КАФЕ ПАУЗА

Category: Музика

  • Ова се 20-те најдобри видеоспотови за оваа година што се излезени досега

    Ова се 20-те најдобри видеоспотови за оваа година што се излезени досега

    Во 2019-та година, веќе добивме одлична музика и интересни видеа.rnrnОва се 20-те најдобри видеоспотови за оваа година што се излезени досегаrnrnМагазинот „Билборд“ ја состави листата на 20 најдобри видеоспотови за оваа година коишто се досега излезени и таа изгледа вака:rn rn

    1. Аријана Гранде – 7 Rings

    rnhttps://youtu.be/QYh6mYIJG2Yrn rn

    2. Ешли Оу – On a Roll

    rnhttps://youtu.be/BTsW30Ur0sgrn rn

    3. Бед Бани – Caro

    rnhttps://youtu.be/bg64AFnRnkcrn rn

    4. Били Ајлиш – Burry a Friend

    rnhttps://youtu.be/HUHC9tYz8ikrn rn

    5. БТС и Халси – Boy With Luv

    rnhttps://youtu.be/XsX3ATc3FbArn rn

    6. Дабејби – Suge

    rnhttps://youtu.be/KvuQNNVrbtMrn rn

    7. ФКА Твигс – Cellephane

    rnhttps://youtu.be/YkLjqFpBh84rn rn

    8. Џонас Брадрс – Sucker

    rnhttps://youtu.be/CnAmeh0-E-Urn rn

    9. Кејси Масгрејвс – Rainbow

    rnhttps://youtu.be/6OFv566mj7srn rn

    10. Килерс – Land of the Free

    rnhttps://youtu.be/OIT0ucf_gysrn rn

    11. Лорен Јореги – More Than That

    rnhttps://youtu.be/uDb3RKqwTokrn rn

    12. Лил Наз Екс и Били Реј Сајрус – Old Town Road

    rnhttps://youtu.be/w2Ov5jzm3j8rn rn

    13. Мадона – Dark Ballet

    rnhttps://youtu.be/6Uagw4zser8rn rn

    14. Меган Сталион – Big Ole Freak

    rnhttps://youtu.be/oBYf6gpVvRArn rn

    15. Пост Малоне – Wow

    rnhttps://youtu.be/393C3pr2ioYrn rn

    16. Шура – Religion

    rnhttps://youtu.be/HHI_WpVLT1grn rn

    17. Тејлор Свифт – You Need to Calm Down

    rnhttps://youtu.be/Dkk9gvTmCXYrn rn

    18. Тиера Вак – Unemployed

    rnhttps://youtu.be/9T51n3tvZ3Mrn rn

    19. Тове Ло – Glad He’s Gone

    rnhttps://youtu.be/qanl1s7K2Kcrn rn

    20. Тајлер, Креатор – EARFQUAKE

    rnhttps://youtu.be/HmAsUQEFYGIrn

    Автор: Антонина Велјановска

  • Музика која ќе ве релаксира: Нејзината мелодија ќе ве одведе на магично место

    Музика која ќе ве релаксира: Нејзината мелодија ќе ве одведе на магично место

    Со звукот на морските бранови можете да се опуштите, да вежбате јога, да читате книга и да медитирате. Без оглед на тоа дали сте на плажа или користите снимени звуци од морето, вие ќе се релаксирате речиси подеднакво.rnrnrnrnСпоред една теорија, човечкиот вид еволуирал во околината во која имало многу савани и извори на свежа вода. Со тоа длабоко во нашите мозоци е „всадена“ љубовта кон водата, и затоа го сакаме (и имаме потреба од) нејзиниот звук.rnrnДруга теорија говори за тоа дека звукот на водата која тече нè потсетува на нашиот престој внатре во матката. Имено, звукот кој неродените бебиња го чувствуваат во мајчиниот стомак заедно со чукањето на нејзиното срце, е шум што го создава крвта додека тече низ вените.rnrnКако и да е, факт е дека звукот на дождот и другите природни води содржат алфа бранови кои прават човечкиот мозок да се чувствува опуштен, како во медитативна состојба. Токму затоа и решивме да го споделиме ова видео со вас и да ви помогнеме да се опуштите ова неделно попладне… Уживајте во следните звуци!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dsDTJ__jioo

  • Шон Мендес и Камила Кабелјо имаат неверојатна хемија во видеозаписот за песната „Señorita“

    Шон Мендес и Камила Кабелјо имаат неверојатна хемија во видеозаписот за песната „Señorita“

    Шон Мендес и Камила Кабелјо го објавија видеозаписот за песната „Señorita“, за која се очекува да биде еден од најголемите летни хитови.rnrnВо триминутното видео, двајцата музичари започнуваат романса, а хемијата меѓу нив е повеќе од неверојатна.rnrnШон Мендес и Камила Кабелјо имаат неверојатна хемија во видеозаписот за песната „Señorita“rnrnСензуалниот видеозапис е во режија на Дејв Мајерс, кој претходно има соработувано со бројни познати музичари како Пинк, Џенифер Лопез, Џастин Бибер, Ријана итн.rnrnОва е нивна втора соработка, по песната „I Know What You Did Last Summer“ во 2015.rnrnУживајте во видеото.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Pkh8UtuejGw

  • Документарецот Chasing Happiness открива факти за браќата Џонас кои ќе ги изненадат и најголемите фанови

    Документарецот Chasing Happiness открива факти за браќата Џонас кои ќе ги изненадат и најголемите фанови

    Познатото трио Jonas Brothers се враќа на голема врата. Покрај албумот Happiness Begins и најавата за светска турнеја, браќата ги изненадија своите обожаватели и со документарецот Chasing Happiness.rnrnКевин (31), Џо (29) и Ник (26) искрено разговараат за периодот кога беа најголеми ѕвезди меѓу тинејџерите, за одлуката нивната група да се распадне и за тоа што довело до тоа тие да се оддалечат. Во овој филм кој трае час и половина, браќата се потсетуваат на тешките моменти кои се зад нив и споделуваат детали кои не ги знаат ни нивните најголеми обожаватели.rnrnrn

    1. Нивната дружба престанала пред шест години

    rnChasing Happiness започнува со повторната средба на браќата, пропратена со коментари дека одамна не поминале квалитетно време заедно. Поточно, поминале дури шест години откако секој од нив решил да тргне по свој пат.rn

    2. Џо сакал да биде комедијант кога ќе порасне

    rnКевин, Џо и Ник низ смеа се потсетуваат на нивните желби и аспирации од детството. Интересно е тоа што Џо сакал да биде дел од комичната емисија All That и да се занимава со стенд ап комедија.rn

    3. Кевин бил малтретиран во училиште

    rnКевин вели дека благодарение на неговите досадни хобија и поради тоа што не носел скапа облека, често бил мета на задевање од страна на неговите соученици. Тоа било главната причина поради којашто почнал да посетува часови по глума, активност која станала негово прибежиште.rn

    4. Ник потпишал договор со издавачка куќа со песна за Божиќ

    rnСо оглед на тоа што доаѓаат од религиозно семејство (нивниот татко е свештеник), логично било некој од нив да ја започне кариерата со песна за Божиќ. „Joy to the World (A Christmas Prayer)“, напишана од страна на Ник и неговиот татко Кевин Сениор Џонас, стигнала во рацете на менаџерот Дејвид Меси кога Ник имал само 10 години. Во документарецот Меси вели дека тогаш забележал нешто посебно кај Ник, нешто што заслужува внимание.rn

    5. На Ник му бил дијагностициран дијабетес кога имал 13 години

    rnНивниот татко се потсетува на периодот кога се појавиле првите симптоми на дијабетес кај Ник и на тоа колку тие претставувале проблем на почетокот. За жал, тие дури морале да кријат од издавачката куќа за здравствениот проблем со којшто се соочувал Ник.rn

    6. Во Camp Rock требало да се појави само Џо

    rnПрвично, Џо ја добил главната улога во Camp Rock, еден од најпознатите филмови на Дизни. Но, по сугестија на нивниот татко, луѓето од Дизни решиле да ги вклучат и Ник и Џо во филмот. Сѐ останато е историја.rn

    7. Мајли Сајрус е првата љубов на Ник

    rnСпоред Кевин, Ник засекогаш го сменил ставот кон девојките кога ја запознал Мајли Сајрус. Иако биле тинејџери, Ник вели дека тогаш за првпат почнал да се пронаоѓа во љубовните стихови кои ги пишувале неговите постари браќа. Секако, од нив ги добивал и најдобрите совети за тоа како да се однесува во врската со Мајли.rn

    8. Кевин и Џо биле многу разочарани кога Ник решил за започне самостојна кариера

    rnАко го земеме предвид фактот дека Jonas Brothers беа најголема тинејџерска атракција пред една деценија, не нѐ чуди реакцијата на Кевин и Џо откако Ник им кажал дека сака да ја прекине оваа успешна приказна и да започне самостојна кариера. По ова следуваат години на некомуницирање и ретки средби меѓу браќата. Ник и Џо започнаа самостојни кариери, а Кевин имаше свое реално шоу на E! заедно со својата сопруга Даниел.rn

    9. Но, Ник е и оној којшто го иницирал повторното обединување

    rnПокрај сѐ, Ник е оној којшто посакал повторно да создава музика со своите браќа. За среќа, неговиот предлог наишол на зелено светло кај Кевин и Џо, па несомнено годинава Jonas Brothers повторно ќе завладеат на топ листите.rn

    10. Френки сѐ уште е нивниот најголем обожавател

    rnСе сеќавате на слаткиот Френки, нивниот најмал брат? Тој сега има 18 години и тврди дека сѐ уште ги знае сите песни на неговите постари браќа и со нетрпение ги очекува сите наредни музички успеси на Jonas Brothers.rnrnПогледнете ги Џејмс Корден, Деми Ловато и Ник Џонас со забавен караоке настап во автомобил.

  • 7-те најочекувани музички албуми за 2019 година

    7-те најочекувани музички албуми за 2019 година

    Од Мадона, до Лана и Ријана, во продолжение следува листа со најочекуваните музички албуми за 2019 година. Кога ќе ги видите артистите, воопшто нема да ве изненади зошто многумина тврдат дека оваа година ќе биде навистина плодна кога станува збор за поп музиката. Нови албуми, соработки, повторни враќања на сцената… сè е во игра!rn

    1. Аријана Гранде

    rnrnrnОткако го објави својот последен албум „Sweetener“, талентираната пејачка ги освои срцата на многумина ширум светот. Според тоа што се зборува, новиот албум на Аријана ќе биде уште подобар!rn

    2. Мајли Сајрус

    rnrnrnМајли ја заврши претходната година со хит синглот „Nothing Breaks Like a Heart“, заедно со Марк Ронсон и брзо потоа најави дека следната година ќе излезе сосема нов албум од неа. Таа открила дека новиот албум ќе биде комбинација од поп, рок и хип-хоп.rn

    3. Дуа Липа

    rnrnrnОваа пејачка веќе некое време работи на својот втор албум, а со оглед на тоа колку успех доживеа со првиот, целиот свет е во исчекување на нејзините нови песни. Иако не се знае точниот датум на издавање, не би требало многу да чекаме, бидејќи таа веќе има и наслов (што сè уште го чува во тајност).rn

    4. Зара Ларсон

    rnrnrnМистериозната шведска поп дива не открива многу за новиот албум, но тоа што досега се знае е дека темата ќе биде феминистичка и албумот ќе излезе оваа година.rn

    5. Мадона

    rnrnrnИако се чини како да беше вчера, последниот албум на Мадона, „Rebel Heart“, излезе во 2015 година. За нејзиниот нов музички албум сè уште не се знае ништо, но сепак очекувањата на целиот свет се високи! Па, секако – станува збор за Мадона!rn

    6. Ријана

    rnrnrnНовиот албум на Ријана е најавен за во ноември и самата пејачка го потврди тоа на нејзиниот Инстаграм профил.rn

    7. Лана Дел Реј

    rnrnrnИ Лана Дел Реј планира да го издаде нејзиниот нов музички албум при крајот на 2019 година, а неговиот наслов ќе биде „Norman F_____ Rockwell“. Тоа што е најинтересно е што пејачката изјави дека овој албум има влијание од Red Hot Chili Peppers.

  • Неверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Wham!

    Неверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Wham!

    Поминаа две години од смртта на Џорџ Мајкл, но едно од неговите најпознати дела никогаш не е заборавено во овој период од годината. „Last Christmas“ е објавена во 1994-та година, токму пред распадот на Wham и во периодот кога Мајкл размислувал за соло кариера. И во приватниот и во професионалниот живот тој се наоѓал на раскрсница. Јавноста не знаела за неговата хомосексуалност, па тој бил присилен да живее двоен живот, што всушност е и темата на познатата песна.rnrnНеверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од WhamrnrnТој не ја споделил вистината за неговата сексуална ориентација уште 14 години. Тогаш 21-годишниот Мајкл ја напишал и ја снимил „Last Christmas“ речиси целосно сам. Дури инсистирал самиот да ги свири сите инструменти, иако тоа не му била силна страна. Ги имате слушнато ѕвончињата во песната? Тој ги свири и нив.rnrnМузичкиот инженер на Мајкл, Крис Портер, бил еден од малкуте кои имале дозвола да ја снимаат песната во студиото. Во 2017-та година тој изјавил дека процесот траел многу подолго од вообичаено бидејќи музичарот речиси и да не знаел да свири клавијатури, но сепак инсистирал да учествува во секој елемент од песната.rnrnНеверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од Whamrn

    „Џорџ не беше музичар. Тој немаше вежбано на инструменти воопшто. Тоа беше напорен процес бидејќи буквално ја свиреше клавијатурата со два или три прста.“

    rnПесната била напишана од Мајкл во неговата соба од детството, додека неговиот партнер од бендот, Ендру Ридгелеј, седел на долниот кат и гледал телевизија.rn

    „Една од паметните нешта за Џорџ беше тоа што тој сфати дека сака фоксуот на слушателите да биде на неговиот глас, а не на музиката. Во Last Christmas има многу едноставна основа за вокалите и мелодијата.“

    rnОд нејзиното објавување, песната се продала во над 2 милиони копии и била препеана безброј пати. „Last Christmas“ била третата најслушана божиќна песна во Англија помеѓу 2012-та и 2016-та година. Била во првите 3 секоја од последните три години.rnrnСамата песна продолжува да заработува, и тоа околу 460.000 евра секоја година. Според некои пресметки, само оваа година заработила околу 390.000 евра.rnrnНеверојатната приказна што се крие зад песната „Last Christmas“ од WhamrnrnМајкл завршил и на суд поради песната. Бери Манилоу сметал дека е премногу слична со „Can’t Smile Without You“ објавена во 1978-ма година. Случајот бил отфрлен кога се открило дека акордите и мелодијата се речиси сеприсутни во светот на поп музиката.rnrnСепак, песната никогаш не го освоила првото место и останува најпродаваната песна која никогаш не се тргнала од топ листите. Сето ова е благодарение на Мајкл, барем во 1984-та година.rnrnОткако завршил со празничната песна, Мајкл се упатил кон Sarm West Studios во Лондон каде што ја снимил „Do They Know It’s Christmas“ заедно со имиња како Боно и Стинг.rnrnПесната била објавена на 3-ти декември и на Божиќ го заземала второто место на топ листите. Минатиот Божиќ, Ридгелеј се обидел да ја донесе песната до прво место, но не успеал поради Ед Ширан. Ридгелеј раскажал како Мајкл прв пат му кажал за песната и тоа на скалите во домот на неговите родители.rn

    „Толку беше возбуден, беше како да открил злато, што на некој начин го имаше направено. Ми го свиреше воведот и неверојатната мелодија на рефренот на Last Christmas. Тоа беше момент за чудење.“

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=E8gmARGvPlIrnrnДве години по неговата смрт, Џорџ Мајкл сè уште прави разлика и позитивна промена, а неговата песна секогаш ќе остане дел од неверојатното наследство.rnrnДоколку ви е потребна инспирација за новогодишната музичка плејлиста, погледнете што слушаат македонските музичари за време на празниците.

  • 25-те најдобри композитори во историјата

    25-те најдобри композитори во историјата

    Дали некогаш сте се запрашале кои се најдобрите композитори во историјата? Доколку не постои музиката, најверојатно животот би бил многу поздодевен. Начинот на којшто музиката влијае на емоциите, расположението и креативноста, ја прави навистина моќен и интимен медиум. Секој може да се идентификува со музиката и преку неа чувствуваме поврзаност со композиторот што ја напишал. Иако секој преферира различен стил и музички жанр, постојат некои дела кои ги надминуваат сите. Во продолжение погледнете ги композиторите кои стојат зад овие дела.rnrn25-те најдобри композитори во историјатаrn

    1. Лудвиг ван Бетовен

    rnБетовен е најпознат по тоа што го изгубил неговиот слух. Наводно, не можел секогаш да го слушне она што го свирел. По 1819-та година сите кои разговарале со него морале да му пишуваат.rn

    2. Антонио Вивалди

    rnКако Моцарт, така и Вивалди умрел во сиромаштија и бил закопан во необележен гроб. И двајцата композитори се слични по тоа што постигнале нешто големо со нивните дела, но не успеале да постигнат финансиска сигурност.rn

    3. Арон Копленд

    rnАрон имал препознатлив американски стил, па поради ова бил познат како „деканот на американските композитори“.rn

    4. Франц Јозеф Хајдн

    rnАвстрискиот композитор направил многу за класичната музика во негово време. Напишал 106 композиции и фрлил долга сенка врз другите композитори. Еден од неговите најпознати ученици бил Бетовен.rn

    5. Петар Илич Чајковски

    rnРускиот композитор напишал некои од најпопуларните дела, вклучувајќи го и „Лебедово езеро“. Интересно е што навистина се нервирал додека ја пишувал „Оревокршачка“ и ја мразел – а таа стана едно од неговите најпознати дела.rnrn25-те најдобри композитори во историјатаrn

    6. Карл Нилсен

    rnБез сомнение, ова е најпознатиот композитор од Данска кој не се прославил интернационално. Пораснал во големо сиромашно семејство во 19-тиот век и уште од мал покажувал талент за музика. Во неговите композиции одел против неговото потекло и додавал странски елементи во музиката.rn

    7. Густав Малер

    rnАвстрискиот композитор напишал само 10 целосни симфонии, сите фокусирани на смртта и задгробниот живот. Неговите дела биле игнорирани цели 50 години по неговата смрт, но со текот на времето почнало да се цени неговото влијание врз класичната музика од 20-тиот век.rn

    8. Јоханес Брамс

    rnГерманскиот композитор роден во раниот 19-ти век, станал еден од најдобрите музичари на сите времиња. Напишал 4 симфонии кои се едни од најсниманите репертоари на сите времиња.rn

    9. Франц Лист

    rnПознатиот унгарски пијанист кој живеел во периодот на романтизмот бил навистина оригинален. До неговата смрт напишал 700 композиции.rn

    10. Модест Мусоргски

    rnРускиот композитор ја „измислил“ руската музика во неговото време. Најпознатото негово дело е „Ноќ на пустата планина“ кое е третата најснимана композиција за оркестар во историјата.rnrn25-те најдобри композитори во историјатаrn

    11. Фредерик Шопен

    rnКако пијанист, Шопен бил еден од најдобрите уметници во неговата епоха. Спротивно на ова, навистина мразел јавни настапи и била вистинска реткост да се појави.rn

    12. Леонард Бернштајн

    rnАмериканскиот композитор кој живеел во 20-тиот век патувал низ светот како диригент. Во неговите дела вклопувал џез, класични, порторикански и романтични елементи и бил вистински иноватор во неговото време.rn

    13. Франц Шуберт

    rnАвстрискиот композитор се смета како последен од класичните и прв од композиторите од романтизмот. Бил познат по мелодијата и хармонијата во неговите дела.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најдобрите новогодишни и божиќни песни на сите времиња

    Најдобрите новогодишни и божиќни песни на сите времиња

    Празниците се приближуваат, а со тоа и музиката на радијата целосно се менува. Сигурни сме дека како и сите други, така и вие имате омилена новогодишна и божиќна песна што ви го одбележува овој период. Па така, некои не можат да ги замислат овие празници без Wham! и нивната „Last Christmas“, додека пак други постојано си потпевнуваат песни од Мараја Кери.rnrnrnrnСо други зборови, новогодишните и божиќните песни се без сомнение најголемите класици на музичката сцена и никогаш нема да ни здодеат. Но, кои од нив се најдобрите на сите времиња? Погледнете ја следнава листа и подгответе се да го впиете новогодишниот и божиќниот дух.rn

    1. Fairytale of New York – Pogues and Kirsty MacColl

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=j9jbdgZidu8rnrn

    2. All I Want For Christmas Is You – Mariah Carey

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yXQViqx6GMYrnrn

    3. Last Christmas – Wham!

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=E8gmARGvPlIrnrn

    4. Do They Know It’s Christmas – Band Aid

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-w7jyVHocTkrnrn

    5. Driving Home For Christmas – Chris Rea

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=EvDxSW8mzvUrnrn

    6. Happy Xmas (War is Over) – John Lennon and Yoko Ono

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yN4Uu0OlmTgrnrn

    7. Step Into Christmas – Elton John

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=IbRtGMm96F8rnrn

    8. Wonderful Christmastime – Paul McCartney

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=V9BZDpni56Yrnrn

    9. Merry Xmas Everybody – Slade

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BpfHSqLXePIrnrn

    10. I Wish It Could Be Christmas Everyday – Wizzard

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=IJPc7esgvsArnrn

    11. Stay Another Day – East 17

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-wNhdjoF-6Mrnrn

    12. Merry Christmas Everyone – Shakin’ Stevens

    rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZeyHl1tQeaQ

  • 25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

    25-те најпродавани музички артисти на сите времиња

    Од примитивните и неточни топ листи од 30-тите и 40-тите, до модерната ера на Јутјуб и дигитална продажба, критериумите за комерцијалниот успех навистина се променети. Ова значи дека може да биде тешко да се спореди успехот на артистите од минатото со успехот на денешните артисти. Сепак, постојат некои официјални извори за бројот на продадени албуми на артистите, па погледнете кои се 25-те најпродавани изведувачи на сите времиња.rnrn25-те најпродавани музички артисти на сите времињаrn

    1. Род Стјуарт: 76 милиони

    rnСо 6 последователни број еден албуми, 6 број еден синглови во Велика Британија и 16 топ 10 синглови во САД, Род Стјуарт е еден од најуспешните британски соло артисти на сите времиња.rn

    2. Бритни Спирс: 80 милиони

    rnБритни е една од најголемите ѕвезди тинејџери, а нејзиниот успех во текот на 90-тите и раните 2000-ти може да се спореди со оној на Мадона и Мајкл Џексон. Официјално, Бритни има продадено околу 80 милиони албуми и синглови.rn

    3. Фил Колинс: Над 80 милиони

    rnФил Колин има разнобојна музичка кариера во која добил и ѕвезда на Холивудскиот булевар на славните. Иако се проценува дека ширум светот има продадено над 150 милиони копии, официјалните броеви покажуваат малку над 85 милиони продажби.rn

    4. Metallica: 90 милиони

    rnОд истоимениот албум на Metallica од 1991-ва година биле продадени 16 милиони копии во САД во текот на изминативе 30 години. Ова е еден од комерцијално најуспешните бендови на сите времиња, кои само во САД продале над 55 милиони албуми.rn

    5. Aerosmith: Над 90 милиони

    rnAerosmith е еден од бендовите кои најдолго се на сцена – речиси 45 години. Тие тврдат дека ова е најпродаваниот рок бенд од Америка, со над 150 милиони продадени копии ширум светот. Иако не може да се одреди точниот број на продадени копии, реално не надминува 95 милиони.rnrn25-те најпродавани музички артисти на сите времињаrn

    6. Барбара Стрејсенд: 97 милиони

    rnТаа е една од малкуте артисти кои имаат добиено Оскар, Еми, Греми и Тони награда. Иако нејзиниот успех не бил толку добар во странство колку во САД, таа сепак продала околу 97 милиони копии.rn

    7. Брус Спрингстин: 100 милиони

    rnБрус отсекогаш бил вреден човек кој постигнал многу со неговата музика вклучувајќи 20 Греми награди, 2 Златни глобуси и Оскар. Со неговиот последен албум „High Hopes“, Брус продал 100 милиони копии ширум светот.rn

    8. Били Џоел: Над 100 милиони

    rnИако не им е многу познат на милениумците, Били Џоел е третиот најпродаван артист од САД. Неговиот албум „Greatest Hits Vol. 1&2“ е третиот најпродаван албум на сите времиња во САД. Били има продадено над 100 милиони копии од неговите албуми.rn

    9. The Rolling Stones: Над 100 милиони

    rnЕден од најиздржливите бендови во историјата нема продадено толку многу албуми колку што можеби мислите. Иако се проценува дека се продадени над 200 милиони копии од нивните албуми, реалната бројка е половина од тоа. Сепак, 6 од 20-те најпосетени концерти во светот му припаѓаат на овој безвремен бенд.rn

    10. U2: 105 милиони

    rnОвој бенд започнал како мала бунтовна музичка изведба во Ирска, но успеал да го освои целиот свет. Во текот на кариерата, имаат освоено 22 Греми награди, повеќе од кој било друг бенд. Покрај тоа нивната тура „U2 360º“ e една од најпосетените со 7,2 милиони продадени влезници.rnrn25-те најпродавани музички артисти на сите времињаrn

    11. Queen: Над 105 милиони

    rnСо 18 број еден албуми и 18 број еден синглови во САД, Велика Британија и Европа, Queen си го обезбедиле нивното место во музичката историја. Од нивниот албум од 1981-ва година, „Greatest Hits“, се продадени 6 милиони копии, што го прави најпродаваниот во Велика Британија.rn

    12. AC/DC: 110 милиони

    rnСе проценува дека овој бенд има продадено над 200 милиони копии ширум светот. Иако официјалните броеви покажуваат дека продале 110 милиони копии, речиси сигурно се повеќе.rn

    13. Витни Хјустон: 112 милиони

    rnВитни собори неколку рекорди во текот на нејзината кратка, но неверојатна кариера. Со над 112 милиони продадени албуми, бројни награди и пофалници, неверојатното наследство на Витни секогаш ќе биде нејзиниот глас.rn

    14. Еминем: 115 милиони

    rnЕминем е најпродаваниот хип-хоп артист на сите времиња и најпродаваниот артист во 2000-тите со вкупно 45 милиони продадени албуми, и тоа само во САД. Ширум светот Еминем има продадено над 115 милиони копии.rn

    15. Рink Floyd: Над 115 милиони

    rnИ покрај неоспорниот комерцијален успех, славата и наследството на бендот им се припишуваат на нивните филозофски текстови, експериментите со звукот и неверојатните концерти.rnrn25-те најпродавани музички артисти на сите времињаrn

    16. Селин Дион: 125 милиони

    rnСелин Дион е единствениот женски изведувач кој има два синглови продадени над милион пати. Без сомнение Селин останува една од најпродаваните женски музички изведувачи, со над 125 милиони копии продадени ширум светот.rn

    17. Мараја Кери: 130 милиони

    rnМараја била најпродаван артист во 1990-тите, имала 18 број еден синглови во САД, и како ова да не е доволно, нејзиниот глас има распон од дури пет октави.rn

    18. Eagles: Над 130 милиони

    rnИ покрај тврдењата на Aerоsmith, ова е најпродаваниот американски бенд со над 130 милиони продадени албуми.rn

    19. Led Zeppelin: 140 милиони

    rnСпоред разни извори, се смета дека бендот продал помеѓу 200 и 300 милиони албуми и синглови. Официјалниот број е 111,5 милиони и тие се вториот најпродаван бенд во САД и еден од комерцијално најуспешните бендови.rn

    20. Гарт Брукс: 145 милиони

    rnСтатистички, Гарт е најпродаваниот музички артист во историјата на САД, а трет во целиот свет. Шест од неговите албуми биле продадени во над 10 милиони копии. Без сомнение, Гарт е кралот на кантри музиката.rnrn25-те најпродавани музички артисти на сите времињаrn

    21. Елтон Џон: 162 милиони

    rnВерзијата од 1997-ма година на „Candle in the Wind“ која Џон ја напишал одново во чест на принцезата Дијана, се продала во над 33 милиони копии. Па, се смета дека ова е најпродаваниот сингл на сите времиња.rn

    22. Мадона: 166 милиони

    rnНејзината продуцентска куќа тврди дека Мадона има продадено над 300 милиони копии. Исто така таа е најпродаваниот женски музички изведувач според Гинисовата книга на рекорди. Официјалните броеви кажуваат дека има продадено околу 166 милиони копии ширум светот.rn

    23. Мајкл Џексон: 175 милиони

    rnБез сомнение Кралот на попот срушил неколку рекорди во текот на неговата кариера. Тој го има најпродаваниот албум на сите времиња, најпродаваното музичко видео и има добиено повеќе музички награди од кој било изведувач во светот. Иако тој тврдел дека имал продадено 700 милиони копии, се проценува дека реалниот број е околу 175 милиони.rn

    24. Елвис Присли: 210 милиони

    rnОва е единствениот соло артист кој ја надминал границата од 200 милиони. Уште поинтересно е што продажбата на неговата музика не била следена пред 1958-ма година, што значи дека не се вклучени годините кога бил најуспешен.rn

    25. The Beatles: 265 милиони

    rnОвој бенд го држи речиси секој музички рекорд – тие имаат најмногу број еден албуми во САД, најмногу број еден синглови во САД, најмногу број еден албуми во Велика Британија и имаат продадено повеќе синглови овде од кој било друг изведувач. Тие се најпродаваните изведувачи во историјата на музиката. Можеби наскоро ќе ја надминат границата од 300 милиони ако нивните албуми продолжат да се продаваат како досега.rnrnДознајте нешто повеќе за најконтроверзните музички албуми на сите времиња.

  • Најдобрите 5 нови песни што веднаш треба да ги чуете

    Најдобрите 5 нови песни што веднаш треба да ги чуете

    Како што поминува времето, така сме изложени на сè поразновидна музика и станува навистина лесно да пропуштите добра песна. Освен ако таа не е хит на радио, не се наоѓа на врвот на вашите плејлиста или случајно не го видите нејзиниот видео спот на телевизија, постојат големи шанси воопшто да не ја забележите. Но, не грижете се. Ние сме тука за да ви помогнеме да останете во тек! Во продолжение ќе чуете 5 нови песни што навистина вредат да се знаат.rn

    1. „Party for One“ – Carly Rae Jepsen

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=U0ih3FriG1krnrnНајновата песна од канадската поп ѕвезда Карли Реј Џепсен ќе ве потсети на нејзиниот хит „Call Me Maybe“ од 2012 година и ќе ве натера повторно да се заљубите во неа. Оваа песна е одлична ако сакате да се расположите, или едноставно да уживате во слободното време.rn

    2. „Fail Safe“ – William Tyler

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=br4BRG_RXO0rnrnГитаристот Вилијам Тајлер свири на неговиот инструмент исто како да следи пријателско куче по долг пат. Самата песна ви дава чувство на еден вид сигурност, поради што без сомнение ќе сакате повторно и повторно да ја слушате.rn

    3. „Death in Midsummer“ – Deerhunter

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zG2TgCuMcjMrnrnПознатиот бенд помина низ многу во последниве години, но добро е да се види дека тој се враќа повторно на врвот со одлична песна. Овие музичари имаат дарба да гледаат во очајот и да најдат светлина во темнината.rn

    4. „10 Freaky Girls“ – Metro Boomin’ feat. 21 Savage

    rnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=48LvZVrlY9ArnrnОдлична песна што ќе ви предизвика чувство на 80-тите. Исто така, очекувајте збир од чудни комбинации во самата песна, којшто целосно ќе ве освојат. Всушност, постојат големи шанси оваа песна толку да ви се допадне, што нема да можете да престанете да ја слушате.rn

    5. „The Big Unknown“ – Sade

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=H4H9T3iFfWgrnrnПо повеќегодишната пауза, Шаде се врати на музичката сцена со акустичната балада „Flower of the Universe“. Нејзината најнова песна, „The Big Unknown“, ќе ви пробуди силни емоции и без сомнение ќе ве натера на сериозно размислување.