Погледнете ги овие четири слики и одберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа. Сликата што ќе ја изберете ви носи порака од универзумот!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Универзумот работи во рамнотежа. Секоја акција произведува реакција, а секое дејство има своја последица. Ако вложувате љубов во она што го работите, ќе ви се врати со просперитет, среќа и богатство. Оваа порака доаѓа во вашиот живот денес за да ве потсети дека е исто толку добро да научите да давате колку што е добро да научите да примате. Не заборавајте и дека е неопходно да се сметате себеси достојни за добри работи за тие да почнат да се манифестираат во вашиот живот, бидејќи ќе го добиете само она што мислите дека го заслужувате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Она што универзумот сака да ви го каже е дека вие самите ја креирате вашата реалност. Можеби понекогаш се сомневате во вашата способност да ги материјализирате вашите соништа, но кога ќе се појават сомнежите, запомнете дека сте страсна, храбра личност и дека можете да го исполните сето она што ќе го посакате. Време е да почнете да верувате во себе и да го направите првиот чекор кон остварување на вашите соништа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Кога се чувствувате тажни, тоа е затоа што се навраќате на спомените од минатото, а кога се чувствувате вознемирени, тоа е затоа што поминувате многу време размислувајќи за иднината. Запомнете дека минатото и иднината не се ништо повеќе од ментални проекции на она што некогаш било и што некогаш би можело да биде. Единственото нешто што навистина постои и ви припаѓа е овде и сега, каде што животот навистина се случува. Оваа порака доаѓа во вашиот живот за да ви каже дека можеби нема да можете да го промените минатото, бидејќи она што се случило едноставно веќе се случило, но секогаш можете да направите нешто за да ја подобрите вашата сегашност и да продолжите напред кон посреќна иднина. Затоа, не заборавајте дека сè што правите денес со љубов и ентузијазам ќе се манифестира во вашата иднина утре.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]Вие сте личност која знае дека посветеноста и желбата за успех се клучниот елемент за градење на животот од вашите соништа и затоа целосно се посветувате на она што го правите. Вашиот главен предизвик е да бидете трпеливи и да научите да одите со текот на животот, бидејќи веројатно понекогаш сте малку загрижени и го доведувате во прашање природниот ритам на нештата. Запомнете дека сè што треба да направите е да го следите природниот пат кој ќе ве одведе до среќата. Ако дадете сè од себе во животот, секогаш ќе постигнувате резултати, затоа продолжете, дејствувајте со љубов, храброст и доверба дека сè ќе успее, во вистинското време и на вистинското место.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каква енергија ширите.rnrnИзвор: atma.hr
Category: Занимливости
-

Тест: Картата што ќе ја изберете ви носи порака од универзумот!
-

Најубавите цитати на Ван Гог за љубовта и успехот!
Зачекорете во светот на Винсент Ван Гог преку неговите најубави цитати! Овој легендарен холандски пост-импресионистички сликар остави неизбришлива трага во светот на уметноста, создавајќи 2.100 неверојатни дела кои продолжуваат да ја воодушевуваат публиката ширум светот. И покрај бројните неуспеси и борби во текот на неговиот краток, но сепак бурен живот, уметноста на Ван Гог е пример дека убавината може да се најде на најнеочекуваните места.rnrn
rn„Премногу ги сакав ѕвездите за да се плашам од ноќта.“
rn
„Љубовта секогаш носи тешкотии, тоа е вистина, но нејзината добра страна е тоа што дава енергија.“
rn
„Љубовта е нешто вечно; може да се промени аспектот, но не и суштината.“
rn
„Љубовта ја тера душата да исползи од нејзиното скривалиште.“
rn
„Нормалноста наликува на асфалтиран пат: удобно е да се оди по него, но овде не растат цвеќиња.“
rn
„Посакувам тие да ме прифатат таков каков што сум.“
rn
„Почетокот е можеби најтежок од сè друго, но верувајте во себе бидејќи сè ќе биде во ред.“
rn
„Единствената лекција што треба да ја научиме во овој живот е да научиме да страдаме без да се жалиме.“
rn
„Каков би бил животот ако немавме храброст да се обидеме?“
rn
„Успехот понекогаш е резултат на цела низа неуспеси.“
rn
„Попрво би умрел од страст отколку од досада.“
rn
„Секогаш го правам она што сè уште не можам да го направам, за да научам како да го направам.“
rnОткако ги прочитавте најубавите цитати на Ванг Гог за љубовта и успехот, можеби ќе сакате да ги прочитате и најубавите цитати од Руми за животот и љубовта.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Зошто Финска е најсреќната земја во светот?
Истражувањето кое имало за цел да открие која е најсреќната нација во светот било спроведено во 2022 година, а во него учествувале жителите на повеќе од 150 земји. Од резултатите станало јасно дека жителите на Финска се најсреќната нација, а еве зошто.rnrn
rnrnФренк Мартела, доктор, филозоф, истражувач и автор на книгата „Убавиот живот: перспективи во потрагата по смислата за постоење“, во која се обидува да открие зошто Финците се најсреќните жители во светот. Еве дел од неговите заклучоци:rn1. Во Финска никој не се споредува со другите
rn„Не се споредувајте со другите и не се фалете со својата среќа“ – вели една од познатите фински изреки. Но, за Финците тоа не се само зборови, тие го следат ова правило уште од раното детство. Тие не обраќаат многу внимание на материјалните работи бидејќи за нив материјалното е само прашање на потреба, а не начин да ја изразат својата личност.rn
2. Хармонија со природата како рецепт за среќа
rnСпоред истражувањето спроведено во 2021 година, за Финците е особено важно да поминуваат повеќе време во природа. Можноста да уживаат во свежиот воздух и да поминуваат многу време во природа им овозможува да го задржат душевниот мир и да заштедат енергија. Повеќето работници во Финска имаат право на 4 недели летен одмор. Го трошат, се разбира, во природа. Некои дури и некое време живеат во куќа без струја и вода, во целосна хармонија со природата. Тоа им служи како потсетник за тоа колку треба да бидат благодарни за она што го имаат, ги опушта и им дава енергија.rn
3. Лојалност, чесност и доверба во заедницата
rnГо изгубивте паричникот додека патувате со воз низ Финска? Постојат големи можности дека некој ќе ви го врати наскоро. Во 2022 година бил спроведен социјален експеримент наречен „изгубен паричник“ за да се тестира чесноста на граѓаните во 16 градови низ светот, а вкупно биле „изгубени“ 192 паричници. Во Хелсинки, главниот град на Финска, 11 од 12 паричници биле вратени на нивните сопственици. За споредба, во Москва само 7 паричници од 12, во Берлин – 6 од 12, а најлошо било во Мадрид (2 од 12) и Лисабон (1 од 12). Финците се обидуваат да воспостават чувство на лојалност, доверба, чесност во секоја заедница. Покрај чувството на заедништво, тие поставуваат и лични граници во обидот да го живеат животот што го посакуваат без влијание на околината.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Црно езеро кое се наоѓа на „покривот на светот“ и кое ја менува бојата во текот на денот
Езерото Каракул се наоѓа на надморска височина од четири илјади метри; лоцирано е на висок планински масив – Памир, кој се нарекува и покрив на светот. Старо е околу милиони години, а настанало откако на ова место удрил метеор.rnrn
rnrnПовисоко е од езерото Титикака, кое се издига на 3810 метри надморска височина на границата помеѓу Перу и Боливија.rnrnТаџикистан е рај за љубителите на планинарите; тука планините зафаќаат дури 93% од површината. Британските картографи го именувале како „Езерото Викторија“, додека Советите подоцна го прекрстиле во Каракул односно Црно езеро во чија близина се наоѓа истоименото село.rnrnСе протега на 33 километри од север кон југ и 24 километри од исток кон запад. Во текот на денот Црното езеро менува неколку нијанси, од тиркизно до кобалтно сино.rnrnНаслагите на сол што го опкружуваат сугерираат дека станува збор за еден од најсолените езера во Азија. Поради голема количина на сол во водата, овде преживуваат само одреден вид риби кои живеат на песочното дно на езерото. Но, мочуриштата и островите на езерото привлекуваат многу птици преселници како што се хималајските мршојадци.rnrnЗа време на Втората светска војна областа околу езерото служела како затворски логор за германските воени затвореници. Се верува дека поради тоа голем број од жителите се со посветла коса. Подоцна таму паселе овци и кози киргистанските номади кои во текот на летото се искачувале до езерото.rnrnЕдинствените преостанати локални жители се мал број Киргистанци. Тие организираат сместување за смелите посетители кои не се плашат од немилосрдните автопатишта на Памир ниту од роевите комарци кои се појавуваат во летото. Некогаш раскрсница на Централна Азија и станица на Патот на свилата, денес ова место е морничаво и празно.rnrnОткако прочитавте за карактеристиките на ова езеро, можеби ќе сакате да прочитате и каде се наоѓа најсмртоносното езеро во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Тест: Изберете клуч за да откриете што ве очекува во годините што доаѓаат!
Изберете го клучот што најмногу ви се допаѓа. Тој ќе ви открие што ве чека во годините што доаѓаат!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Клуч бр. 1″ active=”false”]Во следните неколку години, ќе започнете нови, возбудливи врски во вашиот живот! Не го давате лесно срцето, бидејќи некои луѓе не се достојни за вашата доверба, но овој пат не грижете се бидејќи луѓето кои ќе влезат во вашиот живот ќе ви го посакуваат само најдоброто.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Клуч бр. 2″ active=”false”]Ова ќе биде неверојатно успешен период за вас и за блиските луѓе. Вашата искреност ќе ви помогне да ги надминете сите пречки, а пријателите и семејството ќе ве бодрат на секој чекор од патот![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Клуч бр. 3″ active=”false”]Во следните неколку години ќе имате можност да запознаете нови работи за себе! Сите веќе знаат дека сте многу забавна личност, но нешто ќе разбуди уште еден аспект од вашата личност што ќе ги заинтригира другите. Многумина ќе сакаат да одат на состанок со вас![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Клуч бр. 4″ active=”false”]Некој со кој никогаш не очекувавте да се поврзете ќе стане многу важен дел од вашиот живот, а вашата врска ќе биде огромен благослов за двајцата! Бидете отворени за луѓето кои влегуваат во вашиот живот бидејќи никогаш не знаете кој ќе ви го промени животот засекогаш![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Клуч бр. 5″ active=”false”]Во наредните години ве очекуваат многу возбудливи познанства во вашиот живот! Бидете отворени кон другите и ќе доживеете прекрасни нови искуства, а луѓето кои ќе ги запознаете ќе ви дадат поддршка и утеха![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што најмногу ви значи во моментов.rnrnИзвор: atma.hr -

Кој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?
Никој не е љубител на градскиот превоз, но кога патуваме во друга земја, очекуваме сè да функционира како што треба, а се чини дека тоа навистина е така во овој европски град.rnrn
rnrnПорталот Time Out спровел анкета меѓу своите читатели за да открие кои градови имаат најдобар јавен превоз и врз основа на тие гласови и коментари ја креирал оваа топ листа од 19 градови.rnrnНа прво место се наоѓа Берлин поради неговиот сигурен, безбеден и удобен јавен превоз. Дури 97% од жителите на градот дале позитивни критики за метро системот U-Bahn со 9 линии и 175 станици, како и S-Bahn, метрото кое ги поврзува предградијата со центарот.rnrnВторото место го зазеде Прага, а дури 96% од жителите на овој град се изјасниле позитивно за неговиот градски превоз.rnrnТокио е на третото место, а сигурно знаете дека нивното метро сообраќа точно до секунда и носи огромен број луѓе секој ден, па е сосема нормално што жителите позитивно се изјасниле за него. Ова важи и за туристите.rnrnЦелата листа изгледа вака:rnrn1. Берлинrnrn2. Прагаrnrn3. Токиоrnrn4. Копенхагенrnrn5. Стокхолмrnrn6. Сингапурrnrn7. Хонгконгrnrn8. Тајпејrnrn9. Шангајrnrn10. Амстердамrnrn11. Лондонrnrn12. Мадридrnrn13. Единбургrnrn14. Паризrnrn15. Њујоркrnrn16. Монтреалrnrn17. Чикагоrnrn18. Пекингrnrn19. МумбајrnrnОткако прочитавте за најдобриот градски превоз во целиот свет, можеби ќе сакате да прочитате и за тоа како една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз.rnrnИзвор: timeout.com -

Тест: Изберете карта и откријте што е тоа што ве спречува да бидете среќни!
Многумина од нас носат рани од минатото кои продолжуваат да влијаат врз нашата сегашна реалност и нè спречуваат да одиме напред. За да го прекинеме овој негативен циклус, мора да ги излечиме нашите умови и срца, оставајќи зад себе сè што ни носи болка и фрустрација.rnrn
rnrnИзберете една од трите карти. Визуелно сите три се слични, но секоја од нив носи уникатна и карактеристична порака. Картата што ќе ја изберете ќе ви открие што е тоа што ве спречува да бидете среќни.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Има многу нерешени прашања во вашиот живот кои постојано ве принудуваат да носите погрешни одлуки за кои подоцна се каете. За да продолжите напред мора да ги затворите минатите циклуси и можеби за тоа ќе ви треба помош од експерт. Среќата и успесите се можни во вашиот живот, но за да ги примите, прво треба да го ослободите срцето од непотребните работи, за да создадете место за среќа и радост.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Самодовербата е вашата најголема сила која ви овозможува да издржите дури и кога се сомневате во себе или имате тешкотии. Имате голем потенцијал да постанете личност која отсекогаш сте сакале да бидете и да го живеете животот каков што отсекогаш сте посакувале, но мора да се ослободите од минатото. Не заборавајте дека она што се случило во минатото не може да се промени, но секогаш можете да направите нешто за да го подобрите вашиот живот[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Ве очекува голем успех во иднина поради сиот труд што го вложувате во моментот. Успех, љубовна врска, авантура – судбината ве подготвува за добри работи, но за да уживате во нив најдобро што можете, важно е да престанете да гледате во минатото. Не е важно колку сте сакале некоја личност или начин на живот бидејќи тоа веќе не е ваша реалност. Еден од најдобрите начини да се ослободите од минатото е да прибегнете кон свеста и мудроста бидејќи само така ќе најдете подобар живот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува оваа пролет.rnrnИзвор: atma.hr -

Зошто барем еднаш во животот треба да го посетите градот Агра?
Иако градот Агра е најпознат по преубавиот мавзолеј Таџ Махал, овде се наоѓаат и други атракции кои вредат да бидат посетени. Од гробницата на на Акбар до тврдината Агра, ова место е дом на некои од најважните споменици во Индија кои ја раскажуваат приказната за неверојатната историја на земјата.rnrn
rnrnДом на една од најстарите цивилизации во светот, Индија е мозаик од мултикултурни искуства. Со богато наследство и безброј атракции, земјата е меѓу најпопуларните туристички дестинации во светот. Зафаќа површина од повеќе од милион квадратни километри и се протега од хималајските височини покриени со снег до тропските дождовни шуми на југ.rnrnКако седма по големина земја во светот, Индија се издвојува од остатокот на Азија, обележана со планини и мориња, кои ѝ даваат на земјата посебен географски ентитет. Додека патувате низ земјата, ве очекува еден голем шаренолик мозаик од гастрономија, религија, уметност, занаети, музика, природа, историја и авантуристички спортови. Индија е волшебен спој од старото и новото.rnrnТаџ Махал е икона на Индија и една од најголемите туристички атракции во светот која секоја година привлекува милиони посетители во градот Агра. Прекрасната градба датира од 17 век. Царот Шах Џахан го изградил мавзолејот во чест на неговата сакана сопруга Мумтаз Махал која починала при пораѓање. Изградбата траела повеќе од 20 години, а биле ангажирани околу 20 илјади работници.rnrnТаџ Махал не е единственото место заштитено од УНЕСКО во овој град бидејќи овде се наоѓа и тврдината Агра, тврдина од црвен песочник која некогаш била престолнина на Могулското Царство.rnrn
rnrnТврдината Агра е изградена од страна на могулскиот император Акбар во 1565 година. Опкружена со бедеми долги 2,5 километри, тврдината има облик на полумесечина, а нејзиниот источен ѕид се наоѓа на брегот на реката Јамуна.rnrnСе вели дека изградбата на тврдината првично ја започнал императорот Акбар, но ја завршил неговиот внук Шах Јахан, кој тука ги додал повеќето мермерни споменици. Тврдината Агра се смета за вистинско ремек-дело, а на секој турист што доаѓа во Агра му се советува да одвои барем еден ден за да ја истражи оваа импозантна тврдина.rnrnИако можеби ќе сакате да си отидете од градот веднаш штом ќе го посетите Таџ Махал, сепак добро би било да останете овде уште малку со оглед на тоа дека можете да најдете сместување за сечиј џеб. Покрај тоа, најлесен начин да стигнете до Агра е со воз или такси од Делхи, а возењето трае помалку од два часа.rnrnОткако прочитавте за градот Агра, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

8 цитати кои ќе ве поттикнат да работите на вашето психичко здравје
Нашиот ум е алатка за паметење и расудување, но нема да можеме максимално да го искористиме доколку не го насочиме во вистинската насока.rnrn
rnrnНе можеме да бидеме лути на нашите умови што ја работат нивната работа, но можеме да преземеме чекори за да се осигуриме дека ќе останеме продуктивни и среќни. Во продолжение прочитајте ги цитатите кои можат да го подобрат вашето психичко здравје.rn„Спокојниот ум може да ја слушне интуицијата, без оглед на стравот.“
rnНашиот ум е дом на многу гласови. Ако не работиме максимално за целосно да го искористиме неговиот капацитет, некои од овие гласови може да се изгубат.rn
„Опуштете се. Не дозволувајте минатото да ја уништи сегашноста.“
rnМинатото е непроменливо, но нашите сеќавања за минатите настани често се менуваат, во зависност од нашето расположение и моменталната перспектива.rn
„Не можете да контролирате сè, не се ни обидувајте. Ценете ги нештата онакви какви што се.“
rnМожете да го контролирате само она што се случува во вашиот ум.rn
„Премногу размислување не води до среќата.“
rnНе можете сами да ја измислите среќата. Среќата е емоција што не можете да ја рационализирате. Кога се фокусирате на сегашниот момент, „добивате“ повеќе среќа од искуството.rn
„Непродуктивните мисли се како затворски решетки на умот, не трошете ја вашата енергија за да го заклучите вашиот потенцијал.“
rnНие сме способни за неверојатно изненадувачки подвизи и достигнувања. Единствените пречки што стојат на нашиот пат се нашите сопствени ограничувања или ограничувањата што им дозволуваме на другите луѓе да ни ги наметнат. Се ограничуваме со цел да се заштитиме од можни неуспеси и разочарувања. Ослободете се од вашите стравови и очекувања. Следете ги своите намери и срцето и на тој начин можете да постигнете сè што сакате.rn
“Забавете. Не зборувајте пред да слушнете. Размислете пред да реагирате. Пред да осудите, простете. Пред да се откажете, обидете се!“
rnЗабавете, дишете и внимателно дејствувајте. Откако ќе направите нешто, не можете да го вратите.rn
„Вашите мисли можат да станат ваши најголеми проблеми во животот.“
rnПрекумерното размислување ја троши енергијата. Тоа создава несакани чувства како страв, несигурност, ароганција или депресија.rn
„Не се вознемирувајте за тоа што може да тргне наопаку, бидете возбудени за сè што може да тргне како што треба.“
rnНашите стравови најлесно доаѓаат до израз кога размислуваме за иднината, но бидејќи сè е претпоставка, зошто да не се фокусираме на она што може да биде добро?rnrnОткако прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnИзвор: atma.hr
-

Зошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?
Кратката прошетка после јадење од околу само две минути може да помогне во намалувањето на нивото на гликоза во крвта и со тоа да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.rnrn
rnrnИстражувањето спроведено на Универзитетот во Лимерик во Ирска исто така покажало дека најдобро време е да се отиде на прошетка во рок од 60 до 90 минути по јадење. Во овој период, нивото на гликоза во крвта е на максимално ниво. Дополнително, ова истражување покажало и дека прошетката после оброк дава дополнителни придобивки, особено ако е подолга.rnrnИмено, после оброк, гликозата се ослободува во крвотокот, што резултира со мало покачување на нејзиното ниво во крвта. Иако малите скокови не се абнормални, одржувањето на нормалното ниво на гликоза е од суштинско значење во управувањето со дијабетесот, а мускулите се оние кои го апсорбираат вишокот на гликоза од крвотокот. Прошетката после вечерата исто така ослободува серотонин, кој придонесува за подобро спиење, го регулира апетитот, го поттикнува позитивното размислување и ја подобрува меморијата.rnrnПрошетката после јадење има многу придобивки. Без разлика дали имате висок крвен притисок или дијабетес, кратката прошетка по оброкот ќе го подобри вашето целокупно здравје преку:rn- rn 011
- регулирање на функцијата на цревата
- оптимизација на лимфниот систем
- подобрување на циркулацијата
- ослободување на „хормонот на среќата“.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnВажно е пешачењето да ви биде удобно и да стане вашата омилена активност, па дури и забава.rnrnОткако прочитавте за придобивките од пешачењето по секој оброк, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr