8 психолошки причини зошто некој ви изгледа попривлечно

Сподели

Иако постојат некои стандарди за привлечност и за убавина, сепак, вашите лични склоности играат голема улога. Во продолжение ќе откриете кои карактеристики кај луѓето ги сметате за привлечни, дури и без да бидете свесни за тоа.rn

Реклама

1. Зеници

rnЗениците ја менуваат својата големина како реакција на емоциите и стануваат поголеми кога сте среќни. Некои истражувања покажаа дека потсвесно сметаме дека луѓето со големи зеници се попривлечни затоа што тоа укажува на нивната заинтересираност за нас. Во минатото, Италијанките намерно ги проширувале своите зеници користејќи отровен екстракт од растението беладона за да им бидат попривлечни на додворувачите.rn

2. Пропорции на половината

rnПропорциите на половината и на колковите отсекогаш се сметале за една од најважните карактеристики кај изгледот на жената. Според истражувања, колку е помал соодносот на половината и на колковите, толку жената му е попривлечна на мажот.rn

3. Симетрија на лицето

rnИстражувачите потврдија дека симетричните лица се сметаат за попривлечни за разлика од оние со помала симетрија затоа што визуелните рецептори на луѓето многу полесно може да го обработат симетричното лице. Друга причина за ова е тоа што ние биолошки ги поврзуваме симетричните лица со добрите гени.rn

4. Просечност

rnСпоред истражувањето, луѓето повеќе претпочитаат просечен изглед. Ова може да има различни објаснувања: или станува збор за биолошките предности, како што се добрите гени или мозокот на човекот едноставно претпочита потипични лица.rn

5. Исхрана

rnЕдно мало истражување покажува дека изборот на храна всушност може да му помогне на мажот да ѝ биде попривлечен на жената. Мирисот на мажите кои неодамна јаделе овошје и зеленчук се смета за подобар отколку мирисот на мажите кои често јадат леб и тестенини.rn

6. Глас

rnСпоред истражувањето, жените го поврзуваат длабокиот глас на мажите со зрелоста, со што ги сметаат за попривлечни.rn

7. Мирис

rnМирисот на жената може да влијае на тоа колку таа им е привлечна на мажите. Но, ова важи за одреден мирис – оној што се базира на репродуктивните хормони кај жените. Како што покажуваат истражувањата, жените им се многу попривлечни на мажите во текот на фазата на овулација бидејќи нивото на хормоните во овој период е повисоко, што укажува на нивната плодност.rn

8. Вкус

rnКога се бакнувате, разменувате многу бактерии, а тоа има и практично значење, односно ви помага да откриете дали си одговарате со некоја личност. Па така, дали некоја личност ќе ви биде привлечна зависи од нејзиниот вкус.

Погледнете ги овие 15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации.

Популарно

Може ќе ве интересира