За поголемиот дел од светот, стан се купува на кредит, автомобил се издава под закуп, а одморите се отплатуваат на кредитна картичка до 24 месеци. Милионерите припаѓаат на оној мал број луѓе во светот кои не треба да размислуваат за пари.rnrnЕве како ги трошат своите пари и што можат да си дозволат.rn
1. Мегајахти од половина милјарди долари
rnМилионерите купуваат јахти, а милијардерите мегајахтите. Во 2010 година, Роман Абрамовиќ ја купи суперјахтата Еклипс, за која плати неверојатни 500 милиони долари.rnrn
rn
2. Скапи уметнички дела
rnНајскапата слика некогаш продадена на аукција е дело на Леонардо да Винчи наречено Салватор Мунди (Спасител на светот). Масло на платно од 1500 година, на кое е претставен Исус Христос, продадено на аукција во Кристис за 450 милиони долари. Муштеријата? Саудискиот принц Бадр бин Абдулах бин Мохамед бин Фархан Ал Сауд.rn
3. Куќа од 100+ милиони долари
rnНајбогатите луѓе во светот живеат во најскапите домови сместени во изолирани и добро обезбедени места и вклучуваат монументален имот со хелиопади, приватни спортски сали, кина, базени, џакузи и други луксузи. Џеф Безос го купи најскапиот имот во Калифорнија во февруари годинава, поточно дом во Беверли Хилс вреден 165 милиони долари. Од друга страна, најбогатиот Индиец живее со своето семејство во облакодер вреден 2,2 милијарди долари.rn
4. Вселенско патување
rnЗа вселенскиот туризам многу се зборува со години, но не е постигнат напредок во приближувањето на оваа активност до „обичните луѓе“. Наса троши 60 до 150 милиони долари за лансирање ракети во вселената, а првиот патник кој патуваше во орбитата на Земјата беше Денис Тито. За оваа авантура плати 20 милиони долари.rn
5. Учество во филм
rnНекои богати луѓе навистина мораат да работат напорно за да се најдат на излегувањето на голем филм како што се филмовите на Стивен Спилберг. Другите ги вложуваат своите пари во филм и добиваат продукциска титула.rn
6. Сопствен авион
rnМилионери летаат од прва класа и изнајмуваат приватни авиони. Но, само милијардерите можат да си дозволат сопствен авион и да плаќаат висока цена за одржување. Модел како „Галфстрим Г650“ се продава за 65 милиони долари.rn
7. Приватна подморница
rnКој размислува да нурка 20.000 милји под вода? Милионерите. Тие лесно можат да си дозволат приватна подморница како Тритон, која чини околу 48 милиони долари и може да стигне до самото дно на океанот.rn
8. Ретро спортски автомобил
rnМожеби вие ќе издвоите околу четвртина милиони долари за новиот модел на Тесла. Но, ако сакате да возите ретки колекционерски предмети како Ferrari 250 GTO од 1962 година, ќе мора да издвоите неколку десетици милиони долари. Направени се само 39 примероци од овој модел, а на приватна аукција во 2014 година, еден беше продаден за цели 38 милиони долари.rnrn
rn
9. Зграда со сопственото име
rnПотребни ви се неколку стотици илјади долари за да основате фондација со свое име. Но, ако сакате вашето име да биде на зграда, ќе мора да издвоите од 15 до 20 милиони долари. Бостонскиот магазин еднаш објави дека ова се цените за именување делови во бостонските болници, односно на фасадите на важни згради.rn
10. Фонации за кучиња
rnШто би се случило со вашето омилено милениче во случај на ваша смрт? И богатите размислуваат за тоа.. Наследничката на големата хотелска империја, Леона Хелмсли, му остави дел од хотел на своето кученце кој е вреден околу 12 милиони долари.rnrnПрочитајте кои се 12-те погрешни верувања за богатите луѓе.