КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и цитати

  • Најпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовта

    Најпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовта

    Несомнено, Елиф Шафак е една од најпознатите современи авторки чии дела се преведени на педесет јазици. Најпознатите романи на оваа повеќекратно наградувана британско-турска авторка се: „Четириесет правила на љубовта“, „Копилето од Истанбул“, „Чиракот на архитектот“ и „Трите ќерки на Ева“. Во продолжение прочитајте дел од нејзините најпознати цитати.rnrnНајпознатите цитати на Елиф Шафак за животот и љубовтаrn

    „Секоја вистинска љубов и пријателство е приказна за неочекувана трансформација. Ако сме истата личност пред и откако сме сакале, тоа значи дека не сме сакале доволно.“

    rn

    „Љубовта не може да се објасни. Може само да се доживее. Љубовта не може да се објасни, но таа објаснува сè.“

    rn

    „Како што глината мора да се испече на висока температура за да биде цврста, така и љубовта може да стане посилна само благодарение на болката.“

    rn

    „Колку е ужасно да сте ментално и емоционално приврзани за некој од кого сте физички одвоени.“

    rn

    „Секогаш беше вака. Кога ја зборуваше вистината, те мразеа. Колку повеќе зборуваше за љубов, толку повеќе те мразеа.“

    rn

    „Каква корист може да се има од човек кој не може да се свикне на едно место? Ако човекот нема чувство на припадност тогаш е препуштен сам на себе да талка, како сув лист на ветрот.“

    rn

    „Што значи трпението? Тоа значи да се погледне трнот и да се види розата, да се погледне ноќта и да се види зората.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15 цитати од Тони Морисон што ќе ви го осветлат денот колку и да ви е тешко.rnrnИзвор: quotecataog.com

  • Најубавите цитати на Херман Хесе за животот и љубовта

    Најубавите цитати на Херман Хесе за животот и љубовта

    Херман Хесе, роден во Германија, е еден од најпознатите писатели на дваесеттиот век чии најпознати дела се „Сидарта“, „Играта со стаклена мониста“ и „Демијан“. Тој е и добитник на Нобеловата награда за литература, а во неговите дела честопати е присутна потрагата на поединецот по духовност како и желбата за самоспознавање. Во продолжение прочитајте дел од неговите цитати за животот и љубовта.rnrnНајубавите цитати на Херман Хесе за животот и љубовтаrn

    „Отсекогаш верував и сè уште верувам дека без разлика на добрата или лошата судбина која може да нè снајде, секогаш можеме да ѝ дадеме значење и да ја претвориме во нешто вредно.“

    rn

    „Секое искуство има нешто магично во себе.“

    rn

    „Немам право да се нарекувам некој што знае. Бев оној кој истражува, и сè уште сум, но веќе не истражувам во ѕвездите или во книгите. Почнувам да ги слушам учењата на крвта која пулсира во мене. Мојата приказна не е хармонична како измислените приказни; има елементи на будалштина и збунетост, на лудост и сон, како животот на сите луѓе кои повеќе не сакаат да се лажат себеси.“

    rn

    „Кога некој ви се допаѓа, ви се допаѓа и покрај неговите маани. Кога сакате некого, го сакате со неговите маани.“

    rn

    „Сакајте ја вашата болка. Не ѝ се спротивставувајте, не бегајте од неа.“

    rn

    „Луѓето со храброст и карактер секогаш ќе им изгледаат чудни на другите.“

    rn

    „Среќата е љубов, ништо друго. Човек кој е способен да љуби е среќен човек.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати од Херман Хесе, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnИзвор: azquotes.com

  • Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот

    Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот

    Џеки Чен е една од најпознатите и најуспешните холивудски ѕвезди. Сепак, патот до славата за него воопшто не бил лесен, а упорноста и желбата за успех биле клучни во развојот на неговата кариера. Во продолжение прочитајте дел од неговите најдобри цитати кои ќе ве инспирираат да ја преземете контролата врз вашиот живот и максимално да уживате во него.rnrnНајдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и живототrn

    „Јас сум добар за некои работи, но лош за многу други работи.“

    rn

    „Никогаш не сакав да бидам вториот Брус Ли. Само сакав да бидам првиот Џеки Чен.“

    rn

    „Не дозволувајте околностите да ве контролираат. Вие ќе ги смените околностите.“

    rn

    „Бев жртва на булизам бидејќи бев исплашен и не знаев како да се бранам. Ме малтретираа додека не спречив нов ученик да биде малтретиран. Залагајќи се за него, научив да се залагам за себе.“

    rn

    „Семејството не е оној чија крв е во тебе, туку оној кого го сакаш и оној кој те сака.“

    rn

    „Сега кога сум постар, разбирам дека треба да се прифатиме онакви какви што сме.“

    rn

    „Јас сум луд, но не сум глупав.“

    rn

    „Понекогаш е потребен само еден чин на љубезност и покажување грижа спрема некого за да му го промените животот.“

    rn

    „Најдобрите борби се оние што ги избегнуваме.“

    rn

    „Ако некој не сака да се приврзува за луѓето и желбите, никогаш нема да му биде скршено срцето. Но, тогаш, дали тој некогаш навистина живеел?“

    rn

    „Да се мирува и да не се прави ништо се две сосема различни работи.“

    rn

    „Сè што сакам е мојата работа да ги прави луѓето среќни.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Џеки Чен, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Ричард Гир за светот и среќата.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

    Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

    Во продолжение прочитајте дел од најдобрите цитати на Ричард Гир, еден од најпознатите американски актери.rnrnМоќни цитати на Ричард Гир за светот и среќатаrn

    „Направив многу грешки. Клучот во животот е да се учи од нив. Бев премногу интроспективен, но мислам дека тоа произлезе од несигурноста или срамежливоста. Ми требаше многу време да пораснам.“

    rn

    „Никој не е имун на љубезноста.“

    rn

    „Мислам дека филмовите веројатно се огледало на некој начин за да можеме да се видиме себеси во нив.“

    rn

    „Кога некој има силна интуитивна поврзаност со некој друг, будизмот сугерира дека тоа е поради кармата, некоја мината врска.“

    rn

    „Секако дека имало подобри актери од мене кои немале актерска кариера. Зошто? Не знам.”

    rn

    „Како чувари на планетата, наша одговорност е да се однесуваме со сите животински видови со добрина, љубов и сочувство. Неразбирливо е животните да страдаат поради човечката суровост.“

    rn

    „Она што на сите ни е заедничко е добрината и сочувството – сите религии го имаат ова. Сите ние се осврнуваме кон љубовта.“

    rn

    „Попрво би сакал да бидам сакан отколку да имам пари и сите други работи.“

    rn

    „Од будистичка гледна точка, емоциите не се реални. Како актер, произведувам емоции. Тие се дел од претставата. Но, реалниот живот е ист. Едноставно не сме свесни за тоа.“

    rn

    „Луѓето секогаш зборуваат за слобода. Слобода да се живее на одреден начин. Се разбира, колку повеќе живеете на одреден начин, толку помалку се чувствувате слободни. Јас можам да се променам во текот на еден ден. Се будам и сум една личност, кога ќе заспијам навечер сигурно сум некој друг. Најчесто не знам кој сум.“

    rn

    „Луѓето не разбираат што претставува среќата. Тие само имаат некаква идеја за она што може да ги направи среќни, но, во суштина, тоа не ги прави среќни.“

    rn

    „Да можете да го прочитате сопствениот ум значи да се погледнете себеси и да си ја прочитате душата, а дури тогаш омразата ќе се претвори во љубов.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан.rnrnИзвор: wealthygorilla.com

  • Најдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!

    Најдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!

    Џек Керуак е познат американски романсиер и поет, чија писателска кариера достигна вистински успех по објавувањето на романот На пат. Книгата напишана во текот на само три недели стана американска класика која ја дефинираше Бит генерацијата. На пат опишува серија патувања низ САД на група млади луѓе кои максимално уживаат во убавината на животот додека се речиси без пари.rnrnНајдобрите цитати на Џек Керуак кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура!rnrnИ покрај тоа што имал успешна писателска кариера, Керуак станал жртва на дрогата и алкохолот и живеел со својата зависност до самиот крај. Неговата работа, сепак, продолжува да ја инспирира денешната младина. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати кои ќе ви ја разгорат страста за патување и авантура.rn

    „Оние кои ги следат трендовите и популарните мислења не можат да постигнат големи нешта.“

    rn

    „Најдобар учител е искуството, а не нечија искривена гледна точка.“

    rn

    „Еден ден ќе ги најдам вистинските зборови, а тие ќе бидат едноставни.“

    rn

    „Понудете им го она што потајно го сакаат, а нив веднаш ќе ги обземе паника.“

    rn

    „Сфатив дека мојот живот е огромна блескава празна страница и можам да направам сè што сакам.“

    rn

    „Живејте, патувајте, препуштете им се на авантурите и не жалете.“

    rn

    „Не користете го телефонот. Луѓето никогаш не се подготвени да одговорат. Користете поезија.“

    rn

    „Мојата вина, мојот неуспех, не е во страстите што ги имам, туку во мојот неуспешен обид да ги контролирам.“

    rn

    „Бев изненаден, како и секогаш, од тоа колку лесно беше да се замине и колку добро тоа звучеше. Светот одеднаш стана полн со можности.“

    rn

    „На крајот на краиштата, нема да се сеќавате на времето што сте го поминале работејќи во канцеларија или косејќи го тревникот. Качете се на таа проклета планина.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Џек Керуак, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Цитати на Ентони Хопкинс за животот и времето

    Цитати на Ентони Хопкинс за животот и времето

    Роден на 31 декември 1937 година, Сер Ентони Хопкинс е еден од најистакнатите холивудски актери, а неговиот успех се должи на напорната работа. Во продолжение прочитајте ги неговите најпознати цитати за животот.rnrnЦитати на Ентони Хопкинс за животот и времетоrn

    „Мојата филозофија е: Не се грижам што луѓето велат за мене и што мислат за мене. Јас сум тоа што сум и го правам тоа што го правам. Не очекувам ништо и прифаќам сè. Тоа го прави животот многу полесен.“

    rn

    „Животот е тежок, но само треба да станете од креветот, да излезете и да го направите тоа.“

    rn

    „Денес е денот за кој бев загрижен вчера.“

    rn

    „Во одредени моменти од нашиот живот добиваме мали сигнали кои велат – ова е твое ако го сакаш .“

    rn

    „Нема кратенка до среќата, треба да го живеете сопствениот живот.“

    rn

    „Животот е толку краток, извонреден и полн со ужаси, но јас сакам сето тоа да го видам. Затоа ја напуштив мојата удобна зона.“

    rn

    „Сè е случајно и нема гаранции.“

    rn

    „Фасциниран сум од фактот што не можеме да го сфатиме времето.“

    rn

    „Магичната, натприродна сила што постојано нè придружува е времето. Не можеме ни да го сфатиме. Времето е таква илузија, тоа е толку чудна работа.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Мајкл Џордан!

    Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Мајкл Џордан!

    Не пропуштајте ги овие инспиративни цитати на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан!rnrnНе пропуштајте ги најдобрите цитати на Мајкл Џордан!rn

    „Мора да очекувате големи работи од себе пред да можете да ги направите.“

    rn

    „Секогаш барајте начин да ја претворите негативната ситуација во позитивна.“

    rn

    „Учењето е подарок, дури и кога болката е вашиот учител.“

    rn

    „Некои луѓе сакаат тоа да се случи, некои посакуваат да се случи, други го прават тоа да се случи.“

    rn

    „Ако ги прифатите очекувањата на другите, особено негативните, тогаш никогаш нема да го промените исходот.“

    rn

    „Татко ми велеше дека никогаш не е доцна да направиш нешто што сакаш да го направиш. И тој рече дека никогаш не знаеш што можеш да постигнеш додека не се обидеш.“

    rn

    „Клучот за успехот лежи во неуспехот.“

    rn

    „Знам дека стравот е пречка за некои луѓе, но за мене е илузија. Неуспехот секогаш ме тераше да се обидам одново следниот пат.“

    rn

    „Ако налетате на ѕид, не вртете се и не откажувајте се. Размислете како да се искачите преку него.“

    rn

    „Можам да прифатам неуспех. Но, не можам да го прифатам фактот дека не сум се обидел.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Мајкл Џордан, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Боб Рос за светот и среќата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Моќни цитати за поголема самопочит!

    Моќни цитати за поголема самопочит!

    Дали некогаш ви се случило да се почувствувате себеси недостојни за љубовта и почитта од другите околу вас? Однадвор, вашиот живот можеби изгледа совршено, имате среќно семејство и родители кои ве поддржуваат. Сепак, понекогаш си велите дека не ја заслужувате сета таа среќа. Во продолжение прочитајте неколку инспиративни цитати кои ќе ви ја вратат самопочитта.rnrnМоќни цитати за поголема самопочит!rn

    „Обидете се да не се гледате себеси низ очите на оние кои не ве ценат. Знајте ја вашата вредност дури и ако тие не ја знаат.“ – Непознат автор

    rn

    „Запомнете дека онаму каде е вашето срце, таму ќе го најдете своето богатство.“ – Пауло Коељо

    rn

    „Да се биде убав значи да се биде свој. Не треба да бидете прифатени од другите. Треба да се прифатите себеси.“ – Тич Нат Хан

    rn

    „Штом ќе научите како да бидете среќни, нема да толерирате да бидете во близина на луѓе кои прават да чувствувате нешто помалку.“ – Непознат автор

    rn

    „Самодовербата е супер сила: штом ќе почнете да верувате во себе се случува магија“. – Непознат автор

    rn

    „Не сакам да седам и да се надевам дека ќе се случат добри работи. Сакам да ги остварам. Сакам да ја контролирам сопствената судбина.“ — Дру Баримор

    rn

    „Премногу луѓе го преценуваат она што не се и го потценуваат она што се.“ — Малколм С. Форбс

    rn

    „Колку сте поискрени со себе, толку помалку некој друг може да ве повреди“. – Метју Кобах

    rn

    „Ако имате идеја за која искрено мислите дека е добра, не дозволувајте некој идиот да ве предомисли.“ — Стен Ли (Марвел)

    rn

    „Да се биде свој во свет кој постојано се обидува да те направи нешто друго е најголемото достигнување.“ – Ралф Валдо Емерсон

    rn

    „Понекогаш најтешкиот дел од патувањето е да веруваш дека си достоен за патувањето.“ ― Глен Бек

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Курт Кобејн.rnrnИзвор: themindsjournals.com

  • Најпознатите изреки на Конфуциј за животот, светот и моралот

    Најпознатите изреки на Конфуциј за животот, светот и моралот

    Конфуциј е еден од најпознатите филозофи на сите времиња. Дел од неговите мудрости и учења се собрани од неговите ученици и објавени како дел од збирката изреки „Аналекти“. Тие ги изразуваат вредностите на конфуциската традиција – усовршувањето на личниот карактер преку потрагата по моралните одлики како храброста, мудроста и добродетелта. Во продолжение прочитајте дел од нив.rnrnНајпознатите изреки на Конфуциј за животот, светот и моралотrn

    „Никогаш не наметнувајте им го на другите она што не би го избрале за себе.“

    rnТоа е „златното правило“ и суштината на вистинското сочувство. Сочувството значи да ја гледате друга личност еднаква на себе во сите аспекти. Всушност, тоа е како да се гледате себеси во секоја друга личност. И затоа не можете да повредите никого без да си наштетите и самите себе.rn

    „Вистинското знаење лежи во свеста за сопственото незнаење.“

    rnНезнаењето е намерно занемарување или одбивање да се стекне знаење. Тоа е присутно секогаш кога намерно или не, одбиваме да ги прошириме сопствените видици за да ја видиме поголемата вистина.rn

    „Слушам и заборавам. Гледам и се сеќавам. Правам и разбирам.“

    rnСамите мораме да доживееме нешто за навистина да го разбереме. Ако слушаме нешто, тоа може да биде ни интересно. Ако гледаме нешто, можеби ќе ни биде убаво. Но, само ако го почувствуваме тоа докрај, тогаш можеме навистина да знаеме за што се работи.rn

    „Сè има своја убавина, но не секој може да ја види.“

    rnПреку оваа изрека, Конфуциј ни порачува да ја отфрлиме маската преку која постојано го гледаме и оценуваме светот, обезличен од нашите желби и верувања. Со други зборови, треба да ги гледаме работите онакви какви што се. Ако бидеме способни да го направиме ова – макар и само за секунда, ќе можеме да видиме дека сè во природата е како што треба. И токму во ова природно совршенство лежи убавината.rn

    „Каде и да одиш, оди со сето свое срце.“

    rnШто и да правите и на што и да се обврзете, направете го тоа целосно и дајте сè од себе. Тоа е суштината на carpe diem – искористување на денот и тоа е сигурно најдобриот начин да бидете задоволни со она што го работите и да ги добиете најдобрите резултати.rn

    „Успехот не значи отсуство на пораз, туку пред сè ја означува волјата да се обидеме одново по секој пораз. “

    rnНе постои неуспех, постојат само искуства кои вредат да бидат доживеани. Или како што рекол Томас Едисон за измислувањето на сијалицата: „Не потфрлив туку само најдов 10.000 начини кои не функционираат“. Важно е да не се откажувате и да научите да ги користите своите искуства за да станете подобри и на крајот да успеете.rn

    „Кој учи, а не мисли, тој е изгубен. Оној што мисли, а не учи, е во голема опасност.“

    rnКонфуциј ја објаснува врската помеѓу учењето и размислувањето. Учењето е корисно само ако го поврземе со размислувањето во нашите сопствени умови, со она што веќе го знаеме и што е корисно за нас. Ова, исто така, нè спасува од слепо следење на кое било знаење и тврдење без да ја провериме неговата вистинитост и валидност.rn

    „Оној што сака да ја усоврши својата работа мора првин да ги подготви своите алати.“

    rnОвде Конфуциј укажува на потребата од планирање и подготовка. Ова може да подразбира и подобрување на личните вештини што ви се потребни за да бидете успешни. Така, ако, на пример, сакате да одржувате говори, морате да ги подобрите вашите комуникациски вештини. Затоа, не заборавајте дека добрата подготовка е еден од клучните елементи за постигнување успех.rnrnОткако ги прочитавте овие изреки на Конфуциј, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот

    Инспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на животот

    Сите ние водиме тешки битки на овој свет. Управувањето со нашиот приватен и професионален живот понекогаш може да биде прилично стресно. Затоа, секогаш кога се соочуваме со неуспех во животот една од неколку работи што можеме да ги направиме е да дозволиме инспиративните цитати да ни помогнат и да ни бидат ѕвезда-водилка. Во продолжение прочитајте неколку од нив.rnrnИнспиративни цитати кои ја прикажуваат суштината на живототrn

    „Што ако наместо да бидеме обесхрабрени од двосмисленоста и несигурноста на животот, го прифатиме таков каков што е и почнеме да уживаме во него?“ — Пема Чодрон

    rn

    „Дишете. Препуштете се и потсетете се дека токму овој момент е единственото нешто за кое сте сигурни дека го имате.“ – Опра Винфри

    rn

    „Нашите верувања го ограничуваат нашето искуство во животот.“— Пема Чодрон

    rn

    „Време е да започнете да го живеете животот што сте го замислиле.“ – Хенри Џејмс

    rn

    „Послободни сме отколку што мислиме.“ — Мишел Фуко

    rn

    „Честопати се случува да живееме заробени во синџири и никогаш да не дознаеме дека го имаме клучот.“ — Орелот (филм)

    rn

    „Животот значи да ги прифатите предизвиците на патот, да продолжите да чекорите напред и да уживате во патувањето.“ -Рој Т. Бенет

    rn

    „Јас не се срамам од моето минато. Навистина сум горда. Знам дека направив многу грешки, но сите тие беа мои животни лекции.“ – Дру Баримор

    rn

    „Постоите во времето, но ѝ припаѓате на вечноста.“ – Ошо

    rn

    „Не чувствувајте се осамено бидејќи целиот универзум е во вас.“― Руми

    rn

    „Среќата зависи од тоа што можете да дадете, а не од она што можете да го добиете.“ ― Свами Чинмајананда

    rn

    „Ако не добиете нешто, тоа значи дека нешто поголемо доаѓа на патот.“ — Анонимен автор

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот.rnrnИзвор: themindsjournal.com