Вкусови што нè враќаат во детството: Слатки што никогаш не ги заборавивме

Сподели

Постојат вкусови што никогаш не се забораваат. Доволно е да видиме старо пакување или да почувствуваме познат мирис и веднаш се враќаме во времето кога најголемата радост беше ситни пари во џебот и посета на маалската продавница.

Реклама

Чоколадни бананчиња

Едно од оние слатки што со децении остануваат омилени. Мекото полнење со вкус на банана и чоколадната обвивка за многумина се вкус што веднаш ги потсетува на детството.

Реклама

Еврокрем на леб

За многумина немаше подобар појадок или ужина од парче леб со дебел слој крем. А кога во теглата ќе останеше сосема малку? Секако дека се собираше до последната лажичка.

Шарени лижавчиња

Реклама

Големи, мали, овошни или во најразлични форми – лижавчињата беа задолжителен дел од детството. Особено оние што го менуваа јазикот во црвена, сина или зелена боја.

Гуми за џвакање со сликички

Не беше важна само гумата за џвакање. Вистинското возбудување беше да се отвори пакувањето и да се види која сликичка се крие внатре. Се собираа, се разменуваа и внимателно се чуваа.

Наполитанки

Едноставни, крцкави и секогаш присутни на масата. Наполитанките беа десерт што речиси секогаш можеше да се најде во домот на баба и дедо, особено кога ќе дојдеа гости.

Бонбони во чинијата кај баба

Речиси секоја баба имаше една чинија или кутија полна со бонбони. Некогаш овошни, некогаш карамели, а понекогаш и оние што стоеја толку долго што сите точно знаевме каде се – но сепак земавме.

Домашни колачи

Пред модерните десерти и слаткарници, мирисот на свежо испечен колач беше доволен сите да се соберат во кујната. Ванилици, обланди, крофни и едноставни колачи со чоколадо остануваат дел од најубавите спомени за многумина.

Денес изборот на слатки е огромен, но вкусот на детството тешко може да се замени. Можеби затоа што не се работи само за храната – туку за луѓето, местата и безгрижните денови што ги поврзуваме со неа.

Најново

Може ќе ве интересира