КАФЕ ПАУЗА

Музика која ќе ве релаксира: Нејзината мелодија ќе ве одведе на магично место

Written by

in

Со звукот на морските бранови можете да се опуштите, да вежбате јога, да читате книга и да медитирате. Без оглед на тоа дали сте на плажа или користите снимени звуци од морето, вие ќе се релаксирате речиси подеднакво.rnrnrnrnСпоред една теорија, човечкиот вид еволуирал во околината во која имало многу савани и извори на свежа вода. Со тоа длабоко во нашите мозоци е „всадена“ љубовта кон водата, и затоа го сакаме (и имаме потреба од) нејзиниот звук.rnrnДруга теорија говори за тоа дека звукот на водата која тече нè потсетува на нашиот престој внатре во матката. Имено, звукот кој неродените бебиња го чувствуваат во мајчиниот стомак заедно со чукањето на нејзиното срце, е шум што го создава крвта додека тече низ вените.rnrnКако и да е, факт е дека звукот на дождот и другите природни води содржат алфа бранови кои прават човечкиот мозок да се чувствува опуштен, како во медитативна состојба. Токму затоа и решивме да го споделиме ова видео со вас и да ви помогнеме да се опуштите ова неделно попладне… Уживајте во следните звуци!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dsDTJ__jioo