Има ли некој кој не би посакал летен одмор на Хаваи? Но, дали знаевте дека овде се наоѓа една од најопасните плажи на светот?rnrn
rnrnСе работи за плажата Ханакапиаи која се наоѓа во прекрасниот парк На Пали. Рајската песочна плажа изгледа особено привлечна во лето, но на туристите не им се препорачува да пливаат овде. Зошто? Бидејќи е една од најопасните плажи во светот.rnrnТоа се должи на дивите морски струи, особено во текот на зимата кога надоаѓаат огромни бранови и го „проголтуваат“ целиот брег. Освен тоа, најблиската безбедна крајбрежна област е оддалечена речиси 10 километри така што шансите за преживување на секој кој ќе биде однесен од морските струи се многу мали.rnrnНајмалку 15 жртви кои се удавиле на ова место не се пронајдени, а статистиката вели дека секоја година овде животот го губат околу десетина луѓе. Се претпоставува дека над 80 луѓе се удавиле почнувајќи од 2014 година. Дури и локацијата на самата плажа е исто толку опасна колку што е и примамлива.rnrnСепак, тоа не ги спречува туристите да уживаат овде, особено за време на летниот одмор кога плажата се претвора во одлична локација за пикник, па дури и за капење. Плажата се наоѓа недалеку од патеката Калалау, една од најпознатите планинарски пешачки патеки на Хаваите. Долга е 18 километри и ја поврзува плажата со долината Калалау. Се смета за една од најубавите патеки не само на Хаваите туку и на целото подрачје на САД.rnrnОткако прочитавте за плажата Ханакапиаи, можеби ќе сакате да го прочитате нашиот список на најопасните плажи во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Една од најопасните плажи во светот: Илјадници туристи и покрај црната статистика
