Малото вулканско езеро Ниос во Камерун е познато како најсмртоносното езеро во светот од 1986 година, кога овде животот го загубиле повеќе од 1.700 луѓе и повеќе од 3.500 животни.rnrn
rnrnИако сето ова звучи како некоја хорор приказна, тоа навистина се случило и некако ги потврдило митовите и легендите кои со децении кружат за езерото старо 400 години.rnrnПред вулканската ерупција на 21 август 1986 година се слушнал некаков татнеж или гром кој ги разбудил жителите на околните населби, а потоа од многубројните млазници почнала да избива вода.rnrnОд таа вода излегувала бела пареа и формирала облак кој се проценува на меѓу 300 илјади и 1,6 милиони тони и кој се ширел со брзина од околу сто километри на час. Потоа се случила катастрофата, при што 1.746 луѓе и повеќе од 3.500 животни ги загубиле животите во околните села и градови.rnrnОние кои излегле да проверат од каде доаѓа татнежот, биле пронајдени задушени на улица, а останатите починале во сон. Кога облакот се расчистил на 23 август, биле откриени само четворица преживеани, кои се разбудиле по 36 часа.rnrnОна што довело до катастрофата е фактот што во езерото низ вековите се акумулирал јаглерод диоксид, а потоа стигнал до површината, што предизвикало експлозија, односно ерупција. За ова придонеле и обилните дождови предизвикани од лизгање на земјиштето во областа непосредно пред оваа катастрофа.rnrnВо меѓувреме во ова езеро се поставени цевки за извлекување на јаглерод диоксид од неговото дно, но се стравува дека сè уште постои опасност од природна катастрофа бидејќи се верува дека природниот ѕид на ова езеро постојано слабее.rnrnСе верува дека само еден земјотрес би можел да го уништи некогашниот кратер на вулканот, сегашното дно на езерото, а испуштањето на смртоносниот гас повторно може да ги загрози животите на околу 5 илјади луѓе.rnrnОткако прочитавте за најсмртоносното езеро, можеби ќе сакате да прочитате и за 12-те неверојатни мистериозни нешта пронајдени на Земјата.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Каде се наоѓа најсмртоносното езеро во светот?
