КАФЕ ПАУЗА

Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

Уживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина

Written by

in

Дали некогаш сте биле на прошетка низ природа и сте подзастанале на момент, за да уживате во звуците на природата? Звукот на ветерот, дождовните капки коишто капат по листовите и црцорењето на птиците во комбинација, секогаш успеваат да создадат неверојатно мелодичен природен оркестар.rnrnУживајте во звукот на овој џиновски ксилофон што го свири Бах во јапонска градина rnrnНа Јапонците, изгледа природата сама по себе не им била доволно инспиративна, па во 2011 година, Морихиро Харано и неговиот тим направиле соработка со столарот Мицуо Цуда и инженерот Кензиро Мацо, за да направат огромен ксилофон, издигнат низ шумските дрвја.rnrnТие го направиле ксилофонот во една долга линија и поставиле мало гумено топче на нејзиниот почеток. Потоа, му дозволиле слободно да паѓа надолу и да формира музика, удирајќи по ксилофонот распослан низ волшебниот пејзаж.rnrnКако што ксилофонот ги одѕвонува нотите, можеби ќе ја забележите мелодијата којашто тој ја свири – познатата Кантана 147 на Јохан Себастијан Бах, со темпо и инструментал до перфекција.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=184&v=C_CDLBTJD4Mrnrn„Дрвната“ симфонија се пробива низ природната тишина на шумата. Интересно е тоа што во изработката на овој проект, немало баш многу простор за правење грешки, бидејќи само една грешно поставена нота, можела да ја наруши целата изведба.rnrnЗа изненадување е фактот што истиот ден кога било снимено ова видео, ѕверски земјотрес ја погодил Јапонија. После овој немил настан, мелодијата од ксилофонот имала уште посмирувачки ефект врз целиот јапонски народ.rnrnДоколку ја посетите градината Даисетцу Мори-но, дел од познатите јапонски градини Хокаидо Гарден Шоу, можете да си купите ваше гумено топче од машина и да го пуштите да патува по должината на ксилофонот.rnrnПоради фактот што дрвените плочки можат да скапат, на врнежливи денови оваа градина е затворена.rnrnМоже да ве интересира и оваа волшебна ерменска музика за релаксирање.