КАФЕ ПАУЗА

Во Африка ќе се гради ултрамодерен зелен град!

Во Африка ќе се гради ултрамодерен зелен град!

Најголемиот одржлив град во Африка без автомобили и отпад, вреден повеќе од 20 милијарди евра, треба да почне да се гради до 2025 година на југот на континентот. Градот со 150.000 жители, наречен The Parks, треба да биде целосно самоодржлив, односно да ја произведува целата своја енергија, вода и храна.rnrnВо Африка ќе се гради ултрамодерен зелен град! rnrnИнвеститорот URB изјави дека The Parks ќе им обезбеди на жителите највисок светски стандард за одржливо живеење на површина од 17 квадратни километри во источниот регион на Јужноафриканската република каде ќе можат да се сместат 40 илјади домови во 12 станбени квартови.rnrnОвде повеќето работни места се очекува да бидат поврзани со зелената технологија. За сè да биде на највисоко ниво, при планирањето, изградбата и функционирањето на градот ќе се отворат 40.000 работни места.rn

„Пејзажот е дизајниран со цел да поттикне на социјална одржливост и активен животен стил. Некои од овие карактеристики вклучуваат фитнес, спортски терени на отворено, патеки за џогирање и велосипедизам, јавен уметнички простор и концерти на отворено“, рече извршниот директор на URB, Baharash Bagherian, кој досега дизајнирал неколку одржливи градови, вклучувајќи ги Xzero, AlNama и Nexgen.

rnСо повеќе од 32 километри патеки за џогирање, велосипедизам и јавање, градот ќе ги обезбеди и најбезбедните начини на активен транспорт. Опкружен со природен резерват, еколошко одморалиште со пет ѕвезди и еко-колиби, овој град би можел да стане и привлечно место за туристите.rnrnОткако прочитавте за најновите урбанистички достигнувања во Африка, можеби ќе сакате да прочитате и за изградбата на скијачки центар во пустина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr