КАФЕ ПАУЗА

Која е најсреќната песна на светот?

Која е најсреќната песна на светот?

Written by

in

Музиката навистина го придвижува светот. Без разлика дали станува збор за весела песна што ви го разубавува денот, тажна мелодија што ви помага во тешките моменти или некоја љубовна песна посветена на саканата личност, музиката е важен дел од нашите животи. Па, која песна е најсреќна според науката?rnrnКоја е најсреќната песна на светот?rn

Најсреќната песна во светот

rnЕдно истражување открило дека песната „Don’t Stop Me Now“ од Queen е најсреќна во светот. Но откако се направиле неколку промени во формулата за одредување на најсреќната песна, хитот на Queen се нашол на второто место. Според истражувачот Џејкоб Џолиџ, кој ја смислил формулата, најсреќна песна е „Mr. Blue Sky“ од Electric Light Orchestra.rn

Како е одредено која е најсреќна песна?

rnСигурно се прашувате што ја прави една песна среќна. Проучувајќи 126 песни од период од 50 години, Џејкоб успеал да ја создаде неговата формула. Додека ја изведувал формулата, Џејкоб направил и анкета во која учествувале 2.000 луѓе кои кажале кои песни ги прават најсреќни.rnrnСпоред неговото истражување, обично сакаме песни со поразлично темпо од она на поп песните, песни кои се во дурска скала и се малку покомплексни од песните со само 3 акорди.rnrnКога ќе се земе ова предвид, среќните песни се со темпо од 150 удари во минута, додека поп песните имаат темпо од 118 удари во минута. На пример „Don’t Stop Me Now“ има темпо од 156 удари во минута и е во скалата Еф-дур, што ја прави навистина среќна.rnrnЏејкоб дополнително ја доработил формулата и вклучил систем со кој оценува колку е среќна една песна на скала од 1 до 100. Џејкоб исто така изјавил дека она што се смета за среќна песна во Ливерпул, може да биде поразлично од она што се смета за среќна песна во Џакарта.rn

Претходно истражување

rnЏејкоб го засновал неговото истражување на претходно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Мисури. По 2-неделното истражување, научниците откриле која музика им го подобрува расположението на луѓето.rnrnЏејкоб бил оној кој го вметнал темпото на песната во формулата. Исто така тој открил дека скалата во која е напишана песната е важен фактор. Дополнително, Џејкоб открил дека песните што прават да се чувствуваме најдобро имаат текстови кои се фокусираат на позитивни теми.rn

Други песни на листата

rnВеќе спомнавме дека првото место ѝ припаѓа на „Mr. Blue Sky“ а второто на „Don’t’ Stop Me Now“. На трето место се наоѓа хитот „Good Vibrations“ од Beach Boys. Во првите 10 на листата се нашле и следниве песни:rnrn4. „The Riddle“ – Ник Кершоrnrn5. „I’m a Believer“ – Monkeesrnrn6. „I’ll Be There for You“ – The Rembrandtsrnrn7. „Pamela“ – Тотоrnrn8. „Mambo No. 5“ – Лу Бегаrnrn9. „Our House“ – Madnessrnrn10. „Wake Me Up Before You Go Go“ – Whamrn

Формулата за најсреќна песна

rnСпоред Џејкоб, ова е формулата со која можете да ја одредите најсреќната песна:rnrn60 + (0,00165 х темпо – 120)² + (4,376 х дур) + 0,78 х број на акорди – (дур х број на акорди)rnrnВо меѓувреме, слушнете ја и најсреќната песна на планетата и расположете се…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aQUlA8Hcv4s&feature=youtu.bernrnДали ја имате слушнато песната која го намалува стресот за 65%?