КАФЕ ПАУЗА

Која била првата личност која открила комета со помош на телескоп?

Која била првата личност која открила комета со помош на телескоп?

Покрај тоа што таа била првата личност која открила комета со помош на телескоп, таа била и првата жена која работела како професионален астроном во САД…rnrnКоја била првата личност која открила комета со помош на телескоп?rnrnВо 19 век жителите на Нантакет, Масачусетс, биле познати по нивните телескопи насочени кон морето во исчекување на локалните риболовци и китоловци. Сепак, Марија Мичел го користела својот телескоп да ги набљудува ѕвездите.rnrnДодека растела, таа му помагала на нејзиниот татко, аматер во астрономијата, да прави сложени навигациски пресметки за капетаните на бродовите, да го одреди времето на затемнувањето на Месечината и Сонцето, како и да го сними движењето на небесните тела.rnrnТака, во 22:30 часот на 1 октомври во 1847 година, 29-годишната Марија била на покривот од нејзината куќа каде што нејзиниот татко изградил опсерваторија. Таа открила нешто што го немало на нејзините астрономски карти: комета.rnrnШеснаесет години претходно, данскиот крал Фредерик VI понудил златен медал за првиот човек кој ќе открие комета преку телескоп. Наградата ѝ припаднала на Мичел. Благодарение на нејзиното откритие таа постанала првата жена професионален астроном во САД. По една година, таа била избрана за првата жена член на Американската академија за уметност и наука.rnrnОвие достигнувања ѝ помогнале на Мичел јавно да се залага за учество на жените во науката, за укинување на ропството и за правото на глас на жените.rnrnКометата 1847-VI, која таа ја открила, станала позната како комета на Мис Мичел. Освен тоа, еден од кратерите на Месечината е именуван по неа. Една година пред нејзината смрт, во 1888 година, нејзиниот брат океанограф, Хенри Мичел, бил дел од групата научници кои го основале Националното географско друштво.rnrnОткако прочитавте нешто повеќе за првата жена професионален астроном во САД, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 пречки треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs