КАФЕ ПАУЗА

Category: Истражувања

  • Сонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертите

    Сонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертите

    При толкувањето на сонот покрај контекстот треба да се обрати внимание и на помалите детали. Сепак, со оглед на тоа дека многумина од нас честопати сонуваат како патуваат, експертите се одлучија да дадат свое толкување за значењето на овој сон.rnrnСонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертитеrn

    Толкување на сонот

    rnВажно е да се напомене дека обидите за толкување на соништата врз научна основа се главно неуспешни. Општо земено, соништата се сметаат како средство за зацврстување на меморијата и потенцијално „предвидување“ на иднината (нашиот мозок поминува низ потенцијални сценарија што би можеле да се случат). Како и да е, секој барем еднаш во животот сонил сон што му се чинел премногу релевантен за сето она што моментално се случува и се запрашал кое е значењето на сонот. Само вие самите можете вистински да разберете што значат симболите во вашите соништа, но постојат некои вообичаени елементи во соништата, а се предмет на истражување.rn

    Причини зошто сонувате како патувате

    rn

    1. Копнеете по слобода

    rnДоколку сонувате дека патувате може да значи дека сте во потрага по слобода. Според научниците, во овој период на ограничувања, вашата желба за слобода на движење се одразува токму преку овие сонови.rn

    2. Вашиот живот е полн со случувања и активности

    rnПокрај желбата за слобода, соништата со патување можат да навестат дека има некакво движење во вашиот живот, без разлика дали е лично, професионално или географско.rn

    3. Работите се под ваша контрола

    rnДоколку во сонот патувате во возило и тоа сосема мирно, без никакви пречки, значи дека најверојатно чувствувате контрола над некој аспект од вашиот живот.rn

    4. Работите се надвор од контрола

    rnОд друга страна, доколку возилото во кое патувате наиде на некакви пречки на патот, тоа може да значи дека се соочувате со тешкотии при реализирање на вашите нови планови и дека најверојатно патот кој сте го избрале не е вистинскиот. Доколку во сонот возите автомобил и доживеете сообраќајна несреќа, тоа значи дека сте под некаков емотивен стрес.rn

    5. Имате напредок во кариерата (или размислувате во таа насока)

    rnДоколку сонувате како летате во авион, тоа може да биде поврзано со вашата кариера, бидејќи како што авионот полетува за да се вивне во небото, така и вие посакувате вашата кариера да достигне ново ниво. Од друга страна, авионите можат да го претставуваат и вашиот духовен свет.rn

    6. Барате нешто

    rnВо зависност од вашата дестинација, соништата како патувате можат да значат дека барате нешто во вашиот живот. Така, на пример, доколку вашата дестинација е плажа, тоа значи дека копнеете по мир. Доколку пак, патувате накај болница, тоа би можело да значи дека сте на патот кон исцелувањето.rnrnОткако прочитавте за толкувањето на соништата со патување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто имате повторливи соништа и што значат тие.rnrnИзвор: mindbodygreen.comrnrn 

  • Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

    Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

    Една од главните причини според кои печурките се доста застапени во нашата исхрана е нивниот вкус, но според нутриционистите, тие се карактеризираат и со здравствени придобивки. Печурките се одлична замена за месото и се богати со антиоксидантни својства кои го поддржуваат имунолошкиот систем во борбата против воспаленија и инфекции. Покрај тоа, во последно време се актуелизира влијанието на печурките во борбата со симптомите на депресија и анксиозност.rnrnКоја е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста? rnrnСекако, печурките не можат да бидат замена за терапија. Но, според едно истражување спроведено од медицинскиот колеџ Пен Стејт, печурките би можеле да ги намалат симптомите на овие болести.rnrnПодатоците на околу 24.000 возрасни испитаници во САД собрани во периодот помеѓу 2005 и 2016 година покажале дека луѓето кои често консумирале печурки имале пониски нивоа на депресија и анксиозност. Истражувачите откриле и дека оние испитаници кои јаделе печурки во умерена доза исто така имале помал ризик од заболување во споредба со оние кои воопшто не јаделе печурки или ги консумирале во многу мали количини.rnrnНаодите од истражувањето ја потврдиле хипотезата дека луѓето кои консумираат печурки имаат помал ризик од депресија поради високите нивоа на антиоксиданси, антиинфламаторни компоненти како и витамин Б-12.rn

    „Печурките се најголем извор на аминокиселината ерготионеин – антиинфламаторно средство кое луѓето не можат да го синтетизираат“, изјави главниот истражувач Џибрил Ба.

    rnИстражувањето е ветувачко во насока на нутриционистичко решение за превенција и третман на нарушување на расположението. Ејми Шапиро, нутриционист и основач на Real Nutrition, вели дека наодите од истражувањето се охрабрувачки, но потребни се повеќе истражувања за понатамошно проучување на потенцијалните придобивки од консумирањето печурки. Покрај тоа, истражувањето не споменува кои видови печурки ги користеле учесниците, туку дава само детален опис на храната што ја консумирале.rnrnСекој вид на печурка се одликува со различни нутритивни придобивки, но никогаш не може да се земе здраво за готово кога станува збор за менталното здравје. Кога станува збор за депресија и анксиозност, секогаш се претпочита психолошката терапија.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу печурките и симптомите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за крем супа од печурки.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs

  • Техника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор Дали

    Техника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор Дали

    Спиењето може да влијае позитивно врз креативноста и продуктивноста, но може и да им наштети. Дали премногу или премалку спиеме може да се види од резултатите во работата. Томас Едисон и Салвадор Дали користеле техники за релаксација за кои верувале дека ја поттикнуваат креативноста.rnrnТехника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор ДалиrnrnТехниката се одвива за време на состојбата на лесен сон, односно фазата помеѓу будењето и спиењето, кога можеме да сонуваме, но во исто време и да ги слушаме звуците што допираат до нас. Притоа, важно е да не навлеземе во состојба на длабок сон. Дали и Едисон кога се обидувале да се одморат, земале лажица в рака и ја држеле на работ од креветот. Во моментот пред да заспијат, приборот би паднал на подот, па така тие би се разбудиле.rnrnГрупа истражувачи одлучиле да проверат дали техниката е навистина ефикасна. Повеќе од 100 учесници биле поделени во два тима, од кои едниот тим имал време да се одмори, а другиот не. Целта било да се открие дали луѓето биле покреативни и попродуктивни после одмор.rnrnСепак, тешко е да се измери креативноста, па така истражувачите им дале математичка задача на луѓето за која била потребна снаодливост и размислување „надвор од кутијата“ бидејќи решението се криело во прашањето. Од сите испитаници кои немале време за одмор, само 30% ја решиле задачата, додека од оние кои биле на краток одмор дури 83% успешно ја решиле задачата. Според тоа, може да се заклучи дека техниката функционира. Важно е само да не навлеземе во состојба на длабок сон затоа што во тој случај ефектот е послаб.rnrnОткако прочитавте за техниката за одмор што ја користеле Салвадор Дали и Томас Едисон, ви предлагаме да прочитате и за 5-те видови на одмор за обновување на вашата енергија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 5 изненадувачки факти за љубовта и привлекувањето

    5 изненадувачки факти за љубовта и привлекувањето

    Сите знаеме дека љубовта е едно неверојатно, прекрасно чувство. Еден од најубавите начини да ја почувствуваме магијата на животот е да бидеме вљубени. Сепак, психолозите откриле дека љубовта е многу посложена отколку што веруваме, а ова се дел од фактите за љубовта кои сигурно ќе ви се чинат изненадувачки.rnrn5 изненадувачки факти за љубовта и привлекувањето rn

    1. Љубовта е сложена

    rnОна за кое верувате дека се должи како резултат на љубовната магија, всушност е комбинација од страст, привлечност и приврзаност која може да доведе до различни емоции почнувајќи од задоволство па сè до болка. Според истражувачите, хормоните серотонин, допамин и адреналин контролираат кого нè привлекува преку регулирање на нашето однесување во мозокот, придонесувајќи да се чувствуваме возбудено. Мозочните хемикалии или невропептиди како окситоцин и вазопресин од друга страна, ја регулираат нашата врска со друго лице.rn

    2. Љубовта може да го намали апетитот

    rnСте се запрашале ли зошто понекогаш пеперутките во стомакот ве тераат да заборавите на секакво чувство на глад? Факт е дека кога сте заљубени не се чувствувате гладни како вообичаено. За време на фазата на привлечност, во мозокот се ослободуваат во големи количини хормонот на среќата или допамин, хормонот на љубовта или окситоцин и хормонот на стрес норепинефрин. Овие хормони го потиснуваат вашиот апетит и придонесуваат да се чувствувате еуфорично и мрзеливо. Тоа понекогаш може да резултира и со губење на тежината и несоница.rn

    3. Љубовта е зависност

    rnНаучниците покажале дека љубовта може да биде позитивна зависност. Според едно истражување од 2016 година, симптомите на раната фаза на интензивна, романтична љубов како еуфорија, желба, зависност, повлекување, се слични со симптомите на зависност од дрога. За среќа, овие симптоми исчезнуваат како што напредува љубовната врска.rn

    4. Љубовната болка може да биде вистинска

    rnНе можете да се однесувате нормално секогаш кога ви недостига партнерот? Кога сте вљубени, се зголемува нивото на хормонот на стресот кортизол кој од друга страна може да доведе до занемарување на имунитетот. Истражувања покажале исто така дека партнерите можат да си влијаат еден на друг во поглед на менталното и физичкото здравје, па така здравствените проблеми на едниот можат да влијаат врз целокупната благосостојба на другиот.rn

    5. Љубовта е лек

    rnДали знаевте дека интензивното чувство на страсна љубов може да помогне при ублажувањето на болката? Љубовта може да ја зголеми или намали нашата перцепција за болка во зависност од нашата индивидуална психолошка регулација на чувствата. Љубовта е поврзана со функционалната врска на мозокот и помага да се контролира болката.rnrnОткако откривте дел од фактите за љубовта и привлекувањето, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Дали знаете кој е најскапиот град според најновите истражувања?

    Дали знаете кој е најскапиот град според најновите истражувања?

    Минатата година Тел Авив беше петти најскап град во светот за живеење. Најновото истражување на трошоците на живот Economist Intelligence Unit покажало дека израелскиот град во моментот е најскапиот град на целата планета.rnrnДали знаете кој е најскапиот град според најновите истражувања?rn

    Зошто е толку многу скап?

    rnИзвештајот за трошоците на живот опфаќа повеќе аспекти. Треба да се земе предвид фактот дека израелската валута, шекел, е многу силна па ги прави повисоки локалните цени кога тие се претвораат во американски долари. Додека просечно зголемување на цените за повеќето намирници било прилично скромно од околу 1,6 %, цените за околу една десетина од стоките нагло пораснаа. Се работи за цени на прехранбени производи, алкохол и транспорт (цените на алкохолните пијалаци во Тел Авив се на второ место на најскапите пијалаци во светот). Се смета дека пандемијата е барем делумно виновна, затоа што придонела за нарушувањето на синџирите на снабдување. Истражувањето функционира на тој начин што ги споредува цените на 200 производи и услуги вклучувајќи ги цените на храната, сметките за комуналните услуги и трошоците за транспорт, во 173 градови низ светот. Тие цени се претвораат во американски долар како централна валута, а потоа се споредуваат.rn

    Кои други градови се на врвот на листата?

    rnПариз и Сингапур го делат второто место, додека минатата година Париз беше на првото место. Досега генерален тренд беше развиените азиски градови и европски метрополи да го заземаат првото место, додека пак северноамериканските и кинеските градови имаат „релативно умерени цени“.rnrnЕве како изгледа листата:rnrn1. Тел Авивrn2. Париз и Сингапурrn3. Цирихrn4. Хонгконгrn5. Њујоркrn6. Женеваrn7. Копенхагенrn8. Лос Анџелесrn9. Осакаrn

    Кои се најевтините градови во светот?

    rnДамаск повторно го задржал своето место за најевтин град за живеење од листата со 173 градови, најмногу поради конфликтите што ја попречуваат сириската економија. Еве ја листата со најевтини градови во светот:rnrn1. Дамаск (Сирија)rn2. Триполи (Либија)rn3. Ташкент (Узбекистан)rn4. Тунис (Тунис)rn5. Алмати (Казакстан)rn6. Карачи (Пакистан)rn7. Ахмедабад (Индија)rn8. Алжир (Алжир)rn9. Буенос Аирес (Аргентина)rn10. Лусака (Замбија)rnrnОткако откривте кои се најскапи, а кои најевтини градови во светот според најновите истражувања, ви препорачуваме да прочитате и кои се најзелените градови во светот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Научниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравје

    Научниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравје

    Најновите истражувања покажале дека чувството на благодарност не само што влијае врз подобрување на менталното здравје, туку и позитивно се одразува врз среќата и целокупната благосостојба. Научниците откриле дека ефектите на чувството на благодарност врз мозокот и телото се сложени, но смирувачки и мотивирачки исто така. Во продолжение прочитајте каков ефект има благодарноста врз мозокот и телото според научните анализи.rnrnНаучниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравјеrn

    1. Чувството на благодарност го намалува бројот на срцеви отчукувања

    rnВо едно истражување, група учесници биле замолени да кажат неколку збора за сопствената мајка како и да објаснат колку многу ја сакаат и ценат. Истражувачите откриле дека нивниот пулс за време на оваа активност значително се намалил во споредба со групата која не интервенирала. Истовремено, од друга група учесници било побарано да се фокусира на некое лошо искуство и личност што особено ги налутила. Споредувајќи ги резултатите од двете групи, истражувачите дошле до заклучок дека чувството на благодарност го регулира ритамот на срцето на начин што го подобрува менталното здравје.rn

    2. Благодарноста ја зајакнува активноста на мозокот поврзана со емоциите

    rnИстражувањето користело функционална магнетна резонанца за да ја набљудува активноста на мозокот за време на мирна состојба. Притоа, било забележано дека чувството на благодарност позитивно влијае врз амигдалата, делче во мозокот познато по улогата да ги процесира емоциите.rn

    3. Благодарноста ја подобрува активноста на мозокот поврзана со мотивацијата

    rnЗа време на истражувањето, научниците го проучиле и влијанието што чувството на благодарност го има врз мотивацијата на учесниците. Тие ја анализирале активноста на јадрото во предниот мозок за време на мирна состојба. Ова е регион од мозокот одговорен за делумна когнитивна обработка на чувствата поврзани со мотивацијата, а неговата активност може да биде доведена во прашање кај поединците со значителна депресија. Студиите покажале дека редовното практикување благодарност ја подобрува активноста на јадрото.rnrnОткако откривте какви ефекти има чувството на благодарност врз нашиот ум, ви препорачуваме да прочитате и за 3-те едноставни начини за покажување благодарност што ќе ви помогнат да ширите позитивна енергија.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Истражувачите го откриле идеалното време за тренинг во вечерните часови

    Истражувачите го откриле идеалното време за тренинг во вечерните часови

    На сите нам ни е добро познато дека кога сме физички активни во текот на денот, можеме полесно да заспиеме навечер. Едно ново истражување се фокусирало токму на оваа врска помеѓу квалитетот на сонот и физичкиот напор. Авторите на студијата сакале да откријат кое е најидеалното време за вежбање во вечерните часови.rnrnИстражувачите го откриле идеалното време за тренинг во вечерните часовиrnrnИстражувањето било спроведено од страна на научници на канадскиот универзитет Конкордија. Учесниците кои биле дел од експериментите, биле претежно помлади и средовечни луѓе, а биле земени предвид нивниот начин на живот, здравствената состојба и физичката форма.rn

    „Сè на сè, нашата анализа покажа дека кај луѓето кои го завршуваат својот тренинг два часа пред спиење се забележува подобрување на квалитетот на сонот“, изјави водечкиот автор на студијата, Емануел Фримпонг, додавајќи: „Од друга страна, на учесниците кои одеа на спиење помалку од два часа по завршување на тренингот, им требаше повеќе време да заспијат, а и нивниот сон траеше пократко“.

    rnИстражувачите откриле и дека возењето велосипед може да биде корисен вид на рекреација, бидејќи луѓето кои се занимаваат со оваа активност имаат поцврст сон. Покрај тоа, научниците откриле и дека интензивните тренинзи кои траат од 30 до 60 минути исто така можат да придонесат за добар сон. Нивниот заклучок е:rn

    „Нашата препорака е доколку вежбате навечер, правете го тоа што е можно порано, за да не го намалите квалитетот на вашиот сон. Пожелно е вашиот тренинг да заврши најмалку два часа пред спиење“.

    rnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кој период од денот е најдобар за вежбање.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиењето?

    Која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиењето?

    Повеќето физички активни луѓе знаат дека вежбањето ни помага полесно да заспиеме. Сепак, најновото истражување покажало дека вежбањето непосредно пред спиење може да предизвика проблеми со спиењето кај здрави возрасни лица.rnrnКоја е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиење?rn

    Тренинзите и проблемите со спиењето

    rnСпоред истражувањето објавено во списанието Sleep Medicine Reviews, вежбањето со висок интензитет два часа (или помалку) пред спиење, може да влијае негативно врз квалитетот на спиење. Од друга страна, доколку помеѓу одморот и заспивањето има подолг временски период од два часа, тогаш можеме да спиеме „како бебиња“.rnrnИстражувачите откриле дека зголемениот пулс е една од причините зошто на учесниците им било тешко да заспијат набргу по вежбањето со висок интензитет. Тоа довело до физиолошка возбуда која траела дури и по три часа откако престанале да вежбаат.rnrnПокрај тоа, истражувачите ги навеле заморот на централниот нервен систем и промените во телесната температура како фактори што влијаат врз квалитетот на сонот по вежбањето.rnrnЗаклучокот е дека заспивањето може да се одложи поради зголемена телесна температура. Ова се случува бидејќи температурата на нашето тело мора малку да се намали за да може да настапи сонот. Спиењето може да се наруши доколку телесната температура е сè уште висока.rnrnКоја е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиење?rn

    Што ако сакате да тренирате навечер?

    rnСпоред истражувањето, вежбањето со висок интензитет повеќе од два часа пред заспивање може да има многу придобивки за сонот. Покрај тоа, краткиот период на акутна физичка активност со висок интензитет, за разлика од целосниот тренинг, не би имало никакви последици кај здрави, млади и средовечни лица и нема да го наруши спиењето.rnrnВрз квалитетот на спиењето може да влијае и типот на вежбите што се прават навечер: на пример, постојат поголеми шанси трчањето да предизвика замор и воспаление на мускулите отколку велосипедизмот.rnrnЗатоа, обидете се да вежбате два или повеќе часа пред спиење, без разлика дали одите во теретана или вежбате дома. Ако не можете да се организирате или едноставно сакате да тренирате пред спиење, направете го тоа брзо, и ако е можно, нека биде со помал интензитет, како што е возењето велосипед.rnrnОткако откривте за поврзаноста помеѓу вежбањето и проблемите со спиењето, ви препорачуваме да прочитате и кои се причините зошто ве боли главата по вежбањето.

  • Како темното чоколадо може да ви помогне кога сте депресивни?

    Како темното чоколадо може да ви помогне кога сте депресивни?

    Добри вести: едно неодамнешно истражување во кое биле опфатени 13.000 возрасни Американци покажало дека луѓето кои јаделе темно чоколадо во последните 24 часа биле 70% помалку склони кон депресија.rnrnrnrnПридобивките не се должеле само на задоволството од вкусот бидејќи истите ефекти не се постигнале со консумирање млечно чоколадо кое многумина го претпочитаат. Можеби ќе си речете дека луѓето кои се стремат кон здрав начин на живот веројатно и консумираат темно чоколадо. На крајот на краиштата, повеќето од нас знаат дека темното чоколадо може да спречи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, когнитивни нарушувања и многу други болести.rnrnНо, за разлика од другите истражувања, овие научници испитувале и други фактори кои го одредуваат начинот на живот, како физичка активност, пушење, алкохол, консумирање шеќер и број на калории кои се внесуваат дневно во организмот. Исто така земени предвид биле и возраста, полот, брачниот статус, образованието, приходите, телесната тежина и присуството на хронични заболувања. На крајот било лесно да се дојде до заклучок.rnrnУште подобро е што не постои некаква реална закана за вашиот струк затоа што доволна е мала количина темно чоколадо за да се постигнат овие антидепресивни ефекти. Во просек, испитаниците јаделе околу 15 грама дневно. Квалитетот на темното чоколадо исто така не играл улога: не мора да купувате скапи брендови кои ветуваат висок процент на какао.rnrnrn

    Кои состојки во темното чоколадо имаат антидепресивни ефекти?

    rn

    1. Флаваноли

    rnОва се хранливи материи што го штитат мозокот, а исто така се присутни и во црвеното вино, бобинките, јаболката, цитрусното овошје, зелен и црн чај.rn

    2. Кофеин и теобромин

    rnОвие состојки брзо делуваат врз подобрување на расположението и когнитивните процеси. Какаото е главен извор на теобромин, додека пак освен во кафето, кофеинот е присутен и во многу други намирници.rn

    3. Н-ацилетаноламини

    rnОваа масна киселина предизвикува еуфорични ефекти и е ветувачка во однос на лекувањето на бактериски, габични и вирусни инфекции. Исто така, има антивоспалителни, антибактериски и антивирусни својства.rn

    4. Фенилетиламин

    rnФенилетиламинот го зголемува лачењето на допамин, невротрансмитер што го подобрува расположението и е одговорен за мотивација и фокусираност.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, ви предлагаме рецепт со топло чоколадо и рум.

  • Дали е возможно да имате премногу слободно време?

    Дали е возможно да имате премногу слободно време?

    Замислете да имате можност самите да си одредите колку слободно време ќе имате во текот на денот. Колку часа би избрале? Но, запрашајте се и нешто друго: доколку навистина можете самите да си одредите колку слободно време ќе имате, дали би биле посреќни или тоа воопшто не би се одразило врз вашата благосостојба?rnrnrnrnВо едно ново истражување, тим од експерти работел со цел да најде одговор на ова прашање. Тие ја проучувале врската помеѓу слободното време и чувството на задоволство за да откријат дали помеѓу нив постои причинско-последичен однос. Истражувачите го дефинирале слободното време како време кое се користи за разонода или за некоја друга цел што нема поврзаност со тековните обврски.rnrnТие ја провериле тезата дека количината слободно време влијае врз човечката благосостојба и тоа на два начина. Најпрвин, тие побарале од учесниците во истражувањето да опишат што работат во своето слободно време, а потоа ги запрашале колку се задоволни во животот. Истражувачите сакале да дознаат и како секој од учесниците ќе реагира ако има можност да избере колку слободно време ќе има. За таа цел од нив било побарано да замислат две сценарија: во првото тие би го искористиле даденото слободно време на продуктивен начин, а во второто не.rnrnПреку анализа на нивните одговори, истражувачите дошле до следните заклучоци:rnrn1. Недоволното слободно време (помалку од 2 часа) негативно влијае врз благосостојбата на луѓето, а зголеменото слободно време пак, ги прави луѓето среќни но само до одреден степен.rnrn2. Луѓето можат да имаат премногу слободно време. Истражувачите откриле дека слободното време кое трае повеќе од 5 часа може негативно да влијае врз нашето расположение.rnrn3. Важно е како луѓето го користат своето слободно време. Кога го поминуваат во друштво со пријатели, или со некаков продуктивен исход, не ослабнува чувството на лична сатисфакција. Од друга страна пак, ако го поминуваат слободното време без да бидат продуктивни со текот на времето ќе стануваат сè повеќе раздразливи.rnrn4. Овие резултати важат подеднакво и за слободното време во текот на работната недела и за време на викендот, како за вработените така и за невработените.rnrnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, ви препорачуваме да прочитате и за друга студија според која главната разлика меѓу богатите и сиромашните луѓе лежи во тоа како го поминуваат слободното време.