви требаат околу 17 евра, а во хотел со пет ѕвезди 169 евра. За споредба, за ноќевање во просечен хотел со пет ѕвезди во Монако ќе треба да одвоите шест пати поголема сума – околу 1100 долари.rnrnДелхи има долга историја што може да се види од неговата неверојатна архитектура. Не смеете да ги пропуштите Црвената тврдина, споменикот Кутуб Минар и гробот на Хумајун. Згора на сè, треба да ја пробате локалната кујна, која е со многу разумна цена.rnrnПорталот ја изготвил листата со најповолните туристички дестинации врз основа на цените на просечното сместување, храната, јавниот превоз во местото на живеење и туристичките атракции. Земјите се рангирани врз основа на просечната цена за петдневен престој на едно лице во одреден град.rnrn1. Делхи, Индија, 165 евра за петдневен престојrnrn2. Пном Пен, Камбоџа, 205 евра за петдневен престојrnrn3. Катманду, Непал, 209 евра за петдневен престојrnrn4. Тбилиси, Грузија, 227 евра за петдневен престојrnrn5. Меделин, Колумбија, 232 евра за петдневен престојrnrn6. Хо Ши Мин, Виетнам, 236 евра за петдневен престојrnrn7. Чианг Маи, Тајланд, 260 евра за петдневен престојrnrn8. Каиро, Египет, 263 евра за петдневен престојrnrn9. Луанг Прабанг, Лаос, 265 евра за петдневен престојrnrn10. Бангкок, Тајланд, 266 евра за петдневен престојrnrnОткако прочитавте за најевтините туристички дестинации во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за 17-те популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Тест: Изберете еден од овие бокали и откријте што ве очекува во блиска иднина!
Секој од овие четири бокали содржи одредена количина на информации што можат да ви помогнат во иднина. Погледнете ја сликата и интуитивно изберете една. Вашиот избор открива што ве очекува во блиска иднина.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бокал бр. 1″ active=”false”]Ако го избравте овој бокал, вие сте личност која ја сака и почитува традицијата, но имате силен креативен потенцијал. Меѓутоа, постои голема веројатност да сте ја потиснале таа креативна страна во себе, да сте влегле во рутина и да одите по истиот пат, бидејќи така ви е полесно, при што немате нови амбиции и цели. Стомната што ја избравте ја носи пораката дека ве очекуваат големи пресврти кои ќе ве натераат да се разбудите и вашата креативност ќе дојде до израз. Можно е и да сте незадоволни од вашата деловна или приватна средина и затоа време е за голема промена од која се плашевте досега.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бокал бр. 2″ active=”false”]Доколку го избравте овој бокал подгответе се за промени на емотивно ниво. Овој избор носи порака дека ве очекуваат многу сентиментални изненадувања. Оние кои го избрале треба да се подготват за многу важен чекор во љубовта. Ако сте слободни, ќе запознаете некој кој може да остави длабока трага во вашиот живот. Оние кои веќе се запознале со својата сродна душа ќе имаат можност да ја зацврстат својата врска и заедно да се преселат на повисоко духовно ниво.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бокал бр. 3″ active=”false”]Овој бокал носи добри вести, барем кога се во прашање финансиите. Можно е наскоро да добиете неочекувана набавка или дополнителни пари кои на некој начин ќе ви го сменат животот. Но, овој избор ви кажува и никогаш да не заборавите да споделите дел од она што сте го добиле со оние кои немале толку среќа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бокал бр. 4″ active=”false”]Иднината ви предвидува бескрајни пресврти и сосема поинаков живот од овој што го водите денес. Ќе се случат големи промени во вашиот живот, па можеби ќе добиете можност да живеете на сосема друго место, да правите нешто што досега не сте го направиле, можеби дури и да ја промените професијата. Ќе се чувствувате како да сте „паднале“ во сосема нова приказна која нема никаква врска со тоа што ви се случило досега. Накратко, подгответе се за иднината која може да донесе неочекувани работи.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете кои се вашите тајни моќи.rnrnИзвор: atma.hr -

