Лекарите долго време се сомневаа дека антибиотиците ја намалуваат ефикасноста на таблетите за контрацепција, а новото обемно истражување на британските научници обезбеди дополнителни докази за таквата претпоставка.rnrn
rnrnИстражувањата откриле дека постои интеракција помеѓу антибиотиците и хормоналната контрацепција, што потенцијално може да ја намали ефикасноста на таблетите за контрацепција.rnrnТоа значи дека жените кои истовремено ги користат двата вида лекови, мора да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да избегнат несакана бременост, покажува истражувањето на британските научници од Институтот за клинички науки на Универзитетот во Бирмингем.rnrnНивните откритија сугерираат дека земањето антибиотици, во споредба со земањето други видови лекови, е поврзано со зголемените шанси за непланирана бременост, дури до седум пати. Наодите се резултат на обемна анализа спроведена на повеќе од 75.000 испитаници кои употребувале антибиотици.rnrnСе смета дека жените кои истовремено користат таблети за контрацепција и антибиотици, треба да користат дополнителна контрацепција како мерка на претпазливост.rnrnИстражувачите истакнаа дека ризикот од несакана бременост варира од жена до жена, во зависност од нејзините физиолошки карактеристики и од голем број дополнителни фактори.rnrnПрочитајте зошто не треба да пиете кафе додека земате пилули за контрацепција.
Дали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на таблетите за контрацепција?
