Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од развој на потежок облик на ковид-19, според истражувањето на британскиот „Биобанк“, регистар што го следи здравјето на испитаниците.rnrn
rnrnНаучниците анализирале податоци од над 400.000 луѓе вклучени во истражувањето.rnrnОд сите испитаници, 973 од нив развиле тешка форма на ковид-19 откако биле заразени со коронавирусот, поради што морале да бидат хоспитализирани.rnrnЛуѓето што се движеле бавно имале најголем ризик да добијат ковид-19, без оглед дали се слаби или имаат вишок килограми.rnrnЛуѓето со нормална тежина кои оделе бавно – помалку од 4,8 километри на час, имале двојно поголема веројатност да развијат тежок облик на ковид-19 во споредба со лицата со нормална тежина кои оделе со брзина поголема од 6,4 километри на час.rnrnЛичностите што одат бавно честопати имаа и други здравствени нарушувања.rnrnБрзината на движењето често се користи за да се тестира физичкиот капацитет кај возрасните луѓе и да се предвидат ризиците од заболување, инвалидитет и смрт.rnrnИсто така, споредено со луѓето со нормална физичка тежина, оние со вишок килограми имале 49% поголем ризик за развој на тежок облик на ковид-19.rnrnПрочитајте зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите.
Истражување: Луѓето кои одат побрзо имаат помал ризик од инфекција