9 цитати кои ќе направат да се чувствувате непобедливо
Понекогаш предизвиците со кои се соочуваме нè принудуваат да се преиспитаме себеси, нашите животи, брзо да донесеме одлуки, да се запрашаме во која насока треба да продолжиме да чекориме… Понекогаш светлината на крајот од тунелот се чини толку далеку, но често сфаќаме дека сме посилни отколку што можеме да замислиме. Во продолжение прочитајте ги цитатите кои ќе ви помогнат во тешките животни ситуации и ќе направат да се чувствувате непобедливи секогаш кога ќе наидете на проблеми и тешкотии.rnrn
rn„Не може да постои неуспех кај човекот кој не ги изгубил храброста, карактерот, самопочитта и самодовербата.“ – Орисон Свит Марден
rn
„Успешните луѓе имаат стравови, успешните луѓе се сомневаат и се грижат, а сепак не дозволуваат тие чувства да ги спречат.“ – Екер
rn
„Можете да имате сè што ќе посакате ако се откажете од верувањето дека не можете да го имате“. – Др. Роберт Ентони
rn
„Неработењето раѓа сомнеж и страв. Дејствувањето, пак, раѓа самодоверба и храброст. Ако сакате да го победите стравот, не седете дома размислувајќи за тоа. Излезете и почнете да работите.“ – Дејл Карнеги
rn
„Ако слушнете глас во вас кој ви вели „не можете да сликате“, тогаш сликајте по секоја цена и на тој начин ќе го замолчите гласот.“ – Ван Гог
rn
„Секој пораз содржи своја лекција која ве учи да бидете подобри следниот пат.“ – Малколм Икс
rn
„Поразот е состојба на умот. Никој никогаш не е поразен додека поразот не го прифати како реалност.“ – Брус Ли
rn
„Не треба да ги сфаќате вашите проблеми како пречки. Наместо тоа, важно е да разберете дека искуството со кое се соочувате и надминувањето на животните тешкотии е всушност една од вашите најголеми предности.“ – Мишел Обама
rn
„Со непобедлива упорност може да се постигне речиси сè, а во тоа се состои разлика помеѓу големите и малите луѓе“. – Томас Фулер
rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и цитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро.
-

Направете го овој тест за да откриете што ве очекува во следниот месец!
Сакате да дознаете што ќе ви донесе универзумот во текот на следниот месец? Изберете ја картата што најмногу ве привлекува и откријте го одговорот.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Радувајте се бидејќи среќата набрзо ќе ви се насмевне. Во следниот месец ќе добиете корисно знаење кое ви ветува не само силно пријателство, туку и корист. Среќата ќе биде на ваша страна, а вашата интуиција ќе ви го покаже најкраткиот пат до успехот. Затоа, не плашете се и дејствувајте решително бидејќи резултатот ќе ги надмине вашите очекувања.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Во овој период треба да бидете особено внимателни бидејќи некој во ваша близина сака да ве измами. Освен тоа, не слушајте ги озборувањата околу вас бидејќи тие ќе ве одведат на погрешен пат. Имајте доверба во себе и никому не му дозволувајте да ви го уништи животот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Сите досегашни пречки ќе исчезнат и вашиот бизнис ќе биде крунисан со успех. Ве очекуваат поволни вести во поглед на финансиите, а исто така, среќата ќе ви се насмевне и во приватниот живот. Ќе бидете полни со сила и енергија што ќе ви помогне да се справите со сите тешкотии и проблеми. Затоа, не плашете се и смело тргнете кон својата цел. Не заборавајте дека сè ќе биде во ред.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каква ќе биде вашата иднина.rnrnИзвор: atma.hr -

Научниците откриле која е најстресната работа во светот!
Денес е особено тешко да се издвои занимањето кое би било најстресно со оглед на тоа дека секоја работа носи и одреден стрес. Сепак, по неколку години тестирање и истражување, кинеските научници издвоиле едно.rnrn
rnrnЛесно би можеле да претпоставиме дека првото место на листата на најстресни работни места во светот го заземаат докторите, пилотите, возачите на автобус и наставниците. Според едно истражување спроведено од еден кинески универзитет, најстресната работа е онаа на келнерите.rnrnОва откритие малку изненадува, бидејќи станува збор за работа со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот е сосема валаиден бидејќи келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а стресот е многу висок.rnrnЗа возврат, тие речиси и воопшто не се ценети, а како тоа да не е доволно, работата не е флексибилна. Конечно, за разлика од лекарите, келнерите немаат добра плата или признание. Научниците исто така откриле дека стресот предизвикува почесто посегнување по цигари и алкохол меѓу келнерите.rnrnОваа студија се спроведувала во рок од 17 години, а во неа учествувале 136.000 испитаници.rnrnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кое време од денот е најстресно.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs -

Ова е еден од градовите во Европа со најниска стапка на криминал!
Патниците на booking.com го изгласале градот Кирквол во Шкотска за најгостопримлив град во Велика Британија во 2023 година. Кирквол ја добил оваа престижна титула благодарение на извонредното гостопримство на неговите жители.rnrn
rnrnСтанува збор за најголемиот град на архипелагот Оркнеј во Шкотска, кој има околу 70 острови, а во градот живеат околу 9.000 жители.rnrnЖителите на Кирквол се навикнати на туристи. Во летните месеци овде застануваат многубројни крстосувачи за да можат патниците да ја истражуваат неговата богата историја. Кирквол, имено, бил дел од норвешкото кралство и бил основан од Викинзите пред илјада години. Во 15 век се нашол под шкотска власт, така што градот денес е спој од скандинавската и шкотската култура.rnrnПреку истражување на локалните археолошки локалитети ќе научите многу интересни факти за Викинзите, но и ќе уживате во природните убавини и прекрасните плажи. Иако некогаш тука имало зандани во кои се чувале жени за кои се сомневале дека се вештерки, денес градот е безбедно место за живеење и има многу ниска стапка на криминал.rnrnВо едно интервју за DailyMail, локален таксист изјавил дека ги оставил паричникот, телефонот и клучевите од автомобилот на совозачкото седиште во неговото незаклучено возило дури четири дена – и никој не го ограбил.rnrnЛуѓето од Кирквол не размислуваат како да повредат некого, туку како да му помогнат. Истиот човек го изгубил паричникот во кој имало 850 фунти во готовина на аеродром на островот. Кога сфатил дека го нема паричникот, се помирил со фактот дека парите се изгубени.rnrnНо, сепак се вратил на аеродромот, надевајќи се дека некој му го нашол паричникот и му ги оставил личните документи. На шалтерот го чекало изненадување – не само што бил пронајден паричникот туку и сите пари биле во него.rnrnОткако прочитавте за овој шкотски град, можеби ќе сакате да прочитате и за најопасните градови во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Тест: Изберете слика за да ја добиете вашата порака за денес!
Понекогаш во одредени животни ситуации сме малку збунети и ни треба помош за да го разбереме она што ни се случува. Не знаеме што да правиме во дадена ситуација и што да очекуваме од иднината. Овој тест може да ви помогне да го најдете одговорот на прашањето што ве мачи во моментот. Затоа, без многу размислување изберете една од овие слики и добијте ја вашата порака за денес.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Оваа слика ви ја пренесува пораката дека е време за кармичкото чистење во вашиот живот што е можно само благодарение на вашите напори и духовната божествена благодат. Време е еднаш засекогаш да ги залечите старите рани и да сфатите дека кармата не е казна туку е животна лекција која ќе ви помогне да созреете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Бидете му верни на она што го инспирира вашето срце и ви помага да станете помоќни. Тука сте да го живеете својот живот и да му се посветите на она што ви е навистина важно. Слушнете го вашето срце. Што е она што го посакувате толку многу и за кое сте подготвени да ги надминете сите пречки? Што ве мотивира и инспирира? Запомнете дека ќе бидете посилни кога ќе почнете да го слушате срцето, а и ќе бидете свесни за насоките што универзумот ви ги дава.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Сега е време да тргнете по патот на божествената благодат со доверба, едноставност и прифаќање. Не треба да ги присилувате нештата. Тоа значи дека е неопходно да научите да го слушате универзумот. Универзумот знае што прави. Препуштете му се и верувајте дека сè ќе се случи кога ќе биде вистинското време за тоа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет што може да ви послужи во блиска иднина.rnrnИзвор: atma.hr -

Есауира: Град кој треба да го посетите барем еднаш во животот!
Ако некогаш сте биле во Мароко, сигурно сте слушнале за Есауира, прекрасен град кој секој треба да го посети барем еднаш. Есауира нуди автентични марокански искуства со извонредна гастрономија која главно се состои од специјалитети од риба – сепак, се наоѓа веднаш до Атлантскиот Океан, на помалку од четири часа возење од Маракеш.rnrn
rnrnЗа разлика од Маракеш, Есаира им овозможува на туристите малку „поинтимно“ искуство, но сепак различните места, звуци и мириси веднаш ќе ве одведат во светот што никогаш не сте го доживеале. Мора да признаеме, Мароко веројатно не е за секого. Понекогаш се чини дека сè е премногу овде, од широк спектар на мириси, локални жители кои сакаат да ви продадат сè и сешто, горештина од која не знаете каде да се скриете, овци и други животни кои можат да ве прегазат… Се чини премногу. Но, од друга страна – токму тоа е шармот на Мароко.rnrnЕсауира се наоѓа на атлантскиот брег на Мароко, во регионот Маракеш-Асфи. Градот е оддалечен околу четири часа возење од Маракеш, а за да го доживеете шармот на овој уникатен крајбрежен град можете да отпатувате со авион од Будимпешта или Милано кон Агадир или Маракеш.rnrnДали вреди да поминувате време во Есауира? Апсолутно! Есауира е прекрасен жив град, каде што можете да најдете раздвижени рибарски пристаништа и ветровити плажи. Овде не недостасуваат активности – може да се запишете во училиште за сурфање, и ако сте повеќе по гастрономијата, тогаш мароканското училиште за готвење ќе биде одличен избор. Можете и да јавате камили или да уживате во долги прошетките на зајдисонце по плажите.rnrnЕсауира е навистина едно од оние места каде што патниците застануваат една или две ноќи, а потоа остануваат еден месец или подолго. Овде ќе најдете многу странци кои работат онлајн и кои токму тука го пронашле својот рај на земјата. Градот е дефинитивно најдобрата дестинација во Мароко за дигитални номади. Поевтин е од другите попопуларни дестинации во светот како Шпанија, Мексико или Тајланд и овозможува незаборавно искуство.rnrnОткако прочитавте за овој прекрасен град во Мароко, можеби ќе сакате да прочитате и за 6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџет.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr